Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
последнава недела, нешто почна да ми е ко глава во облаци, како да см надвор од моето тело ... многу е лошо чуството.... незнам што да правам, дали да одам на лекар... значи кога ке легнам, многу ми е лошо се осекам како да лебдам, ама не е удобно ВООПШТО, ги осекам нозете како да не ми се дел од телото, како да сум надвор... дали е ова анксиозност,, многу сум под стресс во последно, незнам како да се справам, имам премногу обврски.. ке ве молам за совет како да ја смирам анскиозноста.. доколку е тоа, или пак можеби е висок крвен притисок...премногу сум загрижен и многу се депресирам , студент , знаете како е .. незнам како да се ослободам од стресот а и со тоаа да се ослободам од ова страшна состојба која ја немав се до пред оваа недела.. curse you anxiety ! ! ! !
 
Јас би дала само неколку напомени:

1. Со сета почит кон исклучоците, ама факт е дека најголем дел од лекарите во Македонија се бивши студенти по медицина, т.е. ретко кој се надградува, информира, едуцира. Инаку не би препишувале терапии кои се стари 30 години и чии несакани ефекти се познати.

2. Апчињата, кои во Македонија ги даваат како да даваат Пеперминт, не се лек за состојбата во која се наоѓате. Тие само помагаат да можете да профункционирате и да се соочите со проблемот. Треба да се даваат на кратко време и дозата да се намалува - нешто што лекарите во Македонија не го прават.

3. Ова можеби треба да биде прво: анксиозноста е знак дека треба да направите коренита промена во животот. Анксиозноста е знак дека долго време правите нешто што се коси со вас самите, правите нешто што не ве прави среќни, т.е. ги вложувате сите сили, правите се‘ да бидете она ШТО НЕ СТЕ!!

4. Ви треба некој за да пребродите. За време на паничните напади, ви треба некој што ве разбира и ве сака. Значи некој што ќе биде со вас, иако сте тргнале на прошетка и после 20 метри сакате да се вратите назад.
За да дојдете до суштината на проблемот ви треба стручно лице. Не секој психолог или психијатар одговара на секого. Сами ќе си одредите дали човекот наспроти вас ви помага или не.

5. Занимавајте се со работи во кои уживате или откријте нови. Плетењето и везењето се многу медитативни, а не се скапи ниту мора да имате талент за да се занимавате со нив. Сликајте, пејте, играјте! Јогата и медитацијата се многу полезни.

6. Не се напрегајте повеќе отколку што треба. Анксиозноста нема да ја снема ако се обидете да се изгубите во обврските и да работите до бесвест. Она што може да ви се случи е целосна исцрпеност на организмот кое само ќе ја влоши ситуацијата.

7. Нешто што можеби ја прави анксиозноста „неизлечива“ е што сите сакаат да бидат како што биле. Анксиозноста ја доживуваат како лош сон, после кој се’ ќе биде како што било и порано.
Не, нема да биде и НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ. Начинот на кој сте живееле пред анксиозноста ве исцрпил и ве кутнал. Треба да промените нешто, а не со носталгија да се сеќавате на времето какви сте биле. Не ја сфаќајте анксиозноста како борба, туку начин на раст и созревање. Треба да ги напуштите старите претстави, старите обрасци на однесување и „да се потсетите дека сте заборавиле да се сакате. Сте заборавиле дека ВИЕ сте љубовта на вашиот живот. Не вашите родители, не вашите деца, не вашата работа, туку вие, самите. Без вас, нема љубов, нема живот“*.

*цитат од едно предавање :)
 
вака доколку некој знае како може привремено да се сузбие ова чудо, велам привремено затоа што ми се случуваат битни работи во животот и неможам да отсуствувам т.е во работата...инаку почна да завзена поголем замав...погоре во постот пишува за што се работи...би ве замолил за било каква помош, совет било што зашто неможам веке вака....однапред благодарам...доколку му треба на некој повеке информации за да може да даде бар каков таков лек, слободно нека напише...очајно ми е потребан помош зашто неможам вака а осекам дека почна да ми смета и во работата...однапред благодарам за било каков совет
 
^^ Незнам дали е баш анксиозност ама веројатно е тоа што понекогаш ми се случува да сум мн напната и нервозна кога ми се случува нешто битно, проследено со некако да не речам укочување на левата рака ама така нешто, некаква тежина во левата рака, многу непријатно чувство и многу забрзано чукање на срцето??? Дали е тоа анксиозност ако знае некој да ми одговори би му била благодарна. Инаку јас 'го лечам со витамини б-комплекс кој се нели за смирување и делува, а на ден можат и по 2 такви да се пијат така да секому ги препорачувам зошто тие се за смирување на нервниот систем, значи најбитно е што не се апчиња а помагаат
 
freelance
Оди на лекар или на психолог. Овие нарушувања се поинакви и нема брз начин да се решат. Исто како кога ќе си ја скршиш раката, па одредено време мора да биде во гипс.

Имајте на ум дека сите тие болести пред 100 години не постоеле! Сменети се начинот на живот, погледите на светот, а да не зборуваме колкав профит им носи продажбата на лекови на фармацевтските компании.

Ќе го ставам линкот (не можам никако да го најдам) каде една лекарка потврдува дека сите лекови кои се во оптек се проверено неделотворни после одреден период, а штетата од нив е голема.
 
Последниве денoви ме стега глава константно, и имам мали напади на анксиозност, некогаш ме стега срце, мислам дека ќе ми рикне срцето проследен со внатрешен немир.

Сега читав нешто за шизофренија, и со самото внесување почнав да се губам во мислите, во простор, и кочење, проследено со страв и "мануелно" дишење (тешко).

Колку повеќе мислам на тоа толку полошо ми станува.

Јес да имам искуство, и се ова го разбирам, поради потреба да се искажам го пишав тука.
 
Секој страда од поголеми или помали психички проблеми или како ли да ги наречам ............. депресии, немање воља за ништо, стравови, треми, стрес, нерасположеност одвреме-навреме... без разлика дали станува збор за младинци, средовечни луѓе или пак за постари лица ............ но сето тоа мислам дека е најмногу како последица од модерниот брз и динамичен начин на живот ............... премногу мислења, секојдневни обврски, немање доволно слободно време за себеси, нереализирани планови, неуспех во кариерата/работата, економски/финансиски проблеми, семејни и брачни недоразбирања(доколку сте во брак), здравствени проблеми, социјални проблеми, љубовни проблеми и ред други работи кои(можат да)влијаат на расположението ............ доволно е во денот едно нешто да му тргне на човек наопаку и целиот ден ти е уништен, упропастен ........... да животот е лесен, интересен, весел и убав додека човек е тинејџер, но после тоа се се променува и почнуваат вистинските обврски и проблеми т.е. започнува вистинскиот живот !
 
Ништо не ти е, најстрашна е анкциозност предизвикана од хипохондрија е тука само шамари помагаат...

Иначе и мене секојдневно ме боли глава, али види го времето како да не те боли, болка во гради, прободување на срце сам си знаеш - анкциозност.

Најдобар лек е книга, учење, али некогаш толку знае да ми одлета умот што не сум у состојба ништо да запаметам и разговор, многу разговор за било што, на било која тема.

Наместо лекови, омега 3, чај од маточина ќе се оправиме ваљда.
 
Out Of Reality и до сите други:

Престанете да читате симптоми на болести и да голтате туѓи трауми! Нема да ви биде подобро од тоа!

Ако веќе читате, читајте го „Алхемичарот“ од Куелјо. Тоа не е пример за добра литература, туку онака, ве држи во добро расположение додека ја читаите. Како капучино со многу пена ;)
 
вака доколку некој знае како може привремено да се сузбие ова чудо, велам привремено затоа што ми се случуваат битни работи во животот и неможам да отсуствувам т.е во работата...инаку почна да завзена поголем замав...погоре во постот пишува за што се работи...би ве замолил за било каква помош, совет било што зашто неможам веке вака....однапред благодарам...доколку му треба на некој повеке информации за да може да даде бар каков таков лек, слободно нека напише...очајно ми е потребан помош зашто неможам вака а осекам дека почна да ми смета и во работата...однапред благодарам за било каков совет
Привремено можат да ти помогнат лекарства.
Но доколку состојбата се развие со панични напади, чувство на страв, хипохондрија, тогаш лекарствата нема да можат да те излечат, само привремено ќе те одржуваат на нормала.
Најважно е да не се затвориш во себе (ако треба насила присилувај се да ги споделуваш своите чувства со некого колку и да ти е непријатно) и да страдаш од депресија (таа е полоша од немирот кој го чувствуваме при анксиозност и напад на паника).
Некогаш самиот факт што сте свесни за ненорма-лноста на начинот на кој функционира вашата психа може да ве разочара и да ве направи депресивни. Најголемата замка при ваквиу ситуации е депресијата.
 
последнава недела, нешто почна да ми е ко глава во облаци, како да см надвор од моето тело ... многу е лошо чуството.... незнам што да правам, дали да одам на лекар... значи кога ке легнам, многу ми е лошо се осекам како да лебдам, ама не е удобно ВООПШТО, ги осекам нозете како да не ми се дел од телото, како да сум надвор... дали е ова анксиозност,, многу сум под стресс во последно, незнам како да се справам, имам премногу обврски.. ке ве молам за совет како да ја смирам анскиозноста.. доколку е тоа, или пак можеби е висок крвен притисок...премногу сум загрижен и многу се депресирам , студент , знаете како е .. незнам како да се ослободам од стресот а и со тоаа да се ослободам од ова страшна состојба која ја немав се до пред оваа недела.. curse you anxiety ! ! ! !
Спортувај.
 
и така, бев на лекар и завршив со асетра 50мг и хелекс 0.25мг...некој коментар?! совет :D
 
Ова ме фака random и со различно времетраење мада мислам дека е у некој почета фаза...Ако сака некој да подели некој совет за да се отарасам од ова чуство...а заборавив да кажам дека пушам 2 кутии цигари дневно, 5 кафиња на ден и пагање у несвест од алкохол за викенд :)
ЗАа да ти помогне хелексот 9и асентрата не смееш никако да конзумираш алкохол додека трае терапијата, ако ова не го почитуваш можам да ти гарантирам 100% неуспех.

Истото важи и со кафето-намали на нормални 2 до 3 и секако цигарите само една кутија а не две оти со две кутии не одат 5 кафиња туку повеќе затоа намнали ги пороциве и ќе има резулртат после извесно време.

Значи не брзај за ефект туку полека и ќе би добро ако посебно ова важи за алкохолот ниту една чаша ниту пиво едноставно дозволено ти е алкохол 0% ништо повеќе од тоа и задоволи се со толку, оти на некои им е забранет за цел живот чунки грев е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom