Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде Дупли Честитки денеска , ем нова тема ем Победа ... Интер пази се , КРАСИЌ доаѓааааааааааааааааааа :vozbud:
 
Момци честито нека ни е победата и новата тема, па овде да се радуваме на уште многу победи.За утакмицата ќе искоментирам дека средината беше на највисоко ниво денес,нападот исто така не беше лош во контекст на играта,играа добро,отвараа простор за останатите играчи, но само тешко ни се пишува ако одбраната не се поправи.Делува премногу деконцентрирано и опуштено,играчите не се позиционираат како што треба туку се наоѓаат кој каде стигне. Но ајде да се радуваме на денешната победа и да ни е жиб и здрав Красич и уште многу вакви партии да пружи во црно-белиот дрес.ФОРЦА ЈУВЕНТУС.
 
Честито дечки, победата, темата и големото засилување мислам на Красич!

Сеуште имаме големи проблеми во одбраната, значи ова ја ублажува радоста од денешниов триумф ептен евтини голови примаме, мора ова да се повтори затоа што нема во секој натпревар да постигнуваме по 3-4 гола. Не знам дали Бонучи не е толку добар колку што очекувавме или проблемот е во катастрофалните бекови што ги имаме. Уште еден одраз на тоа колку бевме слаби последниве години е тоа што еден играч од класата на Григера стигна до 100 настап за Јувентус, ова ме натера да помислам да му се вратам на фудбалот!
 
Честито победа и честито нова тема дечки....дајте слики од красич стварно....јас еве барам.....
 
Ајде нека е со арно новава тема, со добар резултат ја отворивме :wink:, да не летаме сега бидејќи имаме 2 тешки натпревари против Сити и интер, ќе треба максимална концентрација и нешто подобра игра во одбрана, одбраната на сите натревари ни е катастрофа. Секоја чест за Красич, може да прерасне во вистински лидер на ЈУВЕ :wink:
 
Мора денеска и пофални зборови да му се дадат и на зденката изигра топ ко за 100 утакмица...за красич се знае играч на колото 100%, јакинта и амаури надвор а и сисоко во зимски преоден рок on sale зашо катастрофа е...одбраната како и секогаш кревка ко швајцарско сирење...со интер ако имаме добра одрана тепаме но ако биде исто како денес ето нема да испромаши...
 
Верувајте ќе ви треба многу повеќе од добра одбрана за да го победите Интер на Меаца каде нема изгубено скоро две години..но сепак топка е, се врти..и Честито победа..Красич:zver:
 
Не ќе беше лошо админите да ги префрлеа коментарите од 1000 страна па натака (3 страни) ... Најбитното не го кажав .. Честито победа и нова тема ... ФОРЗА РАГГАЦИ
 
Ајде честито нова тема и честито победа ја заслуживме и се надевам дека и Интер ке го поебедиме среде Џузепе Меаца.Импресиониран сум од Красич свака му част и нека продолжи со одличните игри.За наредните натпревари мора да ја поправиме одбраната и да продолжиме со ефикасноста.Иии честитки за љубилеот на Григара 100 настапи за Јуве.
FORZA JUVE!!!
 
Лол штотуку ја ѕирнав табелата, имаме најдобар напад во лигата, но воедно и најлоша одбрана од сите... :pos:

п.с:

C_3_Media_1143261_immagine_l.jpg


C_3_Media_1143257_immagine_l.jpg
 
Верувајте ќе ви треба многу повеќе од добра одбрана за да го победите Интер на Меаца каде нема изгубено скоро две години..но сепак топка е, се врти..и Честито победа..Красич:zver:

Битно нападот да ни е на ниво како денес и да се молиме да нема свој ден Ето ... Милито сам ќе се чува ...
 
Одличен старт имате во новава тема. Нека ви е честито па годинава со титула да ја закитите :):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom