Навидум Едноставно - волумен на вреќа песок

1. Секое тело потопено во течност губи од својата тежина онолку колку што тежи истиснатата од него течност (најпрецизно да се пресмета, користејќи го Архимедовиот закон)
F=ρ*g*V=ρ*g*(integral)dV

66e8f9ab814c107c1fcc82b4609becff.png
То ти е наједноставен начин за пресметка на волумен.

Или па има уште едно решение... хехе, доколку сакаш навистина точен резултат, со помош на компјутерски скенирања и со употреба да сложени формули (интеграли) може да се дојде до точниот резултат.
 
Не сум по математикава и физикава,ама ај че пробам, па нека ми кажи некој дали сум во право :)

1. Ја полниме врејчата со песок, ама до дрт (цела)
2. Ја претуруваме песокта во некој коцкест сад.
3. Мериме волумен на садот.
4. Ете го волуменот на вреќата.
Можи вака, јали не?
 
Вреќата има површина..т.е двете страни кога се склопени се исти и со иста површина. Шавот го апроксимираме..го нема. Било кое тело чија обвивка ја има истата површина го дава теоретскиот волумен. Бидејќи вреќата под товар, се формира како цилиндрична мембрана....најдобро би било тоа да е површина со цилиндерична форма ,а со обем на две ширини на вреката , висина е...должина на вреќата. Назад....од таа површина, намалена за површината на двете данциња и постојниот пречник...... може да се пресмета волуменот...,грешката ќе биде мноогу мала.....другата варијанта е мерењето на слонот...:)
 
може да се изведе од видот на матријалот преку позната густина која е маса по единица волумен...
може да се апроксимира со цилиндар
може ако се утврди функција на вреќата да се пресмета со помош на интеграли..

без да ја наполниш вреќата нејзиниот волумен е променлив.. од причина што можи да е целносно полна со воздух однонсно надуена или пак можи да е скоро без воздух и празна па да личи на плоштина.. со прецинзни мерења на тежината може да се утврди волументо во некој поголем интервал.. во случајот со воздух за да ја намалиш грешката дорбо е да ги измериш густина на матријалот на вреќата и густина на воздухот па да комбинираш нешто.. ама пак матно е оти има голема несигурност и ќе имаш големи интервали претпоставувам..
во секој случај нешто мора да има внатре .. освем ако не прајме за експерименти муабет каде што ќе биди во вакум..
 
првиот услов е ДА НЕ СЕ ПОЛНИ! ако ја полнам лесно е



второ, невозможно да е НЕВОЗМОЖНО да се пресмета, како прсметуваат литража на шише кока кола со трилион променливи висини и форми, сигурно не го дизјанираат па полнат пред производство

--- надополнето ---

Едноставно......за празна вреќа (тогаш не постои просторно тело) волуменот=0

а тоа ..колку една празна вреќа со познати димензи може да собере .......се одредува искуствено..а понекогаш и со математичка интерполација......кој чул за сличност и типизација на производите знае за што зборам...

..денес ретко да некој во пракса нешто пресметува..се се сведува на избор од каталози и таблици...

Не сваќам друже ова ти е прашање или?
Ако збориме за таа вреќа од сликата пишав колку според мене и е волуменот.А да поставам математичка формула не би знаел.Не дека сум тапа математика али све што сум учел сум заборавил.

да нека биде прашање, кој се разбира повеке во математика нека проба да го реши....

ако не ке се прпелкам во песок ...шо ке прајш
 
Истиснувањето на вода од сад е најдобар начин за пресметка!

Архимедов закон и нема што тука да полемизираме.

Сум студирал физика и знам како одат процедуриве. За телата со неправилна форма или се зема апроксимативно или се оди на истиснување на течност.
 
Треба да го познаваме и материјалот од кој е направена вреќата а понатаму истата да ја наполниме со воздух(со балон уствари ср мери и тежината на воздухот) па така ќе го добиеме волуменот(колку кубни ЦМ воздух) откако ќе го сториме ова ќе земеме вреќа помала од на пример со однос 1:3 И истата ќе ја наполниме со песок,ова ќе ни го покаже "однесувањето" на вреќата(помалата) па кога веќе ќе ги имаме овие реаултати мислам дека би можел да се пресмета волуменот:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom