Burn Notice

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Фокс Крајм

Како и да е, интересна серија. Си ја чекам 6-та сезона, за која немам никаква информација кога ќе почне со емитување. Летото ги изгледав 4-те сезони, откако фатив неколку на Фокс.
 
Како и да е, интересна серија. Си ја чекам 6-та сезона, за која немам никаква информација кога ќе почне со емитување. Летото ги изгледав 4-те сезони, откако фатив неколку на Фокс.
Фала за корекцијата, сега поправив и во првиот пост.
Мислам дека имаше инфо за новата сезона дека ќе почнала во лето со емитување.
5та сезона ја имаш гледано?
Ја сум до 3та сезона, пред тоа гледав на Фокс Крајм кога ќе ја начекав.
 
Oваа ми е една од омилените серии. :)
Ја гледав прво на Фокс, ама потоа почнав да ја спуштам од интернет. :P
Едвај чекам да дојде Јуни ( тогаш ќе почне емитувањето ). Последната сезона заврши како cliff-hanger и не можам да дочекам да видам шо ќе се случи. :D

Петтата сезона некако ми беше послаба во споредба со четвртата, но сепак беше добра. :)
 
burn notice добра серија е го имам гледано околу 20 30 епизоди на фокс крајм обично околу 6:00 или 6:30 почнуваше сега не ја дават би требало сега 6 сезона да ја пуштат али најарно ке ми биди да си ги слегнам сите сезони од 1 до 5 од аренабг.цом или замунда.нет мислам дека 4 и 5 та сезона ги гледав али само коа имав слободно време баш убаво што ме потсети на серијава топ е и другиве серии се добри
 
Ептен јака серија, ги иам глеано сите сезони и крајот на 5тата ме остаи со вилицата до земја и сеа едвај чекам да излезе и 6та сезона
 
Фала за корекцијата, сега поправив и во првиот пост.
Мислам дека имаше инфо за новата сезона дека ќе почнала во лето со емитување.
5та сезона ја имаш гледано?
Ја сум до 3та сезона, пред тоа гледав на Фокс Крајм кога ќе ја начекав.

Да, ја изгледав и неа. Пошо летото, евгуст некаде ги гледав првите 4 сезони, оваа ја фатив некаде на средина 7-8 епизода и продолжив регуларно да ја гледам. Како што излегуваше, симнував и гледав.
 
Ги изгледав првите две сезони додека одев на работа и потоа не можев да ги најдам преостанатите. Инаку ми беше убава серија за релаксација и многу ме потсетуваат карактерите на стрип јунаци.
 
Ги имам сите сезони изледано и сум ептен фан на серијава, али ептен досадна ми се причини 5тата сезона иначе го имав спуштено и филмот за серијава The Fall of Sam Axe ама после 10 минути одма го изгасив ми се причини мизеерен...
 
Ги изгледав првите две сезони додека одев на работа и потоа не можев да ги најдам преостанатите. Инаку ми беше убава серија за релаксација и многу ме потсетуваат карактерите на стрип јунаци.
Ако си заинтересиран, можам да ти пратам линкови по ПП за да ги симнеш сите излезени сезони до сега.
На Замунда ги има и во обична резолуција, и во ХД.

@ Dr.House
Јас сеуште ја немам гледано 5та сезона, но ќе дојде на ред и таа.
За филмот потполно се согласувам, сакале нешто да изведат, и да лапнат некој долар, но направиле голем фејл.
 
Фала wot, ондак модераторите нека ја спојат, или пак нека ја избришат мојава кога веќе ја има на Кајгана, јас се утепав барајќи, но ете кој е поумешен..:icon_lol:
И ти препорачувам да не ја чуваш за црни денови, туку фаќај и гледај ја, нема да се покаеш, не само што е чил, одлична е во секоја смисла на зборот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ако си заинтересиран, можам да ти пратам линкови по ПП за да ги симнеш сите излезени сезони до сега.
На Замунда ги има и во обична резолуција, и во ХД.

@ Dr.House
Јас сеуште ја немам гледано 5та сезона, но ќе дојде на ред и таа.
За филмот потполно се согласувам, сакале нешто да изведат, и да лапнат некој долар, но направиле голем фејл.
Ќе ја најдам ако ја има на замунда, имам засега многу за гледање документарци во буксмарк башка и Декстер треба да го догледам. Фала во секој случај.
 
Ја 4те ги изгледав и тоа уште пред некој период и скроз ја забораив до пред некој ден.
Ќе ја симнам 5та деновиве и ќе ја гледам баш ме интересира како продолжува :)
Иначе не е нај нај ама за тепање време е ок.
 
6 сезона имаше премиера вчера после полноќ, и епизодата ја имате по торенти.
 
Уф, едвај ја чекам новава сезона. Сепак ќе почекам целата сезона да излезе по торенти.
Иначе фала за инфо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom