Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за Јувентус,одлична победа.Средниот ред функционира перфектно,но одбраната сеуште има недостатоци,и Јуве не смее да си дозволи да прими 2 гола во еден натпревар.

Красич изигра феноменално.Одлична игра повторно покажа и Фелипе Мело,кој во сите натпревари игра како препороден.Дел Нери во своето интервју изјави дека Јуве го очекуваат два натпревари од важен карактер,и затоа се одлучил на овој натпревар тандемот во нападот да го сочинуваат Јакинта-Амаури.

Се надевам дека одбраната ќе игра далеку покомпактно против Сити и Интер.
 
за сите шо се од ск јас за натпреварот интер vs јувентус ке бидам ск па дај да се собериме народе да гледаме заедно ако сте за тоа ми е можноста и така иам работа ск кој е за нека пишит овде или порака на форумов фала ви од пред :vozbud:
 
јас сум за.да се собереме еднаш заеднод а глеаме.

--- надополнето ---

 
честитки за темата зачинета со добра партија и победа :smir:
 
Аирлија нека е новава тема :vozbud:

Браво за победата и одличната игра на Красич. Верував дека добро ќе се снајде, но не очекував дека ќе биде наш лидер. Добро е што победија. Сега се само 3 бода зад Интер и Лацио и со победа во дербито би се израмниле со Интер.

Е сега збор два за натпреварот. Иако победивме одбраната ни е срање. Ако играат вака лошо ни се пишува со Интер, Ето има да ги поремети. Ринаудо беше ептен слаб, позиционирање нула, бавен и ептен збунет, но можам да го одправдам зашто му беше прва утакмица. Бонучи сега засега е оној што најмногу ме разочарува. Игра премногу слабо. Еден на еден го минат многу лесно, а позиционирањето му е КАТАСТРОФА. Мислам дека Дел Нери лошо направи што му даде статус на „недопирлив“ и нема да биде лошо да го седне на клупа. Факт е дека нема квалитетна замена, но би можело некој од Легротаље, Ринаудо и Григера да го смени, чисто колку да знае дека не е незаменлив, зашто мене најискрено премногу ме разочара. Скоро сите голови се примени по негова кривица. Она што пријатно ме изненадува е Григера. Сите плукаме по него, но последниве утакмици ги игра супер. Офанзивата му е слаба страна, но барем во одбрана е солиден.

Средниот ред ни е фантастичен и е наше најсилно оружје. Мило ми е што Аквилани доби шанса да биде стартер и мислам дека со повеќе натпревари може да му биде здрава конкуренција на Маркизио. Она што ми прави најголем мерак е што Мело конечно ја пронајде формата и покажува дека не се за џабе платени парите.

Дефинитивно прва опција во нападот треба да ни бидат Дел Пиеро и Кваљарела, а не двајцава каратисти кои освен фаул и карање со судијата не знаат ништо друго. Им требаат 10 шасни за да дадат гол. Ефикасност нула.

Не очекуваат два тешки наптревари со Сити и Интер. Мое мислење е дека треба да се жртвува Лига Европа за сметка на Серија А. И онака е безвезално натпреварување од втор ранг кое не носи некоја огромна заработувачка и мене искрено не ми знаци ама баш ништо. Супер би било Дел Нери против Сити да ги одмара Мело и Красич. Имаме тенка клупа и би било лошо некој недајбоже да се повреди. Плус тоа мора клучните играчи според мене ( Мело, Красич, Дел Пиеро, Кваљарела, може да одмори и Келини) би било добро да одмараат против Сити па макар изгубиле и 5-0. Натпреварот против Интер ќе биде она вистинското. Само одбраната да биде на ниво и мислам дека имаме реални шасни да би добиеме.

Толку од мене, доста е како за прв пост во новава тема :smir:
 
Ај некаа за арно темата да дочекаме ного победи как таа вајвечер.

Красич само докажува оти е погодано засилуване и си ги зголемува симпатиите на навивачето со игри как шо доликуват на играч шо играа у Јуве. :)))
 
Честито нова тема, честито победа и честито хеттрик на Красич.... Овој може да биде голем играч....
 
*Аzzuri...........сите ќе се сложиме дека не треба трошење на силите во ЛЕ и ризик од повреди кои последните 2 сезони се главна одлика на Старата Дама-стегна реумата В КРАЈ ! сепак за натпреварот со Сити кој ќе биде еден од најглавните и најгледаните во следното коло,мислам дека Јувентус ќе излези со моментално најсилниот состав
 
Во моментот одбраната е најранливото место во играта на Јувентус .. зимскиот преоден рок ќе мора да се засили одбраната и тоа како.
 
Нека ни е честито новава тема и секако победата. Темава да продолжиме да ја полниме само за фини нешта и да не кинеме нерви како во претходната. Како што имам и кажано претходно, нападот и средниот ред конечно годинава ни се тип топ. За разлика од овој дел од тимот, одбраната ни е иста со екипи од рангот на Про Патрија и ним сличните. Едноставно не е возможно секој меч нападот да дава по 4 гола, а тоа од друга страна е минимумот ако Јуве сака сигурно да победи. Во овој сегмент мора нешто да се смени во Јануарскиот преоден рок, инаку сезоната ќе ја завршиме со 100 дадени гола и 70 и кусур примени.
 
Ај нека ни е со среќа новава тема и многу радост да споделуваме во неа. :)

Иначе Красич многу ме израдува со хет трикот, се гледа дека со срце игра и на терен го вади максимумот али има една работа што ептен ме загрижува. Бековите ни се 0.... Ето е во животна форма и мислам дека по таа десна страна кај што се Мота или Ринаудо ќе го јадеме стапот. Ќе ни треба мнооогу среќа за поволен резултат со Интер, не дека се нешто у јака форма, туку нашата одбрана е за греоти. Неможе на секоја утакмица да се прима 2+ гола и тоа од екипи како Леш и Каљари... Мора да стегнат заби бар до Јануари да изиграат солидно зашто со ваква одбрана тешко дека и 4то место ќе видиме.

Иначе покрај Красич со хет трикот, новата тема ни ја честиташе и Grande David со двата гола против Севиља!!! :vozbud:
П.С. За собиранката сметајте ме и мене, ќе биде многу јако и срамота ако не се собереме чим може некој од Охрид да доаѓа, зошто да не и ние од Скопје!!!
 
П.С. За собиранката сметајте ме и мене, ќе биде многу јако и срамота ако не се собереме чим може некој од Охрид да доаѓа, зошто да не и ние од Скопје!!!

фала брате шо си тука значи можи да се дог сепак да знам до среда да ми кажите шо е како е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom