Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ќе си го поделиме долгот, тоа е добивката и плус, одма сме во Еу и Нато. Не, фала ама ние си ја сакаме нашата сиромаштија, каква таква наша си е, никој не ни ја бара за разлика од нивниот долг.
Ќе си го поделиме долгот, тоа е добивката и плус, одма сме во Еу и Нато. Не, фала ама ние си ја сакаме нашата сиромаштија, каква таква наша си е, никој не ни ја бара за разлика од нивниот долг.
Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти
Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.
Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.
-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.
Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.
Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.
-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.
-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.
- Сметате дека...
- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.
Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.
Сања Ристовска- дописник од Грција
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=70619
pametna idea..:smir:
И Циле имаше една ваква идеја на времето кога се одвоивме од Југославија, не знам колку е сеќавате. Народот ќе го убедеа дека Солун пак ќе биде наш. Кога народот ќе се запали за Солун тогаш средена е работата. Целиот план беше, да бидеме конфедерација и тајно да си работиме ние на признавање на Македонија и кога ќе дојде вистинско време со референдум да се одвоиме.
Јас имам друг план. Да ја поделиме Гејлада! Ние да ја земеме Беломорска, они нек си ги земат Пелопонез и Атина и сите среќни и задоволни! Што со нивниот долг? Па ќе им напишеме еден неважечки чек.
Ах, Циле, Циле не си бил сам на светов.![]()
pametna idea..:smir: