Фриленсер (Freelancer)

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Овај Skrill е ужас невиден. Се правев како што треба, побарав верификација на адреса и писмото (наводно) го пуштија 23.11., но се уште не е пристигнато. Потоа пуштив и скенирана лична карта и скенирани документи од банка, од девизната сметка и пак ништо. Пракам меилови и пак ништо. Потоа прочитав на нивната страна дека верификација е потребна ако сакаш да ти се зголеми лимитот, а бидејќи мене лимитот ми е доволен реков да пробам со 100 долари да тестирам. Еланце уредно за 2 саати ги пушти на Скрилл, и кога сакам да ги повлечам бара верификација на идентитет. Пратив пак маил и порака на нивната страна на ФБ, па се надевам ќе се среди. На нивната страна на ФБ читав многу, многу жалби и поплаки, кои ги има се повеќе во последно време, и се жалат луѓе кои го користат со години, ама проблеми се јавувувале во последниве месеци. А и некаде прочитав дека е пред банкрот. И битна информација е дека скрилл на 100 долари ќе ми земе 4,6 долари, ќе можам да повлечам само 95 долари. Да ги земем тие 100 и повеќе никогаш нема да го користам и воопшто не го препорачувам.

Да не ти бара верификација на сметката/картичката на која ги симнуваш, различно е од верификација на идентитет
Во тутунска најбрзо ја средуваат оваа работа со порака на телефонот, скрил ти повлекува од картичка а на телефонот ти стигнува точна сума, ја внесуваш и верифицирана е картичката дека е твоја.
Парите пак ти се враќаат на скрил акаунтот можеш да си ги повлечеш со другите мислам дека максимум е 150 ден 3 долари
Најголема сопка на скрил е валутата ако ти праќаат долари а си го наместила на евра зема провизија и нема начин да го смениш. Провизијата е околу 4 долари за сите суми до сега што ми ги праќаа во евра а јас имам доларски скрил.
 
Колку различни почетни нацрти ќе му испратиш да избере варијанта и колку пати му дозволуваш да бара измени на оној нацрт што ќе го избере (нацрт или каков и да е проект)
 
Може ли некој од поискусниве фриленсери да објасни како одат работите околу плаќањето и правењето на самиот проект, или поконкретно:

-за тој што ја нуди работата: како да биде сигурен дека ќе си го добие проектот направен откако платил за него?
-за тој што ја врши работата: како да биде сигурен дека ќе си ги добие парите откако го завршил проектот?

Кога работодавачот ќе плати за проектот?

Гледам дека има еден куп проекти кои што се активни, и едноставно не ми е за верување дека ова не е некако регулирано како што треба - сигурно има некој начин кој што е прифатлив и за двете страни (само јас не сум запознаен), инаку не би имало толку проекти што се активни.
 
,

ако прашуваш за freelancer.com ---- немам работено проект на тој сајт ама доста е познат и долго време функционира
Обично за таквите сајтови со проекти, тој што плаќа уплаќа на сметка на сајтот, а тој што изработува добива пари од сајтот, во меѓувреме парите се во фирмата посредник, ако не е ок проектот му се враќаат парите на нарачателот ако е ок се исплаќа оној што работел.

е сега на 99designs има натпревари што можат да бидат откажани, не е гарантирано плаќање откажува не избира ни едно решение за проектот, ама ова не е многу често

јас дежурна сум на темава прашајте што сакате :tapp:
 
Да, за freelancer.com мислев. Фала ти.

Ако веќе имаш сработено некој проект, дај ми совет кој е најдобриот начин за префрлање на парите?
Читам за skrill.com, некои го фалат некои не. Кој метод го користиш ти?
 
skrill и тутунска банка. ти идат одма на виза картичка, бесплатно од страна на тутунска и во денари
 
Па не е баш одма, се чека некои 5-6 дена додека да легнат парите од Скрил на сметка.[DOUBLEPOST=1395016196][/DOUBLEPOST]
Може ли некој од поискусниве фриленсери да објасни како одат работите околу плаќањето и правењето на самиот проект, или поконкретно:

-за тој што ја нуди работата: како да биде сигурен дека ќе си го добие проектот направен откако платил за него?
-за тој што ја врши работата: како да биде сигурен дека ќе си ги добие парите откако го завршил проектот?

Кога работодавачот ќе плати за проектот?

Гледам дека има еден куп проекти кои што се активни, и едноставно не ми е за верување дека ова не е некако регулирано како што треба - сигурно има некој начин кој што е прифатлив и за двете страни (само јас не сум запознаен), инаку не би имало толку проекти што се активни.

-за тој што ја нуди работата: Гледа кој клиент има препораки, рејтинг, колку долого е на дадениот фриленс сервис итн, итн и ако не е сигурен ти плаќа на крај. Така 100% е сигурен дека ќе го добие проектот.

-за тој што ја врши работата: Гледа на каков проект/работодавач конкурира, колку пари има потрошено работодавач, рејтинг, препораки и најважено не е од индија, кина, сингапур и други преварантски општества, исклучиво работодавачот да биде од уса, канада, австралија или ЕУ. (до сега не сум се зезнал)

Начесто работодавачот плаќа на карј кога ке биде завршена работата, но најмногу зависи како че се договорите, може кога ќе почнеш да ти уплати 50% а другите на крај.

Не треба да те чуди тоа што има многу активни проекти има могу работа, а тие проекти што се ептен стари, најчесто работите се завршени а работодавачот не го затворил проектот.
 
Последно уредено:
Па не е баш одма, се чека некои 5-6 дена додека да легнат парите од Скрил на сметка.[DOUBLEPOST=1395016196][/DOUBLEPOST]

Да,да... под одма мислев имав искуство со други банки ти стигаат на доларска во долари чекаш работен ден не се на банкомат, па ти ги даваат во денари по продажен курс, а тутунска по среден курс ги префрла во денари на картичка проверуваш на интернет дали и колку се стигнати раат си

А за фрилансер се вклучив едно време, како да се дојде до првиот проект до првите неколку оценки, кога си нов потешко се фаќа клиент... или така ми се чини?
Дајте совет за почетник таму?
 
Не е до тоа дали си нов туку дали си индиец или не, ако си индиец лесно ке земеш работа. Пред 3-4 години пробав на фриленсер бев упорен 1-2 месеци и недобив ниеден клиент. И дигнав раце oд freelance.com.:D
 
Ту бе, јас баш таму се спремав да аплицирам деновиве...

Оно пак ќе аплицирам јас, никогаш не се знае, само кога ќе слушнеш од некој ваква информација не е тоа тоа.

Дај ми некој совет барем, каде да аплицирам на друго место, да си имам некоја алтернатива?
 
Elance или oDesk
 
Fiverr е одличен за почеток. Па после натаму со повеќе искуство ќе пробаш и на други страни. Исто и австралискиот microlancer не е лош. 2 проекти имам таму сработено ;)
 
Добар е само ако имаш вишок слободно време за тепање инаку многу нема да се офајдиш во смисла на заработка на пари.
 
o_O[DOUBLEPOST=1395433565][/DOUBLEPOST]
Како се врши иплатата на Fiverr?
fiverr-cardjpg.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom