Burn Notice

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ми се допаѓа во нејзе тоа што не е само серија кај што се дига нешто во воздух, има и корисни совети во нејзе за некои работи :icon_lol:, ама да не се заборави во фикцијата можат да се вметнат и реални нешта кои што ќе изгледаат фиктивно. Инаку ова е серија за таен агент или шпион кој што ќе остани без работа заглавен во родниот град Мајами и неговите обиди да се врати назад и да не биде Недоверлив Агент. Еве трејлер:

 
Сум фатил неколку епизоди но едноставно одбивен ми е Jeffrey Donovan (незнам дали ради улогата Changeling или едноставно антипатичен како глумец).
 
Почнав од прва епизода сега ќе видиме како ќе оди за импресии.
--- надополнето: Jun 17, 2011 12:15 PM ---
 
На Mац серијата. :D

Добра е серијата, онака, надпросек како за криминалистичка. Интересна е, со хумор, лесна онака ко за лето совршена. Ја немам цела гледано, зборам од тоа што имам видено, една сезона, а знам и на FOX вртеше..
 
Ја изгледав првата и втората сезона лани, ама не остана време за понатаму. Просечна серија која мене ми мириса дека е инспирирана ос стрип, барем така ми изгледаат карактериве.
 
Ептен ја затупеа и нема веќе смисла "големата приказна", ниту пак љубовни интереси и слично...едноставно, епизодите може се интересни, ама ништо не ја движи серијава.
 
Интересна серија...како што рече и буцио..има корисни совети,а и типот ѕвер е,Мајкл.

Иначе колку сезони има ?
 
Навистина добра серија. Не е она стандардно криминалистичка . А Фи и Мајкл совршено ми се надополнуваат меѓу себе :)
 
Одлична серија според мене, ја загледав случајно на FoxCrime и ептен ми се допадна, многу сум задоволен глумата на Мајкл, серијата е одлична, има добра акција и пред се како што спомна буцио ептен ми го прави меракот кога се опишува тактиката со која се пристапува кон одредена акција.
Лајк за серијава!
 
Ја барав серијава на Кајгана на неколку страни овде, и не успеав да ја најдам. Јас како голем фан на Џефри Донован, и уопште на целата серија сметам дека вреди да ја има запишано во историјата на Кајгана за една од најдобрите акциони серии.
Се вика Burn Notice, се работи за акциона серија во која главна улога игра Мајкл Вестен(Џефри Донован), неговата девојка Фиона(Габриел Анван), и неговиот пријател Сем Екс(Брус Камбел), и неговата мајка Маделин(Шероун Глес).

Мајкл е екс-шпиун на САД, кој одеднаш станува отпишан од сите планови и документи на тајните служби на САД. Тој се буди во Мајами каде ќе се одвива целата серија, и заедно со Фиона и Сем ќе работат на помагање на обични луѓе кои имаат необични проблеми со мафијаши, притоа паралелно со тоа ќе се одвива потрагата по човекот кој го наредил неговото отстранување од тајната служба.

Серијава е стара школа, не изобилува со ефекти и премногу наука, има добри моменти и приказна, посебно ми се допаѓа кога ќе се објаснува тактиката и пристапот кон секоја акција, дознаваш необични работи за кои не си имал појма претходно.
Има доста убави моменти и слики од Мајами, девојки во бикини, и све што е потребно за да задоволството биде поголемо.
Има 5 сезони, ја пуштаа едно време на Фокс Крајм, и тоа е тоа.
burn-notice-stars-burn-notice-1556291-400-300.jpg
114331.97676628_500.jpg
 
Кога ми е потребен фикс за акционо серииче ова е добар избор. Само батали Џефри, Брус Кембел требало да е во фокус ;)
 
Отпрвин кога почнав да ја следам серијата првин ми сметаа споредните работи што требаше да ги прави и сакав да биде сконцентрирана приказната само за тоа кој го изгоре Вестен. Ама поинтересни ми се видеа споредните случаеви отпосле, ме потсеќа целото како сериите од 80-те како А-тим и слични на нив. А не ја ни следам веќе како што треба, од време на време симнувам по некоја нова епизода и гледам.
 
Отпрвин кога почнав да ја следам серијата првин ми сметаа споредните работи што требаше да ги прави и сакав да биде сконцентрирана приказната само за тоа кој го изгоре Вестен. Ама поинтересни ми се видеа споредните случаеви отпосле, ме потсеќа целото како сериите од 80-те како А-тим и слични на нив. А не ја ни следам веќе како што треба, од време на време симнувам по некоја нова епизода и гледам.
Потполно се согласувам, скоро сите кога ќе почнат да ја пратат истото ги нервира, отпосле се увидува уметноста на серијава, затоа и реков дека е стара школа, ептен ми го прави ќејфот.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom