Русија бара да и се укинат визите за ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Па западно ориентирани се сите ако така гледате, "демократија" има секаде, односно секое денешно општество е декларирано како демократско. Русија не е Црна Империја на Злото, претпставувам и дека никогаш не била, но тоа не го спречува западот константно да ја демонизира, и не само неа туку Истокот па и цела Азија, а сите знаеме од каде потекнува цивилизацијата.
Освен тоа, секоја светска сила го дочекала својот крај, во денешново информациско време подемите и падовите доаѓаат уште побрзо.
Претпоставувам дека сите очекувате дека наредни "светски владетели, полицајци" ќе биде Кина, ама САД и Русија тоа нема да го дозволат. Зошто се разбуди Корејскиот полуостров? Тука се игра под прозорците на кинезите и со тоа директно и се покажува на Кина до кај и е границата. Зошто постојано го притискаат Иран? Не е планот да го нападнат Иран, туку да го дисциплинираат за да научи како да игра на нивната музика, освен тоа САД не се доволно моќни да водат уште една војна во Азија и тоа во дворот на Кина и Русија, тоа е. Зошто Русија создава сателитски држави околу своите граници? Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан тие се сите нејзини послушници, и тоа пред вратата на Кина, Русија ја заврши својата работа во Азија, таму е сигурна, сега се префрла во Европа, отсекогаш имале интерес за тој дел. САД се тие кои се несигурни во Азија, а кога САД имаат некаков интерес некаде, сите светски медиумски куќи се тука, и затоа е целото ова внимание на тоа подрачје, додека Русија тивко си работи во Европа, пример, нејзин човек дојде на власт во Украина и немаше некоја фама, а пак американциве тоа го прикриваат за да не создаваат паника во ЕУ и на тој начин да ја покажат својата слабост.
Покрај тоа пак се буди историскиот сојуз, Русија и Германија повторно флертуваат. Русија знае дека САД моментално се најслаби од 1 СВ наваму и ова е вистинското време да ја поврати својата позиција во Европа, кризава и дојде како кец на десетка. Германија пак, е најсилна и најстабилна од крајот на Наци режимот и почнува да се гледа дека ја врти ЕУ како и одговара (иницијално унијата беше создадена за да се контролира Германија и да не и се дозволи повторно да се развие во сила), сега Германија не е воена сила, но е економска а со тоа и политичка а сојузот со Русија и носи само економски па и политички придобивки и страв во коски на Франција и Британија.
Во меѓувреме се прави индиректен притисок врз Кина која тек сега расте во економска сила, таа сеуште нема политичка сила, воена да има, но нејзиното влијание не се протега подалеку од Северна Кореја.

Накратко тоа е.
 
Дека Русија ќе ги придобие каприциозните Европјани тоа нема ни на сон, може само да склучат некој вид на сојуз од кој што Европа ќе има ќар, а тоа дека ќе ја молат Русија нема шанси поради останати економски и политички цели. Америка цица големи количини нафта од блискиот исток за бадијала, веруј дека и Иран ќе го најде истата судбина како и Ирак. Факт е дека цел свет го контролираат. Според мене може да склучат некој сојуз за заедничка борба против Исламистите, затоа што секојдневно полека но сигурно расте бројот на муслимани доселени од Азија. И се плашат од атентати.

Доволно е да придобијаат една - две држави, како на пример Германија.
Самите Германци се интелегентен, моќен народ, но после поразот од Втората светска војна Германците се под големо влијание на САД. А можат да постигнат многу повеќе, т.е. да го прошират своето влијание. Сами не можат, им треба сојузник, кој нема да ги контролира.
А Русите се најдобриот сојузник што може да го посакаат.
А и како што може да забележиш во последно време, односите Германија - Русија се продлабочуваат и имаат се поголема соработка.

Од друга страна пак, Иран има далеку помалку нафта отколку Венецуела. Венецуела е на страната на Русите и жесток противник на САД, но САД се најголемиот купувач на Венецуелската нафта. Зависни се од таа нафта.
Сакал неќел, Русите го шират своето влијание и тоа е сосем нормално.

Уште поинтересно ќе биде кога ресурсите ќе почнат се повеќе да се намалуваат и се повеќе земји ќе стануваат зависни од други, како на пример Турција, Германија, Полска итн.
 
