Што ли се не прочитав...
Теоретски, и на Атомската мравка Аудито би одела на зејтин, ама дали ќе и се случи нешто или не, да е моја, јас не би пробувал. Ако имам пари да возам таква кола, сигурно имам да ја возам и на пропишаното од производителот гориво, и ни во кој случај не би експериментирал. Затоа, да си ги возиме возилата како што прилега, т.е. по прописите за горива.
Од друга страна, токму од таквите луѓе кои експериментираат, понекогаш произлегуваат идеи и направи, кои после преминуваат во патенти, па одат и во масовно производство.
Сепак, таа работа им ја оставам на многу похрабрите и попаметните од мене.
За олдтајмерите:
ФИАТ, а и Застава 1300/1500 не се некои ценети олдтајмери, ама секако се олдтајмери. По нашиов закон за таа работа, а и во европски рамки, се постаро од 35 години се смета како олдтајмер.
Во Македонија има закон кој вели под кои услови поединечно возило ( во случајот ФИАТ/Застава 1300) бива признато како олдтајмер.
Секако тоа нема да биде кршот кој го возат циганите и кој е некомплетен и во фаза на распад. Тоа ќе биде врвно реставрираниот примерок во кој е вложено многу време, труд и пари.
Во Македонија олдтајмер култура скоро и да не постои, но постојат поединци кои тоа ги интересира. А инаку, би бил пресреќен кога за 1300 би се ноѓале делови и во трафиките

Инаку не би го малтретирал Атомската мравка од форумов со ибеј порачки на делови за таа кола.
И, на крајот, за Волксваген да му кажам дека оддамна сум само обичен член на форумот, бидејќи од лични причини побарав да бидам тргнат од администраторско (супермодераторско) место.