- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.325
Самит на НАТО во Лисабон, Македонија надвор од агендата
Со шанси Македонија да влезе во НАТО кои се мерат во промили започнува историскиот Самит на алијансата во Лисабон каде главна тема е новиот стратегиски концепт во кој главни точки се Агванистан, Русија, антиракетниот штит и сајбер криминалот.
Македонија ја претставуваат претседателот Иванов, министрите Милошоски и Коњановски кои не се дел од централната дебата на земјите членки туку во делот од Самитот на кој ќе учествуваат земјите кои имаат свои војници во Авганистан.
Се очекува утре претседателот Иванов да ја потврди македонската стратегиска определба влез во НАТО, но и да побара еднаков третман за сите кои учествуваат во операциите на Алијансата. Македонија со околу 160 војници е на 8-то место според бројот на воени припадници кои се борат под знамето на НАТО.
Сепак и покрај тоа што Македонија нема да биде во главната агенда, за неа во Лисабон се дебатира или поточно се водат кавги. Имено пред неколку дена во седиштето на воената команда на НАТО во Португалија се водела вистинска војна откако висок грчки воен претставник забранил употреба на името Македонија како начин на именување на земјата, на ова остро се спротивставиле германски и португалски претставници по што домаќините покрај целата референца на картичките на учесниците ја ставиле забелешката дека Турција не признава под уставното име.
Во наредниве два дена претседателот Иванов и министрите Милошоски и Коњановски ќе имаат тешка задача да ја претставуваат земјата во ситуација кога речиси сигурно дома ќе се вратат со лоша вест. Единствено што можат е пред земјите членки да се изборат во иднина војниците на АРМ да бидат нарекувани македонски, а не како извештајот на Европската комисија да се избегнува придавката „македонски“ особено кога за тоа одлучуваат грчки офицери.
Враќањето на терминот „македонски“ во регистарот на Обединетите нации е добра причина македонскиот државен врв да започне ваква дебата во НАТО кога веќе такво нешто не започна во Европската унија од каде официјално се извинија за наводната грешка.
Имено десетина дена откако Унијата ни сервираше реален извештај во кој го немаше терминот „македонски“, државниот врв се уште молчи и не презема ништо ЕУ да ги спроведе во дело упатствата на Обединетите Нации на кои се повика евроамбасадорот во Скопје.
Од Лисабон за Канал 5, Горан Момировски
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67381