ШТРАЈК СО ГЛАД ЗА НЕ МЕНУВАЊЕ НА НАШЕТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Zoki Lou
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Веб-сајт
www.myspace.com
Јас, Филев Ѓорги, поради непочитување на моите основни човекови права за самоопределување од страна на меѓународните организации, се одлучив на штрајк со глад.

Јас сум Македонец, сите мои предци биле Македонци, мојата држава - татковина се вика Македонија, тоа е факт којшто не може и не смее да се промени.

Да се собереме сите заедно, да се сплотиме и да си го зачуваме нашето вековно име Македонија, нашиот идентитет, чест и достоинство.

Тоа се работи за коишто не може да се преговара.

Ги повикувам сите Македонци, овде во Македонија и ширум светот, да ни се придружат во овој наш штрајк со глад, по своја волја, со единствена цел - неменливост на нашето име Македонија.

Воедно, ги повикуваме и сите оние кои ќе изразат добра волја, на кој било начин да го помогнат овој штрајк со глад.

Планирани термини за одржување на штрајкот:
(Точните датуми и локации дополнително ќе бидат соопштени во медиумите и сите заинтересирани благовремено ќе бидат информирани)

Ноември/декември 2010 - Предупредувачки штрајк со глад од 24 часа само во Скопје;
Февруари/март 2011 - Предупредувачки штрајк со глад од 48 часа во секоја општина во Македонија;
Јуни/јули 2011 - Штрајк со глад без ограничување во секоја општина во Македонија и организирање на Македонците во дијаспората.
Во овој штрајк можат да се вклучат сите, без разлика на пол, вера и нација, со наполнети 18 години.

За било какви информации или коментари, пишете на kontakt@strajk.mk .

За пријавување и учество во штрајкот со глад кликнете овде.

http://www.shtrajk.mk/
 
со ова имево преку .!. искрено... ептен почнаа да се замараат сите со името и ќоро и сакато и тој шо се разбира и тој шо не се разбира.. и 7 годнишни деца го тупат со името ова името она.. гревота за децата..

П.С Ѓорѓи.. искрено кажи ми дали мислиш дека некој го заболе дали ти или ја или билоо кој ке штрајкува со глад?
 
Не се глупсти, некој мора да направи подвиг, преку к*р од луѓе што се прават паметни само по форуми и вебстрани, и седат дома со крстот на чело! Секоја чест Ѓорги...
 
човеков да не е биоенергетичарот? или станува збор за некој друг?
 
Не се глупсти, некој мора да направи подвиг, преку к*р од луѓе што се прават паметни само по форуми и вебстрани, и седат дома со крстот на чело! Секоја чест Ѓорги...

Не не не , и јас сакам да се направи нешто да се дојде до заеднички решенија, ама треба да сватиме дека не зависи од народот или штрајк со глад на народот е стварно ГЛУП ПОДВИГ за решавање на спорот со името...

Спорот не е настанат од народот, туку од властите. Грците немаат забелешки околу името, имаат проблем со цела нација.

А, дека некој нема да јаде, никој во светот нема да се замара за него, ќе те охрабруваат и ќе те тапшаат по рамо и ќе ти викаат дека си добар. Па, до кога ќе се насмевнувате додека ве тапшаат по рамо?
 
Не се глупости, со подршка на некои медиуми (по можност странски) би се испратила добра порака - само да има добри организатори и претставници кои јасно ќе го покажат нашиот став.
Со нашата пасивност можеме само да загубиме, со активност можеме само да добиеме. До сега во нашата историја се покажало дека сме офци за стрижење - а дур има офци, некој ќе има волна.
Треба да се излезе за да не се дозволи истата грешка од пред 17-18 години - барем ќе знаеш дека си пробал да смениш нешто.
 
Добро ова стана мода или што ? Секој еден кој стигне во името на името и човековите права: концерт, песни, штрајкови, протестни писма итн.
А кога некој ќе спомене бојкот на грчки фирми и банки е тогаш сите почнуваат да ама другите ама економијата ама ова она . И на крај сите на солун во шопинг на одмор во грчка.

Бојкотирајте им ги фирмите тука , блокирајте ја окта и секоја важна грчка фирма. Корпорациите ја држат грција и владата во скут, има експерсно да се реши името чим ќе почнат да јадат загуби .
 
Това са единствените методи,които има вероватност да дадат резултат. Сопри им премина,сопри им бизнеса,нека трпат загуби.
 
Да и целото македонско население вработено во фирмите да трпи загуби а? Да не се оди таму на шопинг и одмор ептен помалку ќе имаат приход.

И не му викајте на човеков попаметно ти е ова, попаметно она, зборувачи има многу.
 
И што ќе постигнеш како умреш од глад? Во Бугарија ќе пишува во некоја печатена медиум "Македонец умре од глад за да не му го променат името.

И ќе има 50 надразнување коментари од ваков вид на "тој колку е досадна", "теја се многу миење" и неколку с'жалителни "ццц колку им е миење мозокот на проблеми и ако знае за каква глупост умрел"

--- надополнето ---

Ако ти умреш од глад јас пак ќе умрам од глад да не ми велите Татар :oeoeoe:
 
Ti idi leci se naj pameto ke ti bide , jas sum za strajk za da pravime problemi da ja kamenuvame zgradata na EU vo Skopje da go fatime Fuere i da go rastrgenem na parcinja , jas sum za ova !
 
Да и целото македонско население вработено во фирмите да трпи загуби а? Да не се оди таму на шопинг и одмор ептен помалку ќе имаат приход.

И не му викајте на човеков попаметно ти е ова, попаметно она, зборувачи има многу.
Французите и Грците се глупи нели? Ние сме попаметни...

Французите ја блокираа цела франција за правата , ѓубре им се трупа по градовите стигна до точка на биохазард . Државата губи милиони ако не и билиони евра ама око не им трепна . Така се добиваат било какви права.
Грците се во невојла блокираа се живо и диво , ја уништија туристичката сезона , трпеа загуби која се брои во милиони.

Плус грчките власти ни блокираа бизниси, транзити , тормозеа камионџии никој не мрдна само мрчење и протест нота. Ко демек ќе реши нешто.
Грците вадат леб од наши луѓе кои ги третираат како робови. Да видиш кога ќе им блокираш и грчки банки и се како се се решава за секунд . Не можат да си дозволат повеќе загуби финансиски .
Како бе можат Грците , Германците, французите војски викаа бе за да ги дигнат протестите. Ние отупевме за името и единствена шанса и начин да се избориме за нашите права одговорот: ќе губиме работни места.
Веќе губиме грците блокираат на секој начин македонски фирми поради конкуренција .

Македонче трпи си :tapp:
Наведната глава сабја не сече ... мене некако ме заболе вратов.
 
јас не сум сигурна дали е она "за идеале гину будале" на сила, ама ако не е гомнојадец, секоја му чест!

Сигурно и него не го боли стапот дали некој ќе праша за него, ако се води пи слобода или смрт! Е тоа е порака, во некоја европејска тиква ќе влезе, во некоја не...

Тој како поединец направил нешто! Глупо, смотано не е важно, важно не млати слама за кој е колку ретардиран и лоботомиран, а кој паметен и интелигентен! Со име и презиме! Тој сум бе - Македонец!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom