Ракопис

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување
Левичар, немам некој убав ракопис ама барем се разбира шо е напишано :)
 
Ретко пишуем,али кога пишуем,многу лошо пишуем.
Потпишуем. |-||/|
 
пишувам и со лева и со десна, и колку јас да си се разберам
 
А шо има веза дали пишуеш со лева или со десна?
 
Можам да пишувам многу убаво, но ретко кога ова се случува. Најчесто пишувам брзо и поради тоа често не сум задоволна како изгледа она што го имам напишано. Важно се разбира!
 
Порано нормално пишував ракописно, ама некои професори воопшто не ми го разбираа ракописот, па морав да почнам печатно .... за да сега пишувам со некој спој од печатното и ракописното кој е исто неразбирлив за многумина. Ако!
 
Пф, натпросечна интелигенција. Вака се тешат и левучарите, и луѓето со големо чело, и оние со крив нос... и уште многу други групи на луѓенца.

Овде не станува збор за тешење или умислување туку за факти
способноста и интелегенцијата на еден готвач не се мери од тоа во какови садови и како е сервирано
туку колку е вкусно тоа што е зготвено
Односно интелегенцијата е во тоа што е напишано а на како е напишано ,Пф
 
Околу ракописот интелигенцијата и предрасудите.

Многу оддамна кога бев во основно, 8 одделение, ни дојде нов психолог во училиштето.
Некаде околу полугодие и текна да ни подели некои тестови не баш за интелигенција него демек да се оцени кој за што го бива (јазик, математика, механика и сл.) и да ни се олесни изборот за средно училиште што да запишеме.
Јас си бев задоволен од тоа што напишав скоро по сите тестови и си бев сигурен во моето знаење.
Откако ги прегледала тестовите психологот, испратила ученик да ме повика на разговор.
Јас примерно мирно дете си викам што е сеа ова ме помешала со некој гарант. :)
Идам кај неа целиот упрпан и таа, јас уште на врата, ми вика „што ти е проблемот тебе со ракописот“.
Јас пааа... муц... туц... :jaj: незнам што да ви кажам лошо пишувам. :toe: :)
Знеш ли дека додека го прегледував твојот тест си реков „Види го овој неписмен, незнае ни да пишува... сигурно препишувал како не му е срам“.
Се изнервирала и отишла по дневникот и кај класната да ме кодоши... кога го отворила дневникот ОП стој оценките супер. Иде кај класната „Ученикот ... .... какво поведение има бла бла... класната нормално ме фали :kesa: и таа (психологот) целата у прашалници. :) Не можеше да ги спои напишаното и начинот на кој што тоа беше нечитко и неубаво напишано односно буквално нашкрабано.
Значи. Факт е дека мојот ракопис не резултат на моето незнаење и неинтелигенција, туку на мојата немарност и мрзеливост да се извежбам поубаво да пишувам. А исто така е факт и дека моето знаење (интелигенција) не треба да се потценат и отфрлат (да се каже дека сум препишувал) само поради тоа што лошо (ама ептен лошо) пишувам. :pipi: :toe:
 
Нема врска тоа ако пишуваш со лева рака значи дека ке имаш и лош ракопис.
Еве другарка ми е прав левучар а ракописот и е многу убав.
Исто така познавам и личности кои пишуваат полошо со десната рака отколку со левата.
За мене,што да кажам.
Пишувам со десната рака.
Кога имам мерак за пишување едноставно симпли д бест но кога ме мрзи да пишувам ама сепак морам ни докторски ракопис не ми е рамен :pos:
 
Поретко пишувам на хартија, ракописот не ми е добар но не е ни лош доволно е за сите да разберат се разбира со малку труд :)

А и приметувам дека во последно време пишувам една буква печатно една латиница една кирилица :toe: ми се меша фонтот alt+shift :vozbud:
 
Пишувам со десна рака, а ракописот ми е супер за никаде :)
 
Јас пишувам со десна рака :smir:

Имам 10 по краснопис - пишувам читко, крупно и јасно:pipi:

На факс уште се вртат мои скрипти, исто така и образецот кој се пополнува за завршени студии - е по мој пример:nesvest:

Пишувам убави честитки :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom