Кајгана избира најдобри филмови за 2010 година!

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар филм за 2010 година?

  • Вкупно гласачи
    199
  • Гласањето е завршено на .
Иако го немам глеадно го одбрав Shutter Island само ради тоа што дел од насловот е и мојот ник. Се надевам нема многу да влијае на анкетата... :)
У реду је... :pos2:
 
Што е финтава сеа, што ако биле сите тие евреи?
 
Си прајме теории на заговор во слободно време :)

И после ако не е вистина тоа за еврејското лоби, пак ќе си најдеме некоја друга позадина зошто некој гласал на начинот на кој што гласал. Повеќе има врска со македонштината отколку со светскиот заговор..:)))))))))
 
Имаме два „еврејски“ филма во најтесен избор, тешко да промашиме оваа година :)
 
Не си слушнал за силното богато еврејско лоби :)

Зошто тогаш Портман не доби оскар кога беше прв пат номинирана, а филм на Дарен Ароновски никогаш не бил номиниран за оскар?
 
Поентата ми беше да нагласам дека сепак факт е дека во Америка еврејското лоби е многу јако :)

Хммм таа 2005 година беше кандидирана за најдобра споредна улога во филмот Closer а победи Кејт Бланшет за филмот Авијатичарот.Е сега Авијатичарот не сум го гледал па да видам како глумела Кејт али знам дека многу врева дигна овој филм така да може ради тоа победи Кејт.А и додуша во тоа време Кејт како постара и поистакната актерка имаше поголем кредибилитет од Натали така да може ради тоа.
 
Kick -Ass, филмот го оправдува името. Еден од филмовите кој ќе ве натера да го изгледате до крај, и повторно да го гледате.
 
Гарант се заебаваш друже.Што има пак да се гледа тој филм жити се да ја гледам пак таа малата со нејзините 11 години како го глуми Џејсон Борн и на сите им ја крши кичмата :) :) Мислам да бидеме реални.
 
Авијатичарот беше буткан со сила а Кејт Бланшет имала подобри улоги, не дека беше лоша.
 
Гарант се заебаваш друже.Што има пак да се гледа тој филм жити се да ја гледам пак таа малата со нејзините 11 години како го глуми Џејсон Борн и на сите им ја крши кичмата :) :) Мислам да бидеме реални.

Па да бидеме реални, не е заради девојчето толку многу, колку што го кршат супер-херојот секој пат кога ќе се појави. :pos:
 
Kick -Ass, филмот го оправдува името. Еден од филмовите кој ќе ве натера да го изгледате до крај, и повторно да го гледате.

ја сепак мислам дека филмов треба да се преименува Sucks Ass.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom