Економијата во 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви еден виц.

Влага еден тип во продавница и бара леб.
Продавачот му вика лебот е сега 50 ден.
Типот вика -У ама се поскапел...Зошто е 50 ден сега.
Правдачото објаснува.

10 денари одат за плата на буџетари
10 денари одат за пензии на ПИООМ
10 денари одат за ФЗО осигурвање на невработени, социјалци и пензионери
10 денари одат за субвенции на фармери и јавни претпијатија МТВ ЈСП итн.
а 10 денари е лебот

Ок и типов му дава 50 денар.
На што продавачот му враќа 10 денари. И му вели `жалам лебот ни се потроши`.
 
У стејт администрејшн работиш друже.. Ако е одговорот Да, биди среќен и што воопшто земаш плата,каква-таква.. да си у приватен сектор да те видам, и ја плаќам за ти да земаш плата ,па ич не сум задоволен од администрација.. Него кој ме прашува мене, и то

Не не, и јас сум у приватен сектор.Еден од "моторите" на Makeдонската економија.Ама како прегреан некако моторов ми личи.
 
Oбјасни ми економски раст 5,9% (2007) и 5.2% (2008)..од каде..
Второ.. кај се ''паметно'' потрошените пари од нашата ни приватизација..:raz:
Инфлацијата на светско ниво посебно одразена во металите... Толку од растот... повисок извоз ради повисока цена на најголемите металопреработувачки претпријатија
--- надополнето ---



У стејт администрејшн работиш друже.. Ако е одговорот Да, биди среќен и што воопшто земаш плата,каква-таква.. да си у приватен сектор да те видам, и ја плаќам за ти да земаш плата ,па ич не сум задоволен од администрација.. Него кој ме прашува мене, и то

Државнава админситрација ја пумпа цената на трудот затоа е 32% невработеноста.. Услугите се никакви, продуктивноста уште поникаква... теретот на стопанството претреан...

Нема лек дур народот не прекини да верува во држава...
 
Македонската економија ќе живнее годинава, ќе порастат инестициите. Европската унија ја чека тежок период, Шпанија, Португалија, Италија како поголеми економии се презадолжени, не е лесно да им се одобрат гигантски кредити. Целата иднина на европската унија лежи во порастот на ГДП во 2011 година. Франција, Британија и САД ја обвинуваат Германија за огромниот извоз, бидејќи на нејзина сметка цела еврозона неможат да забележат стапки на раст над 1%, Германија имаше над 3.5%, најмногу поради зголемен извоз и добивање на нови пазари на далечниот исток. Меркел вети дека 2011 ќе се зголемат платите во сите сектори за да се стимулира внатрешната протрошувачка и дека ќе се намали огромниот германски трговски суфицит. Франција и Британија ќе успеат да го зголемат номиналниот ГДП, а од друга страна нема теорија за распаѓање на еврозоната, тоа би било катастрофа, марката би била прејака за другите валути и Германија би ги загубила помалите пазари како Португалија, Унгарија чии (минати)валути би доживеале тотален колапс. На другата страна на океанот САД ќе продолжат да го држат доларот на ниско ниво, иако сите ги обвинуваат. Потпишаа договор со лудите Кинези, кои лани станаа светски најголем извозник, и годинава ја поминаа Јапонија на второ место по ГДП номинален. Невработеноста ќе паѓа во европа, Меркел очекува паѓање на германската невработеност на природната стапка во наредните 1-2 години.
 
Падот на Мубарак ја оживеа текстилната индустрија

Останати вести
Во јануари инфлација од над 3 отсто
Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот поскапува за 1,5 денар
СКМ: Врати од хартија се продавале како заштитни

Највести
ЧитаниКоментираниОценувани
Триста чуда ќе се градат на Кале
Противникот на оружјето застапник на тупаниците
Падот на Мубарак ја оживеа текстилната индустрија
Министерот за правда замина од Советот, Маневски остана
Името ќе се разгледува со Бајден и со Клинтон
СДСМ: Градот со субвенциите купи дел од автобусите

Коментари и дебати
Искра Опетческа
Ем тргнат, ем присутен
Извршителите, нотарите, вештаците, медијаторите, иако се обидуваа, сепак доцна се сетија да реагираат на намерата на Маневски да напише закони по негова мера, без притоа да се консултира со кого било од нив ...

Кирчо Арсовски
Разулавени
За овие млади луѓе што сé уште не се на списокот на даночните обврзници, социолозите и психолозите велат дека општеството не води грижа за нив. Општеството е виновно што во овој проколнат живот не се чувствуваат удобно. ...

Бошко Караџов
Стегите на бинарните политики
Нам ни е јасно дека секоја политичка позиција се појавува со копнеж за замолчување на другите „гласови“. Но таборизацијата го интензивира чувството на глувост и отрпнатост ...


Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

Домашните компании јавуваат за зголемен број нарачки од странство и бран нови вработувања во текстилниот сектор, додека пораст бележат и рударството, градежништвото, металната индустрија и производството на енергија




Календарски среде зима домашната економија доживува охрабрувачки процут. Најголемите индустриски гранки, како текстилната индустрија, градежништвото, металургијата, производството на енергија, јавуваат за зголемен обем на работа и нарачки од странство, како и бран нови вработувања. Текстилните компании од Штип веќе објавиле оглас за вработување на 400 нови работници. Шнајдерки и кројачки се бараат и во Пробиштип, Кратово, Кочани, Македонска каменица и во други градови. До пред само неколку месеци од овој сектор се отпуштаа работници. На економската пролет на текстилната индустрија и годат и политичките потреси во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток, каде што берзите бележат драматичен пад.

- Актуелната политичка ситуација во Египет, Тунис, Мароко, Алжир ги принудува странските компании да се повлекуваат од овие земји. Тие сега се обидуваат да преселат дел од своето производство.
Се повлекуваат и некои од компаниите што беа присутни во Кина. Во следниот период очекуваме зголемен обем на работа и доаѓање на извесен број компании во Македонија. Уште сега добиваме барања од нови странски компании за соработка и искористување на нашите капацитети - вели Владо Нетков, стопанственик и член на управниот одбор на кластерот за текстил.

Тој смета дека може да се јави и проблем со недостиг од работна сила, бидејќи во пикот на сезоната има потреба и од 1.000 нови работници. Освен придобивањето нови партнери, оптимизам кај текстилците влева и зголемениот број нарачки од земјите од ЕУ, како Германија, Грција, Холандија и други.

Во Државниот завод за статистика потврдуваат дека во декември 2010 година производството во главните индустриски гранки забележало пораст во однос на претходната година. Кај трајните производи за широка потрошувачка порастот е 25,7 проценти, кај енергијата за 7,6 проценти и кај капиталните производи за 24 проценти. Зголемен е бројот на работници и во секторот вадење руда и камен за 3 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода за 2,6 проценти. И од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија очекуваат засилена градежна активност и повеќе работа годинава од лани. Оптимизмот го темелат на најавените инвестиции на Владата од 300 милиони евра во сферата на градежништвото.

- Со законските измени, легализацијата на дивоградбите и забрзувањето на постапката за вадење градежни дозволи, очекуваме зголемување на извршените градежни работи и поголема урбанизација на државата. Со ова голем дел од објектите се симнуваат на локално ниво, каде што ќе се вадат и сите одобренија со што ќе се забрза работата - вели Марија Петроска од СКМ. Нагорна линија бележат и цените на металите на светските берзи. Најголем пораст има кај бакарот, кој доживеа фантастичен скок на близу 10.000 долари по тон, што е за трипати повеќе од пред неколку години. Со тоа значително се зголеми и интересот на домашните и на странски инвеститори за откривање нови наоѓалишта на бакар во државата. Во рудникот „Бучим“ од Радовиш планираат изградба и на нова фабрика, која ќе ја преработува јаловината и ќе произведува бакар.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2151184002&id=10&setIzdanie=22207
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom