Нов Пазар3

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran123
  • Време на започнување Време на започнување
50-100 денари (евро-евроипол) за кола од 2-3 илјади евра или ПЦ од 150-200 евра не е воопшто многу.
Се е тоа во ред, само немаме ние таков менталитет. Чист пример дека ова функционира е Шведска и http://blocket.se каде за еден оглас се наплаќа и до 10 еур. Ама Македонија не е Шведска, а Пазар3 е далеку од Blocket. Таму луѓето не се замараат за 10 еур. затоа што ги имаат. На Пазар3 има еден куп ситни работи што се продаваат за 200-300 ден. и замисли ти да дадеш 50 ден. за да ги огласиш. Не иде. А друга работа се навиките на луѓето. До сега, едит на огласот и пак најгоре, а од сега ручки од тупани, и тоа за пари. Си ги научил на нешто, и сега одеднаш нешто сосема ново. Како и да е, нека почне со работа, па ќе видиме што ќе се случува, како ќе се одвиваат работите, па после ќе може да дискутираме во зависност од резултатите (ќе има или ќе нема огласи), дали му била паметна идејата или не, итн.

--- надополнето ---

Немој жити се, јаката идеја за бизнис-огласчиња...
Не е идејата за огласчињата, туку за посетеноста на сајтот :) Со таква посетеност, можеш да правиш што сакаш, ако знаеш како да го искористиш тоа.
 
Ај што се плаќа, ама и работава е како ќе платиш.
Веројатно ќе има само плаќање на интернет, а повеќе од пола што се рекламираат на пазар3 немаат таква можност.
 
ВНИМАНИЕ! Одредени функции ќе бидат достапни дури по „080901“. Причината за тоа е дека тековните огласи од стариот систем мора да истечат.

Ова од пазар3 ... ете изгледа ќе има телефон за плаќање ..
 
Искрено, ни јас не контам какви се тие огласи. Некои викаат дека ќе ставиш оглас, чисто од што немаш попаметна работа, да видиш колку ти вреди мобилниот, на пример, колку одзив ќе имаш. Која е поентата да ставам без врска оглас и некој да ми зврцка во ниедно време, затоа што сум сакал само да проверам нешто? Врска нема, али ај...

што не ти е јасно

отварам оглас
продавам машина за перење алишта
го оставам твојот број
?

е за такви фејк огласи за заебанција мислеше
а ги има многу ако не и 40%
 
ВНИМАНИЕ! Одредени функции ќе бидат достапни дури по „080901“. Причината за тоа е дека тековните огласи од стариот систем мора да истечат.

Ова од пазар3 ... ете изгледа ќе има телефон за плаќање ..
080901 = 01.09.2008, датум е тоа, не е телефон, ако на тоа мислеше :) Тоа е од времето, коа мењал нешто во функционалноста. По трет пат: ќе се плаќа преку телефон, на новиот сајт ги има и телефоните, ама кој да чита :)

--- надополнето ---

продавам машина за перење алишта
го оставам твојот број
Ова само кажува колку ретардиран народ сме, ништо повеќе... Сите удираат на заебанција, сеир и гледаат да заебат некого... Порано барем беше, да му умре козата на комшијата, а сега е, да умре комшијата, за да му ја земам козата... Јбг, велком ту Маседониа :)
 
treba da se plaka ona sto e vazno e kolku ke bide cenata i nacinot za plakanje,za makedonski uslovi plakanjeto najdostapno bi bilo preku sms a cenata da ne e poveke od 50 denari realno bi trebalo da bide 10/50 denari od oglas.
 
Нов Пазар3 за два дена... :vozbud:

сега е третиот ден, и пак има (brojka po zzelba) огласи, бесплатни :)
 
Не се прави вака, туку имаш обични огласи и имаш ВИП огласи. Кој сака огласот да му паѓа доле и да истекува за неколку дена огласува бесплатно, кој сака огласот секогаш да му е на првата страница и да истекува по месец-два ќе плати.
Така ем волкот сит ем овците на број.

Инаку се што почнува да се плаќа, а било бесплатно никогаш го нема истиот успех, барем во Македонија. Има и други начини на заработка со одредена страница, а крајните корисници да не трпат и да користат на тоа што се навикнале.
 
Не се прави вака, туку имаш обични огласи и имаш ВИП огласи. Кој сака огласот да му паѓа доле и да истекува за неколку дена огласува бесплатно, кој сака огласот секогаш да му е на првата страница и да истекува по месец-два ќе плати.
Така ем волкот сит ем овците на број.
Тотално си во право за ова.

Инаку се што почнува да се плаќа, а било бесплатно никогаш го нема истиот успех, барем во Македонија. Има и други начини на заработка со одредена страница, а крајните корисници да не трпат и да користат на тоа што се навикнале.
Во Македонија, да. Искрено, не ми е познат ни еден сајт во Македонија, каде се наплаќа за одредена услуга и тоа на обичниот корисник (во случајов сите корисници, не само оние што сакаат посебни услуги, од типот на ВИП огласи и слично), а во исто време сајтот да работи турбо, во однос на посети, интеракција со корисниците и слично, и да има профит. Ако знаете некој, слободно пуштете линк, баш ме интересира. Освен за банери од мобилните оператори и некои поголеми фирми, никој друг не остава пари на интернет кај нас.

Уште не можам да го сконтам во кој филм е влезен. Математиката му е топ, 30.000 огласи месечно во просек, по 1 евро во просек, тоа се 30.000 евра чиста пара секој месец (минус хостинг, ама тоа во оваа сума е занемарливо). Се ова е убаво, само ја утнал државата :uvo: :baeh:

П.С. Нешто углавил со сајтот изгледа, огласите му се префрлени на тест сајтот, ама проблем со сликите :)
 
ај да турам еден оглас :D мењам Xbox 360 за Ps3...кој е заинтересиран ПП

--- надополнето ---

btw...имам 2 Xbox 360 и едениот не ми треба
 
Стварно? Да не сакаш Xbox 360 Call of Duty MW2 limited edition за џабе да ти дадам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom