Semos Education - Семос Едукација

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkLord
  • Време на започнување Време на започнување
Читав по мислењата наназад, ама не успеав да најдам конкретен одговор на прашањето:

Дали реално се исплати да се вложат пари за курс во Семос?
 
Прашања, пофалби и поплаки околу Семос едукативниот центар. Еве да почнам со неколку - како се одвива наставата ? Дали може т.е. дали е возможно и остварливо да се посетува некој од курсевите паралелно со наставата на факултет ? Поздрав
 
Посетував основен Photoshop CS4 на времето, паралелно со студии (часовите беа вечерни (20:00) три пати во недела - интензивен курс). Задоволен сум иако секако тоа што го изучував подоцна сфатив дека можев и сам да го совладам. Како и да е, часовите им се солидно осмислени, со добро обучен тим, се иде чекор по чекор. После одредено време се фаќа шаблонот и можеш комотно да импровизираш. Битен детал, треба и дома да си одвоиш време за вежби - се` што учиш за PC ако не го вежбаш, џабе ти е - може лесно да се заборави. Добиваш и книга. Скапо е, ама вреди ако не си самоук.
 
А што доби на крајот од курсот ? Некаква диплома, сертификат за завршен курс ?
Да, со потпис и печат. Мислам имаш и посебен Microsoft certificate ама полагањето чини повеќе пари.
 
Според мене џабе фрлени пари се тоа, и тоа големи пари! Ако мислиш дека димпломата/сертификатот што ќе го добиеш откако ќе го завршиш курсот, ќе ти помогнат за да најдеш работа, тогаш оди. Во спротивно, не се исплаќа да даваш пари за курсот.
Истото може да го научиш и дома на лесен и едноставен начин.

Провери го сајтов! На него имаш милион туторијали/курсеви, кои не се ништо поразлични од тие во Семос, освен тоа што се на англиски јазик. Сите тиe можеш да ги најдеш на нет - бесплатно!

Мој совет е да си ги задржиш тие 300/400/500 евра што треба да ги дадеш и да почнеш дома да учиш тоа што сакаш. Барем сега се ни е на дланка, лесно и едноставно доаѓаме до потребните информации.
 
Сертификат не се добива со следење на курс. Се добива уберение/диплома за посетување курс кое можеш да си го ставиш во фиока откако ќе ти го дадат џабе е и џабе фрлени пари. Адобе/Циско/Микрософт сертификати се полагаат во овие центри кои се партнери и официјални тестинг центри, и може и без обука таму било кој да пријави испит за сертификат од погоре споменативе. Со тој сертификат има многу отворени можности. Секако претходно може да земате часови во Семос ама некој што ја познава материјата може да оди утре и да полага. Тие се интернационално признаени и имаат голема тежина.
 
Дали стекнатите дипломи од Семос можат да ти помогнат за вработување во странство ?
 
Ај еден bump на темава. Ќе може да споделите искуства? Вреди, не вреди? Добиваш ли знаење за парите што ги даваш? Гледам сега вовеле да полагаш за ACA и Autodesk сертификати, али дали те спремаат доволно?
 
Се интересирам за Excel курсевите во Семос, пред се за почетниот. На нас економистите ни е потребен особено кога сме на пракса по банкиве а и на тестирања за потенцијално вработување исто така има и задачи кои одат преку Excel. Сеа знам дека програмов не е некоја филозофија да се научи од дома, али ако некој го поминал курсот овдека, нека сподели искуство, како и што научил :)
 
Се интересирам за Excel курсевите во Семос, пред се за почетниот. На нас економистите ни е потребен особено кога сме на пракса по банкиве а и на тестирања за потенцијално вработување исто така има и задачи кои одат преку Excel. Сеа знам дека програмов не е некоја филозофија да се научи од дома, али ако некој го поминал курсот овдека, нека сподели искуство, како и што научил :)
Друже, да ти кажам мој совет, ако сакаш послушај ако сакаш не. Земи учи од интернет, симни туториали за Ексел, учи го неколку месеци секој ден, после оди во Семос и побарај да полагаш некој испит за сертификат, ако има, ако не никому ништо. Не вреди да им плаќаш толку пари за наставата што ја пренесуваат. Ако сакаш, одма ќе ти пратам линкови од курсеви.
 
Се заинтересирав за 3Д макс курсот во Семос, само незнам дали тој сертификат ке ми значи во иднина, иначе курсот е 200 евра, а најдов и на http://www.autodeskmakedonija.com/ нивниот курс е 250 евра и плус дипломата 50 евра, незнам што е разликата викаат "За прв пат во Македонија Компанијата KumevBrothers production по неколкугодишно функционирање како ауторизиран транинг центар на Аутодеск Америка,од 2013г. се здоби со лиценца за отворање на авторизиран сертифициран центар (ACC) Autodesk Certification Center. ", зошто за прв пат кога и Семос има лиценца... или нема?
 
Луѓе, темата да ја оживееме малце! :D

Дали некој посетувал некој од овие 3 пакети курсеви и искуства/препораки/поплаки/било што..?

http://semosedu.com.mk/default.aspx?mid=39&pid=31&kategorijaId=96&Lan=MK

Едит: Било Мајкрософт било јава..:brlav:
 
Како ги ценат ИТ работодавците курсевите од Семос?
 
здраво
Сакам да ве прашам дали дипломите / сертификатите на Семос се признаени во странство ? т.е Дали играат некаква улога за во Америка ??? Јас ке се преселам во Америка но имам завршено Безбедност фах и сакам да се наасочам во Информатичките технологии
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom