Љубовта значи дека никогаш не треба да кажеш извини?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ова е реплика од еден филм (Love Story) и во суштина потегна голем број дебати.

Никогаш не сум се согласувала со оваа реплика, затоа што сите сме луѓе, во врски се прават милион грешки и нормално е дека некогаш ќе има причина за извини. Да, извини не ги поправа работите, но кога се каеме често само тоа и ни останува.

Вие? Што мислите? Дали навистина љубовта значи дека не треба никогаш да кажеш извини или љубовта во суштина бара многу компромиси?
 
Љубовта понекогаш бара да кажеш извини и без причина те за грешка која не си ја направил.
 
нормално е да има и падови во една врска.
Постои извини за некој минимални грешки несогласувања ама за неверство извини НЕМА.
п.с како што рече тоше проески во во една песна кој љуби душо може и да погреши.
 
Љубовта е најдоброто што може да го ужива една човечка душа, извини е составен збор од една искрена љубов, лугето прават грешки кои во зависност од тежината можат да го применат зборот извини и истиот да фунционира.. :)
 
Ааааааах колку прекрасен филм :smir: Еден од моите омилени филмови.
Јас правам премногу компромиси, па може и тоа до некаде е грешка, ама кој да знае каде е средината?! Сите врски се приказна за себе. Кога би знаеле кога да пресечеме, односно кога да се извиниме, а кога да се побуниме секоја врска би функционирала супер. Пред некое време зборував со една личност која ми рече дека не прави компромиси. На почетокот си мислев дека тоа е малку сурово, но после сфатив дека можеби е полесно така, оти се заштитуваш себе. На крајот на краиштата, ако сам не се заштитиш, другиот може да те повреди, сеедно дали е намерно или ненамерно, ти ќе бидеш повреден.

Поздрав со прекраснава песна :smir:

 
!

Пред некое време зборував со една личност која ми рече дека не прави компромиси. На почетокот си мислев дека тоа е малку сурово, но после сфатив дека можеби е полесно така, оти се заштитуваш себе. На крајот на краиштата, ако сам не се заштитиш, другиот може да те повреди, сеедно дали е намерно или ненамерно, ти ќе бидеш повреден.

Да, се заштитуваш себе. Но, што кога за 20 години, размислуваш за животот и сфатиш дека заради тоа што не си направила компромис си ја испуштила љубовта на својот живот?

Да, лесно е само од наша страна да размислуваме колку ќе ни го удри егото компромисот, но факт е дека сигурно и другата страна правела компромиси, дека и другата страна проголтувала гордост за доброто на врската.

Неприфаќање на компромиси во врска е само дело на гордоста, а знаеш како викаат, не го жали оној кој заради љубов ја изгубил гордоста, жали го оној кој заради гордост изгубил љубов.

Никогаш нема да си дозволам заради моето его да испуштам шанса за љубов, бидејќи ако никогаш не прифаќам компромиси и ако секогаш сакам само по мое да биде, па фала Богу дека никој не е ни должен да ме трпи!
 
Никогаш нема да си дозволам заради моето его да испуштам шанса за љубов, бидејќи ако никогаш не прифаќам компромиси и ако секогаш сакам само по мое да биде, па фала Богу дека никој не е ни должен да ме трпи!

Хммм, епа и твојот партнер ќе биде таков. Секогаш го бираме она нас што ни одговара. Јас не се дружам со луѓе кои не ми одговараат, тек за партнер, некој со кого планирам да го поминам животот. Секогаш го добиваме она што го сакаме, она што го бараме и она што го заслужуваме! Секогаш другиот ја дооформува целината. Не за џабе викаат за се` требаат двајца.
 
Не го барај одговорот, дозволи тој да те најде тебе.
 
Љубовта небара компромиси... или ја има или ја неама, просто ко грав. Компромиси бараат двајца во врска за полесно да ги „испеглаат“ мааните и недостатоците... Е сега идиме до моментот кој колку е спремен да жртвува, попушти, толерира, трпи како сакате наречете го. Има некои не се замараат, и го бараат идеалното. Само ретко дека нешто на светот е идеално, уште помалку човек. Сите имаат свои багови во кодот, па од време на време крашнува системот.
...но после сфатив дека можеби е полесно така, оти се заштитуваш себе. На крајот на краиштата, ако сам не се заштитиш, другиот може да те повреди, сеедно дали е намерно или ненамерно, ти ќе бидеш повреден...
Ко било така, ајде да се заштитме од нечистиот воздух, од потенцијалната загадена вода, или можеби да седиме дома оти по улица можи да те удри кола (ама забегав од темата). На крај, можи и не е баш така... Сите ја знаеме онаа: тоа што не ме убива, ме прави посилен. Само пак, индивидуална е границата.
не се дружам со луѓе кои не ми одговараат, тек за партнер, некој со кого планирам да го поминам животот. Секогаш го добиваме она што го сакаме, она што го бараме и она што го заслужуваме! Секогаш другиот ја дооформува целината. Не за џабе викаат за се` требаат двајца.
Или во превод, цело е кога има се :)
 
Извини треба да се каже само тогаш кога е потребно, извини не е само клише збор, јас се извинувам само кога така се чувствувам.
А во љубовта често пати ИЗВИНИ се бара за апсурдни работи, дури и кога нема потреба од тоа.
 
љубовта значи дека секогаш треба да бидеш подготвен да кажеш извини, дури и тогаш кога не се работи за нешто сериозно. На многу луѓе не им дозволува гордоста да кажат извини, затоа мислам дека љубовта е посилна од гордоста и токму во љубовта може да се победи гордоста и затоа зборот извини не би требало да претставува проблем и треба да се кажува колку што е можно почесто.
мое мислење :smir:
 
Душичките обично им се извинуваат на гордите ко во нивно име, бидејќи овие се неспособни за тоа.
 
Мислам обратно. Љубовта значи дека секогаш треба да кажеш извини. Нели компромис за да опстане and shit.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom