Предлог-униформите за гардистите: кич и плагијатерство

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување

Ви се допаѓа?

  • Да

    Гласови: 12 19,4%
  • Не

    Гласови: 18 29,0%
  • Нека си остане старата

    Гласови: 37 59,7%

  • Вкупно гласачи
    62
Искрено шо им требаше....старата униформа е многу по добра и многу добро им стои....наместо да купат нови униформи на останатава војска ние уше ке одиме со оние м-92 искинатине..од ЈНА....
 
1.на педер не се дава да дизјнира АРМИСКА униформа

2. куклите се од старата стоковна Типо!!!! :vozbud:

1-то ти го оправдувам
2-то ти е точно, не стареат тие кукли. :pos:

За униформите, мене ми се допагаат.
Униформа за гардист, треба да ги носи националните симболи и да биде удобна за гардистот.
 
Искрено шо им требаше....старата униформа е многу по добра и многу добро им стои....наместо да купат нови униформи на останатава војска ние уше ке одиме со оние м-92 искинатине..од ЈНА....

Се согласувам дека останатиот дел од армијата треба да добие нова униформа зашто стариве се крш.
 
Ilyo_Voyvoda.jpg

Новите армиски униформи со елементи на дедо Илјо Малешевски
Ирина Гелевска Коментари (0)


05.12.2010 16:41



По ветените нови униформи за војниците по терк на американските, кои се уште не се шијат, зошто пропадна првиот тендер за платно, сега и гардистите на АРМ добија ветување за нови униформи.

Идејните решенија на дизајнерскиот тим имаат елементи на античката македонска фаланга и војводите како дедо Илјо Малешевски.

„Ова за мене е врвот во она што се вика дизајнерска кариера, како еден Армани, што ја има честа да ја работи гардистката униформа на Италија, односно познатите карабињери“, вели Александар Ношпал, моден креатор.

Во лето, гардистите на АРМ се онесвестуваа во своите сегашни униформи скроени од дебело платно. Сега со предложените нови униформи, ќе имаат проблем со облекувањето поради многуте детали, кои според дизајнерот се одраз на регионот, па и со елементи од соседна Бугарија и Грција.

Својот суд за изгледот на новите униформи за гардистите ќе можат да го кажат и граѓаните.

„Поаѓајќи од примената на овие униформи, сакам да ве информирам дека во периодот што следи истите ќе бидат достапни на увид на секој што сака да ги види и да даде дополнителни предлози за нивниот изглед“, рече Зоран Коњановски, министер за одбрана.

Предвидени се церемонијална, свечена и празнична униформа. Церемонијалната униформа гардата треба да ја носи при смена на државното знаме, свечената за дочек на високи гости, а празничната за време на државни празници.
 
Уф, воопшто не ми се допааѓаат овие новиве. Претерале со елементи од различни периоди и испаднало кичесто. Па и античкомакедонската шапка. Ако морало барем нека била метална, а не платнена. Вака ко евтина гардероба за маскенбал :(

Старите те актуелните униформи ми се преубави. Инспирирани од облеката на комитите:

Gruev_Razvigorov_Chuchkov_Babata1.png


Ако нешто треба да сменат тоа е грбот и да донесат правилен хералдички, а не да дошминкуваат. Додека има грди работи тие што се убави нема потреба да ги менуваат.

Ако на повеќето граѓани на Р. Македонија не им се допаднат се надевам дека од министерството ќе се откажат од идејата за нови униформи.
 
Во лето, гардистите на АРМ се онесвестуваа во своите сегашни униформи скроени од дебело платно.

Што не го сменеле платното?

Или ќе вршиме антиквизација и на армиски униформи? Што е на ред? Да се воведе задолжителен античко-македонски од прво одделение?
 
Ама ич не ми се допаѓа што се бели, на ништо не асоцира тоа. Каде можеме да искажеме незадоволството за овие униформи, за да дојдат до очите и ушите на Министерот ?
 
gardisti6.jpg


Ова е врвот на мојата кариера -изјави Ношпал, креаторот на дизајните.
Очигледно, премногу си дозволил со својата имагинација.
Кај ќе ојме со играорциве:pos2:
 
Актуелните ("старите") униформи. Колку за споредба:

2,property=BildDaten.jpg


armijag.jpg
arm-18-godini-g.jpg


gardisti.jpg
Vojska.jpg
 
ја бев гарда 2001-2002, бев у почесна гарда и у 3-ти вод за брза интервенција. Ја носев свечената униформа 2 месеца. Иначе униформата е добра како што ја знам, а оваа новата што гледам на слики не ми се свиѓа ич.

БРАВО! Не знаев дека имаме гардист на форумов :smir: Инаку мене лично ми се допаѓаат и старата и новата униформа.
 
Ајде малку со соседите:

глцка
untitled4xq9iu1.jpg

GREEK_EVZONES.jpg


Србија
4987311136_0164c028d1.jpg


Бугарија
pd1369415.jpg

1784771132_492ef2ce80.jpg


Од Албанија не можам да најдам.
Кога ќе ги видам грчката и швајцарската, се тешам по малце...

Swiss_Guard.jpg
 
Мене ми се свиѓаат. Искрено, убаво се направени.
И признавам, шмекерски се :pipi:
Најди ја разликата :vozbud:
Помош: црна бугарска шубара наместо бело кече, додаток -вратоврска.
910054454_9306420483.jpg




абе ај!?
strusko.jpg
sem5.jpg
sem1.jpg
mnosija.gif

Ја незнам колку знаеш за Македонија, но најзастапени бои се бела, црвена и црна на македонските носии.
Ама ти изглеа сакаш зорле да се напраиш приглуп.
 
И чизма каубојка шпиц напред....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom