THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340
Македонска флота или знаме под наем?
Владата планира да формира трговска поморска флота и за тоа веќе донела одлука, а сега се разгледуваат можностите за реализација на овој проект. Идејата е да се изнајмуваат бродови што би пловеле под македонско знаме и под поволни услови би пренесувале стока како за домашната економија, така и за потребите на други држави. Во Министерството за транспорт е формирана работна група што работи на анализата на економската исплатливост и на можните држави од кои би се изнајмувале бродовите. Идејата е добра и исплатлива и може поволно да се одрази врз македонската економија, велат стопанствениците.
- Идејата е стара и датира уште од осамостојувањето и е добро ако се реализира. Како деловна заедница, се уште немаме доволно информации за тоа што се планира. Сето тоа треба да има подлога во добра економска анализа, која би го оправдала проектот - вели Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија. Луѓето што се занимаваат со превоз на стока и на услуги велат дека искуствата од другите држави се поволни и можат да се искористат при реализацијата на ваков проект. - Државата нема ниту кадар ниту, пак, искуства во тој сектор, но тоа не значи дека не е можно да се реализира идејата. Доволно е да се консултираат државите што веќе работат на тој принцип, како Швајцарија - вели Зоран Аризановски од Здружението на шпедитери.
Според него, бизнисот со бродовите што би тргувале под македонско знаме, во основа, е исплатлив бидејќи сега компаниите сами или преку шпедитерските организации изнајмуваат бродови за превоз на суровините и на своите производи. - Работиме и за фирми од Косово и од Јужна Србија, што би подразбрало и користење на македонските бродови за превоз на суровините и на производите за нив - вели Аризановски.
Од друга страна, познавачи на поморската трговија велат дека, во услови кога државата нема пари, а проектот планира да го реализира со јавно-приватно партнерство, постои веројатност тоа партнерство да се сведе на обично „изнајмување“ на македонското знаме за потребите на приватни транспортни компании. Од компаниите од металската индустрија и рударството, кои 80 проценти од транспортот на стоката го вршат преку бродскиот сообраќај, велат дека, во основа, идејата е добра и би била поволност за нив. - Ако компаниите, кои сега изнајмуваат бродови од други држави, би добиле поволна цена од домашната флота, нема причина зошто да не ги користат нејзините услуги. Во такви услови многу би им се олесниле работите - вели Александар Панов, директор на „Макстил“.
Само од оваа фирма годишно со бродови се превезуваат меѓу 300.000 и 400.000 тони. Тука се и „Фени“, „Скопски легури“, „Силмак“ како и рудниците „Бучим“, „Тораница“ и „Злетово“.
Економистите велат дека бизнисот е исплатлив, но само ако бродовите што би се изнајмиле, би биле добро искористени. Според нив, не е важна цената под која би се изнајмиле, туку какви ефекти ќе се добијат од нивната експлоатација. Доколку државата има веќе добра анализа за тоа, може да пристапи кон реализација на идејата, велат тие. Но, велат, за да функционира овој проект државата треба да обезбеди и патно и железничко поврзување до пристаништата што ќе ги користи. Коридорот 8 се уште е тесно грло, додека Коридорот 10 не овозможува брз транспорт на стоката до државата и надвор од неа, што, пак, покрај цената на бродскиот превоз, би било поволност кога би се нуделе услугите за државите од соседството.
Стопанствениците и економистите даваат еднаков третман на четирите пристаништа што и се достапни на Македонија: Солун, Драч, Бар и Бургас. - Солун и натаму е најблиската дестинација и во делот на транспортот е најевтина. Но, поволни се и другите пристаништа. Бургас и Бар даваат можност за закотвување на големи бродови, потешки од 50.000 тони, додека Драч, иако најблиско пристаниште, се уште нема капацитет за прием на големи бродови - вели Зоран Аризановски .
Проблем, според стопанствениците, е тоа што до пристаништата во Драч и во Бургас немаме железничка врска, ниту, пак, патиштата се добро организирани. Затоа пред да се почне со реализација на проектот треба добро да се разгледаат сите можности.
И според македонските капетани на бродови идејата е остварлива. - Светот познава силни трговски флоти, кои функционираат на ваков начин. Многу бродови пловат под панамско или либериско или малтешко знаме. Добро е да се направи обид - вели Горан Устијаноски, поручник за пловидба.
Неофицијално, владиниот план предвидува флотата да се формира на основа јавно-приватно партнерство, а во почетокот би имала десетина бродови. Холандија и Грција веќе биле во опција како земји од каде што би се изнајмиле бродовите. Извори од министерството велат дека веќе се разговарало со турски офицери за пловидба, кои понудиле опрема и кадар.