Светот на Ferrari се отвара за три недели

  • Креатор на темата Креатор на темата C R E S
  • Време на започнување Време на започнување

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Локација
Скопје
Тифозите, фановите и љубителите на Ferrari можат да ги спремаат куферите, бидејќи Италијанците го објавија датумот на отварањето на својот најголем тематски парк - Ferrari world во Абу Даби. На 27 Октомври, во 19 часот по тамошното локално време, Ferrari паркот ќе ги отвори ширум своите врати.
ferrari-world.jpg


На тој ден, првите посетители ќе можат да го искушат најбрзиот ролеркостер - Formula Rossa, како и Fiorano GT Challenge. Секако, запознавањето со историјата на италијанскиот тим е неизбежното нешто доколку се одлучите да го посетите паркот, а италијанската кујна е „неизбежна на квадрат“.

Занимлив е начинот на плаќање на билетите, односно мерка за висината на цената на билетот ќе биде висината на посетителот. Пониските од 150 см ќе платат билет по цена од 45 долари, а повисоките од 150 см ќе платат 61 долар за својот билет. Премиум влезниците од 74 и 102 американски долари, освен што нудат возење со возот на смртта, нудат и обилен оброк во lounge-bar-от, како и за сега непознати, но луксузни бенефиции.

Повеќе за „Мека на фановите на Ferrari“, погледнете на видеото во продолжение, кое најдобро ќе ви го опише овој грандиозен Ferrari објект.



Извор : http://pitstop.com.mk/f1/959.html
 
Дај пали авионот одиме за Абу Даби :)

А јас што сум 198...колку ќе ми наплатат за влез хехехехе (...да да...знам знам...се зеезам0

Супер работа ова, ама мисам дека е глупава идејата што го направија во Абу Даби. Кој к** има врска Абу Даби со Ферари? Требаше во Модена
 
Ова ќе биде пренесувано на некоја тв?
 
Дај пали авионот одиме за Абу Даби :)

А јас што сум 198...колку ќе ми наплатат за влез хехехехе (...да да...знам знам...се зеезам0

Супер работа ова, ама мисам дека е глупава идејата што го направија во Абу Даби. Кој к** има врска Абу Даби со Ферари? Требаше во Модена

И ја мислам така другар али изгледа во абу даби се парите :)

--- надополнето ---

Ова ќе биде пренесувано на некоја тв?

Незнам само да те излажам нигде не прочитав такво нешто..али ваљда ќе има...
 
Ќе биде во делот „Занимливости“ и толку. Каков пренос какви ѓаволи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom