derrain
артилерец
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 364
- Поени од реакции
- 205
Па западно ориентирани се сите ако така гледате, "демократија" има секаде, односно секое денешно општество е декларирано како демократско. Русија не е Црна Империја на Злото, претпставувам и дека никогаш не била, но тоа не го спречува западот константно да ја демонизира, и не само неа туку Истокот па и цела Азија, а сите знаеме од каде потекнува цивилизацијата.
Освен тоа, секоја светска сила го дочекала својот крај, во денешново информациско време подемите и падовите доаѓаат уште побрзо.
Претпоставувам дека сите очекувате дека наредни "светски владетели, полицајци" ќе биде Кина, ама САД и Русија тоа нема да го дозволат. Зошто се разбуди Корејскиот полуостров? Тука се игра под прозорците на кинезите и со тоа директно и се покажува на Кина до кај и е границата. Зошто постојано го притискаат Иран? Не е планот да го нападнат Иран, туку да го дисциплинираат за да научи како да игра на нивната музика, освен тоа САД не се доволно моќни да водат уште една војна во Азија и тоа во дворот на Кина и Русија, тоа е. Зошто Русија создава сателитски држави околу своите граници? Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан тие се сите нејзини послушници, и тоа пред вратата на Кина, Русија ја заврши својата работа во Азија, таму е сигурна, сега се префрла во Европа, отсекогаш имале интерес за тој дел. САД се тие кои се несигурни во Азија, а кога САД имаат некаков интерес некаде, сите светски медиумски куќи се тука, и затоа е целото ова внимание на тоа подрачје, додека Русија тивко си работи во Европа, пример, нејзин човек дојде на власт во Украина и немаше некоја фама, а пак американциве тоа го прикриваат за да не создаваат паника во ЕУ и на тој начин да ја покажат својата слабост.
Покрај тоа пак се буди историскиот сојуз, Русија и Германија повторно флертуваат. Русија знае дека САД моментално се најслаби од 1 СВ наваму и ова е вистинското време да ја поврати својата позиција во Европа, кризава и дојде како кец на десетка. Германија пак, е најсилна и најстабилна од крајот на Наци режимот и почнува да се гледа дека ја врти ЕУ како и одговара (иницијално унијата беше создадена за да се контролира Германија и да не и се дозволи повторно да се развие во сила), сега Германија не е воена сила, но е економска а со тоа и политичка а сојузот со Русија и носи само економски па и политички придобивки и страв во коски на Франција и Британија.
Во меѓувреме се прави индиректен притисок врз Кина која тек сега расте во економска сила, таа сеуште нема политичка сила, воена да има, но нејзиното влијание не се протега подалеку од Северна Кореја.
Накратко тоа е.