Колку често посетувате читална?

Сум била во читална само неколку пати - но бидејќи раскажувам на глас кога учам - читалната испадна само губење време ...

Мојот успех во студиите сметам дека се должеше на следното:

1. желба да се учи

2. не оставај лекција или тема непрочитана - Марфи ќе ти покаже дека баш тоа ти се паѓа на испит

3. учи во пар (колега, колешка) - бидејќи кога тебе те мрзи него/неа не и обратно ... плус во друштво е поинтересно ... се испрашувате/ корегирате/ дискутирате

--- надополнето ---

Како колешкава над мене, во читална концентрација нула.
Статистиката покажала дека за тие неколку пати кога сум била во читална, сум излегла со смеење, сум спиела, сум гледала колеги, сум правела муабет(со шепкање де) и сум ѕверела во книгите со надеж дека ќе научам нешто.
Само дома си е дома, бар за мене.
Не можам да учам во читална

Красулка, иста си ко мене - по оваа тема :))

--- надополнето ---

Никогаш. Еве ме веќе сум на постдипломски и никогаш во моето студирање не сум учела во читална. Прво, затоа што јас морам да учам со музика, едноставно тоа ме релаксира и ми помага да се концентрирам. Второ, дома сум си во пижами и поопуштено ми е и порелаксирано се чувствувам. Кога ќе седнам да учам навистина учам и не ми треба читална за да се посветам на учењето.

Да, дома е секогаш поопуштено - пижамче, па ручече, па ке дремнеш, па кафенце, муабет со домашните - кога има време
 
па со оглед на тоа дека струкава ми е информатиак и се е со компиутери т.е ништо немам теорија никад не одам у читална а ио стварно мислам дека е губење време тоа.. ако се сака да се научи се може и дома.. не гледам некоја разлика
 
никогаш не сум бил во читална....си читам дома...шо и да е
 
Сум бил неколку пати и дојдов до заклучок дека дефинитивно ништо не можам да научам таму.

Концентрацијата ми трае само 20-тина минути и потоа цело време се вртам да видам кој влегува, кој излегува, кој со кого и што си шепка, си цртам некои глупости во тетратката и сл.

Во Браќа Миладиновци е најкритичното, ЦЕЛО време влегуваат/излегуваат луѓе, шушкаат, јадат, кој како доаѓа се поздравува по 5 саати со веќе присутните, книгите во ранец и правец дома. Во читалната од факултетот е далеку помирно, ич не толерираат врева (иако има и такви некултурни што шушкаат), но сепак, за учење ми е најдобро дома.
 
Дома и тоа преку ноќ. Преку ден многу е денски за учење.
 
Дома и тоа преку ноќ. Преку ден многу е денски за учење.

Исто, најарно ми е кога си учам дома и тоа ноќе така највеќе научувам :)
Тоа е сега така инаку сум посетувала читална човек на се навикнува. Најпрво ми сметаше, ми беше невообичаено но се навикнав. Инаку првата опција ми е боље дома си е дома.
 
Во Читална идам ако нема место кај Перо, или Идадија :p
 
Ретко, ако ми треба мир и тишина одам кај баба ми и дедо ми.
 
се собираме и сите групно читаме....
малку да разбијам монотонија
 
на почетокот кога тргнав на електро немав навика за учење морав да одам у читална мн повеќе учев, немам друго што да праам и учам нон стоп дремев таму и во петоци саботи до 5 сабајле. после тоа се навикнав можев и дома да учам и послабо.
Последно време во новава читална во трговски седам понекогаш таму ми е боље некако и поблиску, а не беше лошо ни во миладиновци..
 
За време на испитна сесија, цел ден го поминувам во читална.. Дома некако немам атмосфера за учење и секогаш си наоѓам некоја занимација..
 
Често одам во читална, т.е одам во НУБ, многу ми е блиску до факултет и ме опушта местото, ко втор дом ми е. Е сега колку вистински учам таму тоа е друга приказна. :)
Во прва на факултет таму ги подготвував колоквиумите и доста успешно беше зашто не познавав други луѓе кои доаѓаа во библиотека, седнував и учев без проблем. После тоа се зачленија уште некои колеги, колешки и запознав луѓе што секојдневно одат таму, па повеќе беа муабети, дремење пред кафемат, дремење во интернет читалните и баталив сериозно учење таму.

Во секој случај често одам сè уште затоа што пријатно се чувствувам. :)
 
Одсекогаш сум имала некој хард кор став во врска со читалните, дека тие што одбиваат да идат имаат матријали за учење со големина на бајките на браќата Грим и од чиста психологија си се бафтаат со тие неколку странички и не ги собира никаде, ни дома, ни на балкон, ни во парк, ни в читална посебно не последните неколку дена кога си во зорт со време.

Јас не секогаш ама после подолга пауза прилично често си идам в читална, за мене Е ефективно и продуктивно... идеш, си читаш колку треба и како треба, дома само ги повтараш на глас и идеш да спиеш ... Барем си психички раат од комшиите, телевизорот, некаква си музика, твоите, цимерите и целосно посветен на тоа што го читаш.
 
дома подобро од читална :) можам да лежам, да седам, ако сакам со чаj, ако сакам со кафе, со музика или без. се условите:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom