мутно еА што адреса е ова (не ме бива за адреси и такви ситници), првпат гледам таква адреса http://www.incoding.biz:12006/ Нема ниеден оглас
Дали веќе опцијата е активна и каква е постапката на плаќање по телефон? Јас му се јавувам или тие мене?Цената се движи од 50 - 90 МКД +18%ДДВ и зависи од Категоријата Плаќањето се врши преку телефон. Огласот се прегледува во согласност со Пазар3 Правилата и е активен 2 месеци.
можеби БИЛА- но со оваа алчност на сопственикот - е веќе минатоПазар 3 можда е најпосетена веб страна у Македонија. Треба да поработат повеќе на спонзори, до пред извесно време немаше никаков спонзор.
Адресата е за девелпмент на новиот сајт, руска фирма го прави сајтот, еве ви линк по втор пат (вториот проект): http://www.incoding.biz/Projects Тоа што го гледате, би требало да се префрли на стариот домен на Пазар3, а огласите што ги гледате се тест огласи, Пазар3 ги става за да се тестира функционалноста, ништо повеќе. Ќе видиме утре што ќе бидеСе си мислев некоја ЧКЉ адреса на Пазар3 за да се види текстот за наплата...ама чудно ми е и што велиш матно-едино видов мебел Чучер Сандево, слика од една фирма за плакари.
Ради тоа и ме интересира дали адресата од првиот пост е валиден извор на овие информации за можна наплата или е фејк.
Тие тебе, сигурно, и коа ќе завршиш со часкање, ќе имаш 50 или 90 денари поише на сметката (+18% ддв.) :pos2:Јас му се јавувам или тие мене?
А бе да, ама да не му биде касно после. Да проба некој да те направи мајмун за да ти ги земе парите, и после од кога ќе сконта дека не му функционира финтата, пу-пу не важи новото, ај пак на старото, за да му се вратиш, не знам баш :nenene: Али ај, ќе видиме...Абе ќе види дека небива така и пак ќе го врати стариот систем.
се согласувам со тебе, и моето мислење е дека не треба да се наплаќа.Што се однесува до "поддржувачите" на идејата за наплата, да претпоставиме ваква ситуација: почнува наплаќањето, 90% од огласите исчезнуваат, 90% од огласувачите повеќе не огласуваат... Што тогаш? Дали вие како корисник што бара да купи нешто, ќе одите на Пазар3 да најдете тоа што барате? Не би рекол. Која е поентата да посетам сајт којшто има многу помалку понуди (огласи) од некој друг сајт којшто има 10 пати повеќе понуди? Пазар3 е познат, да, ама исто така како што стана познат, може и да биде заборавен. Луѓето не го посетуваат Пазар3 затоа што се вика Пазар3, туку затоа што има еден куп огласи. Бројот на огласи го прават познат. Од друга страна пак, ако сајтот нема посети, која е поентата да поставам оглас како понудувач? И згора на тоа да платам. Нема никаква поента ништо од ова, само затоа што Пазар3 некогаш бил познат. Типот си игра со оган, а вие ако мислите дека тоа му е паметна идеја, можеби сте во право, не викам не, ама за да видиме што ќе биде крајниот резултат, ќе треба да почекаме.
какви се тие огласи?Мора да се наплаќа. Ако не за профит, за тргање на несериозните понуди/огласи.
Искрено, ни јас не контам какви се тие огласи. Некои викаат дека ќе ставиш оглас, чисто од што немаш попаметна работа, да видиш колку ти вреди мобилниот, на пример, колку одзив ќе имаш. Која е поентата да ставам без врска оглас и некој да ми зврцка во ниедно време, затоа што сум сакал само да проверам нешто? Врска нема, али ај...какви се тие огласи?
Немој жити се, јаката идеја за бизнис-огласчиња...Ако се најде некој паметен кој би ја искористил ситуацијата и би направил сличен сајт кадешто огласите ќе бидат безплатни - пазар3 ќе може да се слика... за пасош.