Доволно е да придобијаат една - две држави, како на пример Германија.
Самите Германци се интелегентен, моќен народ, но после поразот од Втората светска војна Германците се под големо влијание на САД. А можат да постигнат многу повеќе, т.е. да го прошират своето влијание. Сами не можат, им треба сојузник, кој нема да ги контролира.
А Русите се најдобриот сојузник што може да го посакаат.
А и како што може да забележиш во последно време, односите Германија - Русија се продлабочуваат и имаат се поголема соработка.

Од друга страна пак, Иран има далеку помалку нафта отколку Венецуела. Венецуела е на страната на Русите и жесток противник на САД, но САД се најголемиот купувач на Венецуелската нафта. Зависни се од таа нафта.
Сакал неќел, Русите го шират своето влијание и тоа е сосем нормално.

Уште поинтересно ќе биде кога ресурсите ќе почнат се повеќе да се намалуваат и се повеќе земји ќе стануваат зависни од други, како на пример Турција, Германија, Полска итн.

Знаеш колку германци имаат избегано во Америка после втората светска војна, претежно интелигенцијата, размисли колкаво е германското лоби во Америка. А што мислиш дека тие би ги зацврстиле односите со Русија, на сметка на Англија, Франција, Италија итн...па ЕУ е светска сила, кој од нив би сакал да си ја разниша стабилноста, мисли малку бре човек пред да пишеш. Па Германија попрво би седнала некои од сојузниците на маса и да се договорат на тоа како заеднички да се доближат до Русија, отколку сами.
Венецуела годишно калапи милиарди долари од продажбата на нафта во Америка, зависни се од нив, и нема туку така да се откажат од нив. А тоа со Русија се само застарени социалистички односи, што ќар од Русија, АК-47. што друго. А веруј дека ќе дојдат и таму помлади структури на функција и ќе се менуваат работите, полека но сигурно. Народот и таму сака демократија и модерен живот, наспроти радикалните политичари.
 
Знаеш колку германци имаат избегано во Америка после втората светска војна, претежно интелигенцијата, размисли колкаво е германското лоби во Америка. А што мислиш дека тие би ги зацврстиле односите со Русија, на сметка на Англија, Франција, Италија итн...па ЕУ е светска сила, кој од нив би сакал да си ја разниша стабилноста, мисли малку бре човек пред да пишеш. Па Германија попрво би седнала некои од сојузниците на маса и да се договорат на тоа како заеднички да се доближат до Русија, отколку сами.
Венецуела годишно калапи милиарди долари од продажбата на нафта во Америка, зависни се од нив, и нема туку така да се откажат од нив. А тоа со Русија се само застарени социалистички односи, што ќар од Русија, АК-47. што друго. А веруј дека ќе дојдат и таму помлади структури на функција и ќе се менуваат работите, полека но сигурно. Народот и таму сака демократија и модерен живот, наспроти радикалните политичари.

Погрешно си сфатил.
Германското лоби во САД би било само причина повеќе да бидат ослободени од канџите на САД.
Додека, Франција, Британија... па тие се непријател број еден на Германците. Отсекогаш.
Заради нив, Германците не поседуваат нуклеарно оружје, имаат доста контроли и ограничувања во армијата, а економски се најголеми конкуренти. И во историјата, отсекогаш било така. Еве и денес. Убаво ја натртија Германија да плати најголем дел за спасување на банкрот на Грција.
Ама и Германците полека сфаќаат, се поблиски и поблиски се со Русите. И не само тие, туку и многу други држави. Имаат се поголема економска, финансиска, а и воена соработка.

Додека Венецуела, која е под влијание на Русија, ќе прави онака како што им наложува помоќниот сојузник.
Не дека ќе го сопрат извозот на нафта за САД.... тоа би било погубно за нив, но можат да ја диктираат цената и да извозуваат онолку колку што сакаат, а со парите да прават влијание на соседите, а Русите веќе градат воени бази во Венецуела, космодроми итн. Со тоа делуваат на цел Јужно Амерички континент.
Народот не сака демократија, сака добро да живее... :)
 
И Русија бара визна либерализација


Путин во посета на Германија


25.11.2010 11:50

vladimir-putin.jpg


Интеграцијата на Русија во Европа треба да почне, а не да заврши со укинување на визите за Европската Унија.

Ова за весникот „Зидојче Цајтунг“ го објавил рускиот премиер Владимир Путин пред денешната посета на Германија.

„Трајното партнерство на нашиот континент не е можно додека има бариери кои им пречат на човечките и на деловните контакти, а најголемата од нив е визниот режим“, пишува Владимир Путин во статијата.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=130736


:pos2: evo rusite kolku bile jaki

--- надополнето ---

четврток, 25 ноември 2010, 01:50

Интеграцијата на Русија во ЕУ треба да почне со укинување на визниот режим


Укинувањето на визниот режим со ЕУ треба да биде не завршување, туку почеток на процес на реална интеграција на Русија во Европа, наведува премиерот на Русија Владимир Путин.

Тоа тој го објави во статија во Зидочје цајтунг пред денешната посета на Германија.

„Трајното партнерство на нашиот континент не е можно додека има бариери, кои им пречат на човечките и деловните контакти. А, најголемата од нив е визниот режим меѓу Русија и ЕУ“, наведува Путин во статијата.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/svet...a_pochne_so_ukinuvanje_na_vizniot_rezhim.aspx


:pos2:

--- надополнето ---

После оваа изјава на рускиот владетел една тема нема да доживее воскреснување...:pos2:
Нешто околу најголема сила беше мислам...

):):):):)
 
Русија и ЕУ ќе се договорат за безвизен режим до крајот на јули“

10.06.2011 14:56

Етапниот план за укинување на визите меѓу Руската Федерација и Европската унија (ЕУ) ќе биде договорен пред крајот на јули.
Ова денеска го изјави на прес-конференција во Нижни Новгород рускиот претседател Дмитриј Медведев на заедничката прес-конференција по завршувањето на самитот Русија - ЕУ.
„Втората етапа ќе претставува целосна безвизна комуникација, патување без визи во двете насоки. Во оваа смисла, ние се движиме по основа на одреден план, за кој во моментов се дискутира, и на крајот од јули треба да биде усогласен. Станува збор за план кој предвидува низа активности со цел да се дојде до овој резултат.
- Се надевам дека до крајот на јули, ќе постигнеме договор", рече Медведев.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139181
 
Новините во Германија и Холандија пишуваат дека ЕУ не размислува да ги укине визите за Русија..
 
Почна самитот ЕУ-Русија

15.12.2011 - 10:55 |
Во Брисел почна официјално самитот на Европската унија и Русија на кој највисоки функционери од Москва и ЕУ ќе разговараат за економски прашања.
eurussiasumiit_80895.jpg
Русија на тој самит ќе ја претставува претседателот Дмитриј Медведев и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров додека од ЕУ ќе бидат претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо и Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.
Се очекува на дневен ред да биде пристапување на Русија во СТО, глобални економски теми и Блискито исток. Ќе бидат утврдени и почетни чекори за либерализација на визниот режим за жителите на Русија кои патуваат во ЕУ.
Русија упорно бара да и се укинат визите.. Дај Боже да се укине,па после да ги видам европејците како ќе се справат со имигрантите на Русија,кога ќе се преполни улиците на Париз,Берлин Виена со руси, па после нека се жалат пак од нас,дека сме имале премногу имигранти,ама за жал не верувам дека ке се укине визите за Русија,јас мислам дека тоа нема да се случи никогаш. Не се толку будали европските курви..
 
Preku nos mi e veke od Erotskata Unijata...:facepalm:

psss pardon Evropska Unija..:tapp:
 
Додека има визи, нема вистинското партнерство!
вторник, 05 јуни 2012
Тој го наведе примерот на руските новинари кои ја следеа неговата неодамнешна посета на Франција и Германија, нагласувајќи дека тие патувале со визи кои важеле само еден ден
4A9F23D9967D504D8ABDC3AD0216AD7C.jpg
Рускиот претседател Владимир Путин оцени вчера во Санкт Петербург за време на самитот Русија - Европска унија, дека вистинското партнерство меѓу Москва и Брисел не е можно се додека постојат визни бариери. Тој го наведе примерот на руските новинари кои ја следеа неговата неодамнешна посета на Франција и Германија, нагласувајќи дека тие патувале со визи кои важеле само еден ден.
"Доколку на прес-конференцијата отидевме нешто подоцна, постоеше ризик да им истечат визите. Дали во тој случај тие требаше да станат и да си заминат?", запрашал Путин.
Москва досега повеќе пати се изјасни дека е подготвена да ги укине визите за патување на државјаните на земјите-членки на ЕУ, додека од Брисел се уште не пристигнал таков сигнал, а визната либерализација е една од темите на дводневниот самит Русија - ЕУ, кој е отворен прексиноќа.
Покрај ова рускиот претседател Путин оцени дека Москва не гледа никаква противречност меѓу процесот за европска интеграција и развојот на односите меѓу Русија и Унијата, потенцирајќи дека Русија е заинтересирана за силна ЕУ!
"Не гледаме проблем меѓу нашите процеси за интеграција на евроазиските простори и развојот на на нашите односи со Унијата. Дури подготвени сме да работиме на спојување на тие интеграциски процеси" - рекол Путин. Тој потсети дека околу 50 отсто од трговскиот промет на Русија се остварува во Европската унија и уште еднаш нагласи: "Ние сме заинтересирани за јака ЕУ"!
 
Треба да се укинат визите за Русиа. За Мк ги укинаха, за Русиа не!!
Повеке руски туристи ке доадат каи нас. Не е проблем за русите да добиат туристичка ЕУ виза ама мора да плакат мислам 30 евра и те тоа не сакат.
 
Треба да се укинат визите за Русиа. За Мк ги укинаха, за Русиа не!!
Повеке руски туристи ке доадат каи нас. Не е проблем за русите да добиат туристичка ЕУ виза ама мора да плакат мислам 30 евра и те тоа не сакат.

Нема да се укинат визите за Русија,едноставно нема место за нови имигранти во Европа..

А инаку не е точно дека многу лесно добиваат визи, баш напротив многу тешко добиваат, бидејки Русија е голема земја,а народот е сиромав, доколку се укинат визите за Русија, Европа ќе се преполни со Руски имигранти, тек тогаш Европа ќе се соочи со уште по голема економска криза..
 
Нема да се укинат визите за Русија,едноставно нема место за нови имигранти во Европа..

А инаку не е точно дека многу лесно добиваат визи, баш напротив многу тешко добиваат, бидејки Русија е голема земја,а народот е сиромав, доколку се укинат визите за Русија, Европа ќе се преполни со Руски имигранти, тек тогаш Европа ќе се соочи со уште по голема економска криза..
Не сум многу сигурен, непослушните "цигани "у Русија одма ги варат за сапун, секој кој европјаните ќе го покажат со прст, не се тие Македонија, Амди да ги дупи у здрав мозок 103,2% :) Да не зборам што се лабави при увозна контрола, па можат назад да примат и поише од бројот кој побарал азил.., не се у тоа некои големи педантни гњаватори...;)
 
21 декември 2012, 15:17

Европа
Путин побара од ЕУ безвизен режим за Русите
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика денеска лидерите на ЕУ да им дадат на руските граѓани безвизен режим со аргументот дека таа привилегија ја користат голем број држави, кои се доста оддалечени од Унијата

21122012151758_putin%20rompuj.jpg


- Располагам со многу долг список на земјите, кои имаат безвизен режим со ЕУ, им порача Путин на претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, споменувајќи ја Венецуела, Хондурас и Мексико.

За Путин, недостигот на безвизни патувања претставува пречка за развојот на економските односи.
Ван Ромпуј од своја страна го повика Путин да ги гарантира демократските права на руските граѓани во согласност со меѓународните ангажмани.

- Ние презедовме заеднички ангажмани, како членови на Советот на Европа и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече Ван Ромпуј.

http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11798
 
Барозо: Нема укинување на визите за ЕУ додека Русија не постигне напредок во човековите права

Во оваа етапа од процесот би било штетно да го определиме датумот за влегување во сила на безвизниот режим за движење, дополнува претседателот на ЕК.


21.03.2013

Жозе Мануел Барозо ја предупреди Русија дека нема да има напредок во безвизниот режим без напредок во областа на човековите права, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на интервју со претседателот на Европската комисија, објавено денеска во рускиот весник „Комерсант“.
- Водиме сложен дијалог за визното прашање, но важно е нашите руски партнери да донесат мерки во областите, договорени со нас, како што се борбата со корупцијата, перењето пари, безбедноста на личните податоци, правата на човекот, изјавува Барозо во интервјуто.
Во оваа етапа од процесот би било штетно да го определиме датумот за влегување во сила на безвизниот режим за движење, дополнува претседателот на ЕК, кој учествува во дводневната средба во Москва со руските функционери во рамки на соработката меѓу Русија и Европската унија.
Изјавата на Барозо е одговор кон рускиот претседател Владимир Путин, кој на средба на врвот во Брисел во декември минатата година инсистираше на воведување безвизен режим.
Русија со години наназад преговара со ЕУ за укинување на визите и редовно го критикува Брисел дека го политизира прашањето.
Во 2011 година беше донесен план за етапно преминување кон слободно движење, што освен темите за безбедноста на пасошите и борбата со нелегалната имиграција, вклучува и услови поврзани со човековите права и правната држава.
http://alfa.mk/News.aspx?id=53007#.UUuUvxxQFxE
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom