Пинк 15 - Македонија

Теливизијата е Пинк 15. Тоа минусчето што ти се гледа е размачкана точка од основата. На основното лого што им е, само ја имаат додадено 15-ката и испаднало како да има минус.

а зашто Бум тв пишале Пинк 15 минус :pos2: а и на Пинк 15 пишуваше дека почнува во 20 часот Пинк 15- со жолти пукви од лева страна
 
абе исто ко што викаа Сител дека имаат повеќегодишен договор за емитување Премиер лига ексклузивно во македонија па еве сега не даваат
Emotion и на фејсбук имаат пишано дека ќе иде на Пинк a чим веќе Пинк ја има и во Македонија и тоа како македонска телевизија нема смисла Сител да ја дава не ќе иде на две телевизии
http://www.facebook.com/velikibrat

Значи, се мисли на оригиналната Пинк во Србија.
Не знам што толку не може да се сфати, Сител ги има правата.
Ако на Пинк им се исплати да даваат пари за да ја откупат ВБ од Сител, нека повелат.
 
А во македонија ке им текне на некој да направат телевизија со 24/7 филмови со македонски превод??? Нешто како ТВ 1000, universal, fox, HBO, MGM....
A на пинк15кава, програмава не им е мн лоша.. глеам даваат по некој игран филм од време на време..
 
а оваа ние што ја имам сега е неоргинална:pos2: ,Пинк кажа дека во македонија ќе ги дава реалните шоуа што идат и на Пинк во србија а и кога даваа промо реклами што ќе даваат имаше исечок од Велики брат
 
Човек да не може да се разбере со тебе. Наместо да ги разбереш фактите, ти си живееш во свој имагинарен свет. Јас веќе не ти објаснувам, а ти уживај си во „ексклузивната“ програма на Пинк.
 
и ти неможеш да разбереш затоа и немоем да ти објаснувам по сто пати едно исто :wink:
 
:pos::pos::pos::pos::pos:
Не сум знаел дека зборување на памет претставува објаснување.

Он Топик:
Графиката на телевизијата е одвратна, се користат стари шпици од српската Пинк, квалитетот на сликата очаен.
Сега ја гледав и македонската City, водителот тапа, за прилозите има простор за подобрување, вака ми личи на онаа копија на Ексклузив и Бекстејџ што се даваше на Едо, или која и да беше телевизијата.
 
абе чекај малку тек сега се на почеток све дан сакаш одма да напраат
К15 немаше никаква опрема со која може да се направат добри шпици добри емисии,ке почекаш да земат добра опрема па ќе биде ,а City емисијата е правена начинот на кој се прави истата како на Пинк во србија истата графика во позадина и исто се вртат прилозите а и водителот рече дека ќе има и вести од македонија
 
Прес конференции и написи во дневниот печат. Ја купува Алфа, па ја купи К-15, контроверзниот српски бизнисмен Жељко Митровиќ во Македонија ја отвори својата петнесетта телевизија од својата балканска медиумска групација. Цела седмица на својот нов канал Пинк 15 стоеше напис дека телевизијата официјално со работа почнува во петок од 20.00 часот. И кога сите очекуваа специјална програма каде што подетално ќе биде откриена програмската шема, наместо тоа како за старт Пинк 15 пушти Фарма, реално шоу кое досега и онака се прикажуваше во нашата земја, најпрво на Сител, а сега и на А1 телевизија. Шоу кое не постигна никаква гледаност во нашата земја и затоа се емитуваше во доцните часови. Можеби Пинк 15 ги нема земено во предвид домашните рејтинзи, а можеби и сеуште не знае дека Боки 13ка одамна е заборавен лик во македонскиот медиумски простор.Стартот на телевизијата не ветува многу. Исто така и сигналот кој доаѓа до гледачите е под просечен, кој не дава ни малку квалитетна слика, за разлика од домашните тв станици. Пинк 15 ќе мора да го следи вкусот на македонскиот гледач макар тој и да е премногу насолен со турски и индиски серии. Домашните телевизии вакви или онакви, без оглед на коментарите го задржуваа вниманието на гледачите, на сметка на останатата понуда на кабелските телевизии, особено двете водечки кои го делат најголемиот маркетинг колач. Како и да е, им посакуваме многу успех, но и среќа, затоа што Македонија е специфичен медиумски пазар...

Извор: http://backstage.com.mk/makedonska-scena/pink-15-zapochna-bledo
 
Па не можеш преку ноќ да очекуваш дека ќе направат чуда,секој почеток е тежок,а колку што знам рекоа дека овие два месеци програмата ќе биде еден вид експериментална,сеуште не ни создаден тимот кој ќе работи во Пинк 15,а она по што Сител плука до вчера го дигаше до небо.
 
Сител има конкуренција, а и А1. К-15 реално гледано не беше закана за никоја од другите телевизии после пожарот кој им се случи, иако и претходно беа забавна телевизија без голем рејтинг.
 
Па не можеш преку ноќ да очекуваш дека ќе направат чуда,секој почеток е тежок,а колку што знам рекоа дека овие два месеци програмата ќе биде еден вид експериментална,сеуште не ни создаден тимот кој ќе работи во Пинк 15,а она по што Сител плука до вчера го дигаше до небо.

они сега критикуваат а не се свесни дека емисии кој се даваат на Пинк нив ги направи гледани
 
А во македонија ке им текне на некој да направат телевизија со 24/7 филмови со македонски превод??? Нешто како ТВ 1000, universal, fox, HBO, MGM....
A на пинк15кава, програмава не им е мн лоша.. глеам даваат по некој игран филм од време на време..

Па Fox Life, Fox Crime, AXN идат со македонски превод на BoomTV, а HBO и други на МаxTV...
 
Абе тоа ти се странски канали со македонски превод,треба некој да направи телевизија целосна македонска со филмови со македонски превод а и каде би имало и македонски филмови
 
Сега имаше сити на Македонски ја водеше еден тип емисијата,наш беше де. А пред тоа даваа Ние не сме ангели 2....................
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom