
Официјално е претставен новиот и најтеникиот MacBook Air.
Новите MacBook Air доаѓаат од 11 инчи до 13 инчи. Користејќи ја LED технологијата, сликата е кристално јасна. 11 инчи има резолуција од 1366x768 и тежи само 1.06 кило , а 13 инчи има резолуција од 1440x900 и тежи само 1.32 кило.
Најголемата новост кај овој лап топ е поставувањето на SSD драјв. Но сепак тоа би зафаќало исто место како и 2.5 HDD. Затоа Apple од SSD-драјвот ги има извадено сите флеш мемории и директно поставени на матичната плоча, нормално и со чиповите од SSD за потполно функцонирање.
Сликичка како тоа изгледа:

Со поставувањето на флеш мемориите од SSD-драјв многу место е ослободено и истото се користи за супер одлична нова батерија. MacBook Air од 11 инчи има издржливост до 5 часа со вклучена безжична мрежа, а 13 инчи има издржливост до 7 часа со вклучена безжичка мрежа. И нормално, сите овие големи бројки со само едно полнење!
Исто така во новата генерација се користат Core 2 Duo процесори и NVIDIA GeForce 320M графички чип.
За повеќе информации и спецификации околу хардверот, отворете:
Код:
http://www.apple.com/macbookair/
Apple го промени целиот свет во хардверскиот, а и софтверскиот аспект од технологијата.
Ова не е копирано од ниту еден сајт. Напишано лично од мене, по мое мислење.