- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
Резолуцијата за Косово ги налути САД
Руско-грузиската војна и сецесијата на Абхазија и Јужна Осетија целосно ја разбија американската теорија и Вашингтон сега е лут бидејќи со својата политика не го постигна посакуваниот резултат, истакна Тед Карпентер, потпретседател на Институтот „Като“ од Вашингтон
САД ќе се обидат да го спречат усвојувањето на резолуцијата што Србија ја поднесе во Обединетите нации, а ќе го употребат и своето влијание во Европската Унија и во меѓународните институции на штета на Србија, изјави Тед Карпентер, потпретседател на Институтот „Като“ од Вашингтон, јави МИА.
Тој наведе дека е можно заладување на односите меѓу САД и Србија бидејќи во Вашингтон се лути оти очекуваниот исход на американската политика за нов бран признавања на Косово изостанува.
- Ниту уследи бран на брзо признавање на Косово ниту се остварија тврдењата на американските власти дека косовската декларација за независност нема да биде преседан во меѓународниот систем. Руско-грузиската војна и сецесијата на Абхазија и Јужна Осетија целосно ја разбија американската теорија и Вашингтон сега е лут бидејќи со својата политика не го постигна посакуваниот резултат - истакна Карпентер.
Тој рече дека САД не можат значително да ја загрозат Србија, но оти можат да го искористат своето големо влијание во меѓународните институции.
- САД не можат директно да и' нанесат голема штета на Србија, но затоа можат негативно да влијаат на можните кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и од Светската банка, бидејќи имаат големо влијание во тие институции - наведе Карпентер.
САД мислеа дека признавањето на независноста на Косово ќе овозможи влез на сите поранешни југословенски републики во ЕУ и конечно смирување на тензиите во регионот.
- Тоа е претпоставка во американската политика кон Балканот веќе петнаесетина години. Лично мислам дека тоа е прилично наивно - потенцира Карпентер.
Јеремиќ не очекува успех во ОН
Напорите на Србија да обезбеди поддршка за својата резолуција за Косово во Генералното собрание на ОН граничат со невозможното, но Белград ќе стори се' што е можно за да ги убеди членките на светската организација дека е во право, изјави шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ.
Делегација на Србија предводена од Јеремиќ минатата недела одржа повеќе од 40 билатерални средби со претставниците на членките на ОН со цел да се сведе на минимум бројот на земји што би можеле да го признаат Косово.
- Ги запознавме соговорниците со мислењето на Меѓународниот суд, кое во ниту еден дел не и' дава право на Приштина за сецесија од Србија - рече Јеремиќ.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D7CC2C93FE65DA4994AC38D9FD6C3E84