Спортска телевизија во Македонија

Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Интересен проект,но не верувам дека ќе се исполни во блиска иднина.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Имаше спортска телевизија кај нас, Канал 4, ама не им успеа. Едноставно скап проект е, треба многу спонзори да најдеш. Да откупиш неколку спортови ти требаат многу пари.
Добра телевизија беше али кратко треше. Плус се појави во лошо време, кога не се знаеше кој јаде кој пие.

Не само што нема спортска телевизија туку немаме ни спортски емисии кои ќе содржат преглед на коло, анализи, мислења од спортски струќнаци итн .,каква шо имаше на сител до пред некоја година. За жал на нашите телевизии за спортот се одделува само 5 минути во Вестите и тоа е се! :toe:
Пробува филе нешто со ТОПКИ али некако како само за барса да му е наменета. Цела сезона најмногу за тоа даваше. Друго нешто успат ќе даде ако нема ншто во врска со барса или колку да не биде апла.

A zaso e toa taka ? Oti 90 % od vremeto ide za sranjata na SDSM i VMRO .. zemi gi BBC na primer , davaat kompletni analizi , preview-a za prijatelskite ekipi od najniskite angliski ligi , za amaterskite klubovi ..
Не само за нивните срања туку и за овие сапуници кој ги плаќаат буквало за 50 евра каде имаат по 300 епизоди и ќе си земат 2-3 и така за неколку месеци пополнет програм.

Девојка ми е во швајцарија и кажува дека гледала интересни емисии како "how is made", потоа некој си натпревар за издржливост и сл. А и тука има али од серискиве не ни знае ни пак има време да сврти на еуро спорт. Уште многу такви има кој освен Пинк и Бандини ништо друго не знаат.

Е сега ние сме мал "пазар" поточно имаме малку жители. И би требало според тоа цените за откуп да се помали. Незнам дали е така, ако не е тогаш тоа не е во ред. Друго незнам но мислам дека и државата е крива што МТВ ја уништија (а и ние имаме удел во тоа да бидеме реални), али реално да правиме моабет додека беше МТВ "јака" си гледавме и англиско и лига на шампиони. Е сега знам дека не оде напред со тек на времето но тоа е поради тоа што како што добро знаеме МТВ пропаѓаше а никој не ни проба да ја опрае работата. Сите кажуваат за ХТВ како се јаки но тамо сите си плаќаат а никој не краде. Е кога така би било и кај нас тогаш ќе имаме квалитетна телевизија па после приватниве нака си даваат бандини и реклами за хедис колку им душа сака. Гледа во последно време малку се опрае работава кај МТВ и сигурен сум додека не се среди таа телевизија не очекувајте од приватниве нешто напредок освен доколку немаат корист од тоа. А додека има шехерезад и бандини народ кај нас ќе е вака и да не очекуваме дека ќе имаме нешто квалитетно за спорт.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
imase vakov proekt kaj nas so sport4 tv no ne izdrzaa za vakov proekt treba mnogu pari i kaj nas nema nikoj da dava pari mesecno ke gledaat pak na drugi stranski tv
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
104
Поени од реакции
20
Зборите за спортска телевизија, а нашите ни оигарси кои веќе имаат телевизии неможат да ги откупат правата за Англиско и за Германско првенство.

Скоро сите првенства од големата 4-ка, Шпанија, Италија, Англија и Германија се по пола милион евра по сезона. Некој ќе каже дека ќе ги врати со реклами, ама за да се оствари тоа, треба цело време во текот на утакмицата да биде поделена еден дел да оди реклама еден дел фудбал. До сега искуството покажува дека ниту една телевизија не ја вратила инвестицијата направена за купување на права за некое првенство, со мал исклучок на Европското Првенство кога Алсат едвај ги покри вложувањата и Светското првенство на МТВ сега што заврши благодарејќи на МаксТВ што им ја откупи трасата за ХД.

Да се навратам за нашите лиги. Најголем рејтинг минатата сезона домашен натпревар имаше Мзт - Работнички од некои си 0,80% (не ми текнува на точната бројка). Се другото, дури и финалето на плеј офот и купот беа со рејтинг околу 0,20%. Македонското првенсто во фудбал на А1 што едвај имаше 1,5% рејтинг (и тоа одеше на телевизија која и на емисијана со Жанко и Сузе има рејтинг од 5%).

Идеа за спортска телевизија едноставно е неизводлива на нашиот пазар, бидејки има многу малку адвертајзери и е тотално неисплатливо да се рекламираш во преносите, бидејќи носат многу малку гледачи, а бидејќи се шабанска држава, турско-венецуелско-индиските сапуници имаат рејтинзи од кои боли глава, а притоа 1 секунда реклама во нив е 3-5 пати поефтина.

А нас, ни останува дека секогаш ќе има некоја храбра телевизија која ќе ни овозможува да ги гледаме најјаките првенства и спортски настани

САМО ЕДНО БРАВО ЗА ПОСТОТ

ПО РЕАЛНО ОД ОВА НЕМОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ

ДА НЕ СЕ ЗАНЕСУВАМЕ ...

МАКЕДОНИЈА 2.милион жители. Canal + Fra само во Париз има 1,2 милиони претплатници по 50-70 ЕуриЌи месечно и после тешко им е да купат фудбал, баскет, ракомет или пинг-понг... Јасно тие нема да платат Милионче за Англиско (бајги поскапо) ама ќе го наплата минимум со 10% под цената на претплата а останатото се разбира реклами само пред на полувреме и по пренос (зборам за фудбал)...

Е сеха шо кај нас да речеме Т-Home и Т-Mobile се најголеми потрошувачи на рекламен простор а најголемиот дел од рекламите им се во Вести и сриски филмови ПА СЕГА ВИЕ ПРЕСМЕТАЈТЕ дали и чичко Руперт Мурдок би отворил Спортски канал во МКД (човекот проба со Фокс ТВ во белград па по 2 години свати дека Србија е мал пазар) КАДЕ СМЕ НИЕ - МАКЕДОНИЈА
 

Black

Еxtravagangsta
Член од
4 февруари 2009
Мислења
121
Поени од реакции
7
Треба изгледа да дојде некој од надвор кај нас па да ни ја оправи работава и да ни ги земе парите нормално затоа што кај нас никој не се интересира за тоа. Сепак народната маса повеќе ја привлекуваат шпанско индиско турско татарски сапуници и слични бљувотини. Најново што се шушка дека Спорт Клуб ќе иде и на македонски. Веќе познато е дека баш они ги имаат откупено правата за пренос на Премиер Лига на ниво на Екс Ју терен така да ако дојдат кај нас очекувано ќе си плаќаме за да гледаме фудбал поштено. Утеха ми е барем дека нема на сред прослава за гол да ми се појави реклама за најновиот супер прашок на Хедис :D.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.547
Поени од реакции
9.457
И тоа е така. Затоа можеби оваа идеја треба да и се препушти на некоја голема компанија од овој бизнис која работи на многу поголемо подрачје, како на пример за спорт клуб. И така ги има откупено правата за цел Балкан, му треба само екипа за да да го врши преносот на македонски. Така би било најдобро.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
60
Поени од реакции
1
Не само што нема спортска телевизија туку немаме ни спортски емисии кои ќе содржат преглед на коло, анализи, мислења од спортски струќнаци итн .,каква шо имаше на сител до пред некоја година. За жал на нашите телевизии за спортот се одделува само 5 минути во Вестите и тоа е се! :toe:
Точно е, ама сте ја заборавиле Ла Лига на Алфа, според мене емисијата е одлична, и е супер вовед во предстојното коло. Содржи се што би ги интересирало оние кои ја следат Примера. Покрај тоа и најавата на сезоната што одеше денес беше топ, ретко се гледа такво нешто кај нас.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Македонија е 2 милиони жители, одними 500.000 илјади се Албанци кој ја следат платформата DIGITALB i TRING DIGITAL во склоп на овие две платформи има 8 спортски канали SUPERSPORT 1,2,3,4,5 i SUPERSPORT HD 1 i 2 ( пренесува СЕРИЈА А, Бундес Лига, Премиера, Француска Лига, Лига на Шампиони, ЛИГА Европа, Португалско, Албанско првенство и голем број врвни спортски настани), a ima i TRING SPORT (ги поседува правата за Премиер лига и Грчко првенство).
Во склоп на ТОТАЛ ТВ има исто голем број спортски канали: Arenasport 1,2,3,4 ( Serija A, Spansko, Francusko, Jelen Super Liga, Liga na sampioni i evropa liga, Brazilska liga, NFL, Grcko prvenstvo) plus Eurosport 1, 2 ( na srpski ..prenesuva germanska liga) i na kraj SPORT Klub, SPORT KLUB HR, SPORT KLUB+ ( Anglisko prvenstvo, Belgisko , Holandska liga, MOTO GP, ATP TENIS, Ruska Liga, Portugalska Liga, Argentinska Liga i MLS - USA )i LIG TV ( Tursko prvenstvo )....ovaa e dostapno samo treba malku da se rasprasate na P
P...pozdrav
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
76
Поени од реакции
1
Спорт Клуб - Србската телевизија најави отварање на ТВ станица во Македонија за месец септември 2010 ,но по разните проблеми што им се случиле ,а не се познати кои се тие ,се највува во 2011 година!:tv:
 
В

Вори

Гостин
Не е проблем ќе почекаме до 36 коло,па последните 2 кола нека ги пренесуваат.
Да им се пљукнам и нив,и на македонскиве телевизии,па и оператори.
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
76
Поени од реакции
1
Мене искрено не ми пречи што ниедна телевизја не прави пренос .... Манчестер го пратам на интернет со кабел лап топот у ТВ и исто ми е :)
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Спорт Клуб - Србската телевизија најави отварање на ТВ станица во Македонија за месец септември 2010 ,но по разните проблеми што им се случиле ,а не се познати кои се тие ,се највува во 2011 година!:tv:
Помина 2010 помина и 2011 а СпортКлуб ни ги зима парите од претплатата која им ја плаќаме преку операторите (читај-“крадци„). Им имам пишамо на главните на СпортКлуб форумот (модераторите) дали имаат во план да одворат и македонски аудио канал на нивните канали и одговорот им е секогаш ДА веќе 1/2 година. Македонски телеком со своите ќеркички T-Home и T-Mobile ги откупија правата за пренос на Лигата на Шампиони и Лига Европа. Натпреварите ќе се пренесувале на сите нивни платформи MaxTV-IPTV, интернет, мобилен. Сето тоа е добро но кога ќе ги прашате на која телевизија Телеком им ги додели правата за пренос на натпреварите или дали тие имаат во план да отврорат нивна сопствена спортска телевизија тие немаат конкретен одговор. Српските спортски телевизии ArenaSport и SportKlub се во сопственост на најголемите оператори во Србија на TelekomSrbija(AS) и SBB(SK). Дали и нашиот телеком ќе не обрадува со спортска телевизија ќе почекаме уште еден месец до септември 2012 кога започнуваат CL и EL.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom