Тифозите, фановите и љубителите на Ferrari можат да ги спремаат куферите, бидејќи Италијанците го објавија датумот на отварањето на својот најголем тематски парк - Ferrari world во Абу Даби. На 27 Октомври, во 19 часот по тамошното локално време, Ferrari паркот ќе ги отвори ширум своите врати.
На тој ден, првите посетители ќе можат да го искушат најбрзиот ролеркостер - Formula Rossa, како и Fiorano GT Challenge. Секако, запознавањето со историјата на италијанскиот тим е неизбежното нешто доколку се одлучите да го посетите паркот, а италијанската кујна е „неизбежна на квадрат“.
Занимлив е начинот на плаќање на билетите, односно мерка за висината на цената на билетот ќе биде висината на посетителот. Пониските од 150 см ќе платат билет по цена од 45 долари, а повисоките од 150 см ќе платат 61 долар за својот билет. Премиум влезниците од 74 и 102 американски долари, освен што нудат возење со возот на смртта, нудат и обилен оброк во lounge-bar-от, како и за сега непознати, но луксузни бенефиции.
Повеќе за „Мека на фановите на Ferrari“, погледнете на видеото во продолжение, кое најдобро ќе ви го опише овој грандиозен Ferrari објект.
Извор : http://pitstop.com.mk/f1/959.html