Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Имаше спортска телевизија кај нас, Канал 4, ама не им успеа. Едноставно скап проект е, треба многу спонзори да најдеш. Да откупиш неколку спортови ти требаат многу пари.
Не само што нема спортска телевизија туку немаме ни спортски емисии кои ќе содржат преглед на коло, анализи, мислења од спортски струќнаци итн .,каква шо имаше на сител до пред некоја година. За жал на нашите телевизии за спортот се одделува само 5 минути во Вестите и тоа е се!![]()
A zaso e toa taka ? Oti 90 % od vremeto ide za sranjata na SDSM i VMRO .. zemi gi BBC na primer , davaat kompletni analizi , preview-a za prijatelskite ekipi od najniskite angliski ligi , za amaterskite klubovi ..
Зборите за спортска телевизија, а нашите ни оигарси кои веќе имаат телевизии неможат да ги откупат правата за Англиско и за Германско првенство.
Скоро сите првенства од големата 4-ка, Шпанија, Италија, Англија и Германија се по пола милион евра по сезона. Некој ќе каже дека ќе ги врати со реклами, ама за да се оствари тоа, треба цело време во текот на утакмицата да биде поделена еден дел да оди реклама еден дел фудбал. До сега искуството покажува дека ниту една телевизија не ја вратила инвестицијата направена за купување на права за некое првенство, со мал исклучок на Европското Првенство кога Алсат едвај ги покри вложувањата и Светското првенство на МТВ сега што заврши благодарејќи на МаксТВ што им ја откупи трасата за ХД.
Да се навратам за нашите лиги. Најголем рејтинг минатата сезона домашен натпревар имаше Мзт - Работнички од некои си 0,80% (не ми текнува на точната бројка). Се другото, дури и финалето на плеј офот и купот беа со рејтинг околу 0,20%. Македонското првенсто во фудбал на А1 што едвај имаше 1,5% рејтинг (и тоа одеше на телевизија која и на емисијана со Жанко и Сузе има рејтинг од 5%).
Идеа за спортска телевизија едноставно е неизводлива на нашиот пазар, бидејки има многу малку адвертајзери и е тотално неисплатливо да се рекламираш во преносите, бидејќи носат многу малку гледачи, а бидејќи се шабанска држава, турско-венецуелско-индиските сапуници имаат рејтинзи од кои боли глава, а притоа 1 секунда реклама во нив е 3-5 пати поефтина.
А нас, ни останува дека секогаш ќе има некоја храбра телевизија која ќе ни овозможува да ги гледаме најјаките првенства и спортски настани
Не само што нема спортска телевизија туку немаме ни спортски емисии кои ќе содржат преглед на коло, анализи, мислења од спортски струќнаци итн .,каква шо имаше на сител до пред некоја година. За жал на нашите телевизии за спортот се одделува само 5 минути во Вестите и тоа е се!![]()
Помина 2010 помина и 2011 а СпортКлуб ни ги зима парите од претплатата која им ја плаќаме преку операторите (читај-“крадци„). Им имам пишамо на главните на СпортКлуб форумот (модераторите) дали имаат во план да одворат и македонски аудио канал на нивните канали и одговорот им е секогаш ДА веќе 1/2 година. Македонски телеком со своите ќеркички T-Home и T-Mobile ги откупија правата за пренос на Лигата на Шампиони и Лига Европа. Натпреварите ќе се пренесувале на сите нивни платформи MaxTV-IPTV, интернет, мобилен. Сето тоа е добро но кога ќе ги прашате на која телевизија Телеком им ги додели правата за пренос на натпреварите или дали тие имаат во план да отврорат нивна сопствена спортска телевизија тие немаат конкретен одговор. Српските спортски телевизии ArenaSport и SportKlub се во сопственост на најголемите оператори во Србија на TelekomSrbija(AS) и SBB(SK). Дали и нашиот телеком ќе не обрадува со спортска телевизија ќе почекаме уште еден месец до септември 2012 кога започнуваат CL и EL.Спорт Клуб - Србската телевизија најави отварање на ТВ станица во Македонија за месец септември 2010 ,но по разните проблеми што им се случиле ,а не се познати кои се тие ,се највува во 2011 година!:tv: