Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Телевиса ги избриша сите серии, остана само кратката верзија од Camaleones.
За жал така е. Останата е само Sortilegio. Сигурно и неа ке ја избришат за некое време. Навистина незнам што е финтата на Телевиса да ги брише сериите кога имаа убава гледаност на YouTube. Каналот се вика Televisa Telenovelas многу логично е според насловот да бидат поставени тука сите нивни серии, но ете....
Промоција прават друже, целосни епизоди за кои се достапни авторски права никој не поставува на YouTube. Удри логика, ако ги поставуваат така сите серии, па телевизиите нема да им зимаат серии. Сеа многу фанови се бесни, има све Unsubscribe да им удрат. Е сега некој паметен, што има брз нет и повеќе простор на PC или на екстерни дискови може си ги снимил и ќе ги гледа, а ние обичните смртници со слаб нет ќе чекаме следна прилика или ТВ премиера. Телевиса којзнае колку брз интернет има, може за неколку часа све да врати. Тоа е.
Не е фер тоа што го направиле од Televisa, а тоа што го направиле паметковците од RCTV.Ја гледам цела серија, и примеќам дека во последните 15 епизоди многу работи не штимат, многу сцени не се поврзани една со друга,и тоа најмногу сцените со мојот омилен лик.И така дур немав што да правам ги читав коментарите на ју туб и се смеев, се дур не стигнав до последните епизоди и да откриам што била маката.Значи дечкиве од RCTV решиле да напарават две верзии од серијата,една за домашниот пазар а другата за интерлационалниот.И во тој за интернациолнаиот пазар скратиле многу битни сцени од серијата кои дават одговор на многу прашања, кои ти се нејасни во серијата.И сега пробувам да ги најдам на ју туб, најдов некој сцени но не баш тие што се во фокусот на моето внимание.А и да ги најдам ќе се со лош квалитет бидејќи сите сцени кои се објавени од тие што фалат се снимани од мобилка со лош квалитет.Како можеле да направат таква глупост, да ги избришат убедливо најубавите сцени од серијата, за интернационалниот пазар не ми е јасно.Кој глупак и идиот треба да си да го направиш тоа.Значи не било кој туку најдобрите сцени, сцените поради кои серијата ја имала својата популарност.Во моментот ми иде да одам и да го убијам продуцентот на серијата, се да му ебам на тоа копиле што ги избришало сцените за интернационалниот пазар.
п.с Да се надополнам успеав да ги најдам сцените т.е. дел од нив.Не се комплетни фалат уште 2 сцени али океј.Какви страшни сцени полни со емоции се избришани, тоа не е можно.Дефинитивно продуцентот е голем идиот со тапија.
Да, но да ги скратаиш тие небитните сцени.Но да ги скртаиш најбитните, сцени поради кој 70 % од луѓето ја гледале серијата.Како и да е тоа еЕе, а да видите на DVD верзиите на Телевиса колку има скратено сцени, па затоа ги викаат и скратени верзии.![]()
ЕКСКЛУЗИВНО!!! Телевиса почна да ги враќа сериите на нејзиниот официјален канал на YouTube!! За сега се целосно вратени Rubi, Sortilegio, La fuerza del destino и уште некоја. Да се надеваме дека во најскоро време Телевиса ке ги врати сите серии.
ПС. На DOMA TV (хрватска телевизија) е почната со прикажување една од новите серии на Телевиса "La Gata" - DIVLJA MACKA. Се емитува од понеделник до петок во 17:30. Прекрасна серија. Ја гледав еднаш цела на Прва Српска и ова ми е втор пат. Ви ја препорачувам да ја гледате. Поздрав
Тие што ги гледам не се вратени. La Gata почнав на Прва да ја гледам, па не ја догледав.
Јас дома си ја загледав една пред година дена, мислам дека во превод ќе дојде "она што животот ми го украде", ја преведуваа како "Украдена љубов", женската се викаше Монсерат, и интересна ми беше, ама после тоа ја затупеа и ми стана досадна, а долго време немав гледано шпански серии. Немам поима како заврши.
Инаку на времето ја обожавав Ла тормента, бев втора средно кога ја даваа на Пинк, и ја имав избалансирано така што немав ниедна епизода пропуштено, ако бев втора смена нашколо ја гледав касното репризата и така бев во тек.
Исто една од последните шпански серии кои ги гледав, беше Ел ростро де Аналија, гледам не сте ја спомнале, а меѓу омилените серии ми беше Сијело и Марко Дуран
Инаку, имаше и неколку мислам дека од Перу беа серии, таа со весникот Фиорела ја даваа на МТВ1.
Инаку Плажата на залезот гледам ја спомнувавте назад, незнам дали ја има во Македонија таа програма, јас во Црна Гора на Тотал ТВ ја фаќам СВS Drama, таму ја даваат и моментално е до делот кај што Кејтлин дознава дека мајка и се швалерисувала со дечко и
А ја гледав исто една со истава глумица Монсерат, во другава серија се викаше Елиса и целиот заплет во серијата беше околу некое неверство што наводно мајка и го направила, па затоа свекрва и ја мразеше и кавга околу некои ниви
Во секој случај добри се за тепање време, ако сега некој рече бирајте измеѓу шпански и турски серии јас со две раце и нозе за шпанскиве ќе потпишам и отпечаток од прст ќе дадам само она срање да се мавне од телевизиите.