Колку често посетувате читална?

Пробав еднаш да учам/читам во читална али џабе кога не иде, те мрзи да читаш, гледаш преку прозор, се вртиш само. Исто така и сабајле ме мрзи да читам освен навечер, тогаш е добро. Само ептен сјебан распоред имам сите предавања ми се втора смена, па никако неможам да се организирам. Стигнувам дома околу 9-10 часот, уморот се чувствува ...


Истоооо , само се вртиш како сите да зјапаат во тебе , еднаш и никогаш повеќе .Само во стан учев и тоа в кревет :D
 
Па вие ништо не знаете од магијата на читалните. Ќе се потстоплиш со топло или со некој збор, ќе запознаеш некој, ќе видиш некој повреден од тебе, ќе се мотивираш, ќе прошириш видик, ќе замразиш некој ...
Поалергичен од мене на читални нема...минатата година два пати влегов и појава бев таму цела читална во мене се пулеа оти најнапред само слободно беше и мораше таму да седам. За мене само всоба, слушалките на уши, лаптопот до мене со интернетче и искулирано да си крцкам полека и така и така 50 % формули ми беа 50% теорија ;)
Кога ќе се "запули", баш ќе почнеш да се чепкаш и чешаш, и готово. :)
 
Ич.
Сега.
Ама младоста ми остана по читални :)
Читалничар е нешто како боем, а можеби е и некое тајно движење. Луѓето се разбираат со тајни знаци, има непишан код на однесување...
Читална е институција.
Точка.
 
Па вие ништо не знаете од магијата на читалните. Ќе се потстоплиш со топло или со некој збор, ќе запознаеш некој, ќе видиш некој повреден од тебе, ќе се мотивираш, ќе прошириш видик, ќе замразиш некој ...

Кога ќе се "запули", баш ќе почнеш да се чепкаш и чешаш, и готово. :)

читалната ја посетував единствено нацртна дури требаше да ја положам...инаку немам проблем да се сконцентрирам и во толпа од народ и да учам така да си крцкам всоба.
плус ме нервира кога зрка народ по мене вчитална, уствари барем така ми се чини можеби.
 
Во студентските години пробано е, но моите методи за учење изискуваат исклучиво состојба на изолација и една табла за правење на скица/план за разбивање на материјата.
 
Порано ретко посетував,еднаш месечно сега ич.Библиотеки посетувам речиси секој втор ден.Но полесно е информацијата која сакаме да ја добиеме е да ја најдеме на готово и да заштедиме и време-на интернет,а и треба да се подобри малку и е-форматот односно е-книгите на македонски јазик.
 
Во Пелагонија беше затворена за „нерезиденти“ на времето.
Сега е отворена за сите?
 
Во Пелагонија беше затворена за „нерезиденти“ на времето.
Сега е отворена за сите?

објасни му уште дека полна е 24/7 и дека од собите си носат столови и маси за да учат деците....фул е нон стоп ,многу народ со желба за учење почна да седи во пела.
 
Додека студирав скапував во читална...буквално секој испит го спремав таму...одев таму наутро а завршував приквечерта, се разбира со една две паузи за поткаснување и кафе...
Во секој случај ми годеше мирот и тишината таму и учењето ми одеше брзо, лесно и ефективно...
 
Решив денес да учам. Одам во 1000 книги, внатре фул, надвор чекаат 20 души... некои генијалци не знаат да си отидат дома, од 10:00 до 22:00 се во читална, браво најјаки сте. Трк до економски, таа па затворена. Круг на лево и назад, судбината ме трга од книгата :D
На градежен пуштаат ли сега студенти од други факултети ? Едно време проблем правеа..
 
Ајде да направиме една петиција за да се отворат повеќе читални кои ќе работат 24/7. Нели 90% и повеќе од средношколците се запишуваат на факултет. Дефинитивно има недостаток на читални. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom