Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прашање до протестантите: (еве да инсинуирам дека е само до Госпоел, но тоа се однесува и до другите протестанти) како се финасирате?
Да појаснам, градење на домови за проповед, уредување на домовите за проповед со намештај, парно, кујна, учество на семинари, печаење на верска литература...?
Во повеќето западни замји, државата го решила тоа прашање, имено постои данок, и кој се изјасни за член на одредена Црква, пример дека е припадник на Католичката Црква, тој плаќа данок, ако е член на некоја протестанска плаќа исто така данок, а државата ги собира тие пари и ги уплатува. Како во Македонија функционирате?
 
Прашај го Чорбаџија. Он е ептен по протестантската организација и пропаганда во земјава. Сеа чекаше некој контингент да му стигне.
Само, го нема нешто у последно време...
Пиши му ПП.

--- надополнето ---

... уште едно циничко сликовито прашање, ако може:

M4jHg.png

Оти, стварно, Симон, па Петар?!?!
 
Двојното име е показател дека ние, човеците, не сме створени само за овој, материјалниов, туку и за другиот, духовниот Свет и конечно, за Рајот и Царството Небесно и Христово.
 
Зошто тогаш другите ги нарекува со земните имиња?
 
...Оти, стварно, Симон, па Петар?!?!

Мислам дека одговорот многу добро го знаеш, но провоцираш дали јас го знам. Еве ти одговор: Човекот Симон, рибар од Капернаум, живееше се до тој момент. Од тој момент повеќе Симон не посоти, тој умре, се роди Петар, нов човек врз кого Исус ја гради својата Црква.
 
Не го знаев ова, озбилно.
Добро, зошто тогаш со останатите не се случува истото?
 
Кои се „останатите„?

Во Црквата на пример, сите свештеници и монаси, покрај своето световно име, кое го имаат во граѓанските документи, имаат и свое црковно име, со кое се именуваа или ги именуваат...
 
Промената на името не е правна работа, мислам на Правото како научна дисциплина, туку промената на името значи дека личноста која го променила своето име, го променил и својот живот. Односно отсега па понатаму, не живее условно „стариот човек“ во него, односно тој „стар човек“ веќе е мртов, а се раѓа нов човек, со ново име кој живее во живиот Бог, Исус Христос. Промената на името е знак, дека таа личност му припаѓа на Бога. Заветувањето на живот во Бога не подразбира и нужна промена на името. Заветувањето се дава на една литургија - во која има света тајна Крштение, на која оној кој што се крштева дава завет за живот во Бога и добива печат од Светиот Дух, а сведок и учител, а во исто време и одговорен за тој пат до Бога е кумот, кој се обврзува дека крштеникот ќе го води по патот на животот.
 
А нели фарисејот-јудеец Савле стана Апостол Христов-Павле?

Мирјаните го задржуваат своето световно име и во Црквата, онака како се крстени, со име одредено од кумот.
 
А нели фарисејот-јудеец Савле стана Апостол Христов и Павле?

Мирјаните го задржуваат своето световно име и во Црквата, онака како се крстени, со име одредено од кумот.

Toj што дојде у Македонија ?
 
Да, Св. Ап. Павле ја покрсти првата македонка, Лидија од Македонија.
 
Прашање:

Какво е христијанското толкување на ЕВАНГЕЛИЕТО СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 25 , 1-10 пасус:

1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.
2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.
3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;
4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.
5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’
7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки.
8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’
9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’
10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
 
Толкувањето е следново:
Секој кој му служи на живиот Бог, кој верува во Пресвета Троица, Отец и Син и Светиот Дух, ќе биде спасен и ќе живее вечно во Царството небесно.
Оние што не веруваат во живиот Бог, во Пресвета Троица, Отец и Син и Светиот Дух, како муслиманите на пример, за нив царството небесно ќе биде затворено, нема да влезат во рајот, туку ќе бидат во пеколот, бидејќи им се навести и даде правата и вистинскаста вера, а тие имаа затворени срца, и не ги наполнија срцата со љубовта Божја. Самите се осудија. Амин.
 
А кај кажал Бог дека ќе биде така ?
Како што можам да протумачам станува збор за мудрите а не тие што верувале.

--- надополнето ---

Патем мала грешка направил Исус, или лошо е препишано.
Неразумни не е спротивно на мудри.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom