Slatka mala
*** unique ***
- Член од
- 10 јули 2007
- Мислења
- 652
- Поени од реакции
- 2
Прашањето ми е дали сте биле во ситуација да сакате да ги смени тие негови навики и дали на некој начин тактички сте се обидувале да му укажете на тоа или и понатаму си ќутите и трпите?
Дали незабележливо се трудите да го смените, да го прилагодите според ваша замисла?
Секако дека има некои мали, но сосема мали ситници кои понекогаш во одредени моменти ми сметаат кај партнерот и кои сакам да ги променам. Но, никогаш не сум му го рекла и нагласила тоа. Можеби индиректно, му давам на знаење што не ми се допаѓа и како што е болдирано, тактички и незабележливо се трудам нешто да сменам, но тоа е само за момент, карактерот на човекот тешко или и воопшто не се менува.
Сепак, тоа се само мали ситници, како што Форчн напиша, да се некои големи работи, нема ни да бидам со тој човек, кога веќе толку не ми одговара карактерно.
Сте биле во ситуација да сака вас да ве смени? Како сте реагирале? Сте се потрудиле да измените нешто во вашиот карактер затоа што му пречело тоа на партнерот и сте сакале да биде се` во ред во вашата врска?
Барем до сега никогаш не ми покажал дека нешто во мојот карактер и однос кон него му пречи. Ова не дека јас сум нешто идеала, совршенство не постои, тоа е одамна познато.
Можеби и тој како мене, незабележливо се обидува да смени нешто.
И на крајот, да не испадне дека ние двајцата не сме искрени и не си ги кажуваме работите меѓу нас, но сигурно не е ништо толку сериозно, штом си немаме до толку забележано еден на друг.