Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Супер меч,конечно изгледаме како Барса хехе...Само сега на 2то полувреме аман пак да не има некои 13 измени како што знае Пеп да направи.
Педро многу злабо,како да е изморен и како да не знае што да прави со топката.....
Вила добар,даде гол но утна некои 2-3 чисти шанси за гол.....
Чави-Иниеста газди на теренот...
Тиаго-мал маестро,само тој прави нешто за да мечот земи поени во поглед на атрактивноста,му ги скрше кичмите,добра измена за Меси хехе....
Ме изненади Адриано,многу стабилен и одлучен...
Супер е вака што барем еден меч пред супер купот изигравме приближна истата препознатлива формација...
Ајде и во 2то исто нека продолжат и некое голче од Педро да видиме за да му се врати самодовербата....
--- надополнето: Aug 6, 2011 10:06 PM ---
Пак Пеп со младинциве во второто, освен Делофоу (се извлече со асистенција) и Фонтас,другите не знаат кај терат....честито победа....2-0...Виља,Кеита....
 
Ајде од понеделник комплетни !

Само што побрзо да се опорави Пујол ни треба многу дупка ни е одбраната за купот мислам дека повторно Маскерано ќе игра штопер !
 
Ај честито нека е, иако многу многу не се замарам со пријателскиве, од 14ти почнува главново.
 
Не го гледав овој натпревар, не можам да коментирам ништо. :D
Туку, Тиаго некое крило да не играше??
Утре напладне(т.е. уште 10 часа) играчите се враќаат во Барселона. Иначе, Меси е веќе во Барселона, со Пујол не знам што е работата.
Нареден натпревар ни е веќе во понеделникот, играме 1/2 финале од некаков Каталонија Куп, против Гирона, а потоа, на 14ти, одиме на Бернабеу да видиме дали Мадриѓани напредуваат нешто или пак ќе си ги преслушуваме. Во случај да планот на Бернабеу не ни е 100‘% успешен, три дена подоцна, на 17ти имаме шанса за поправен, на нашиот Камп Ноу. Се надевам пред нашата публика, ќе си го кренеме трофејот во Супер-Купот.
 
Нека се батали Цеск а нека се купи некој солиден стопер, ме плаши работава со Пујол...:mad:
 
Не ја гледав утакмица и неможам да коментирам како сме изиграле, нека е честито и нека ни се множат..
Во тимот очигледно е дека ни треба еден резервен стопер, мора да се има соодветна замена за Пујол и Пике.. Цеск нека си e*e матер, не ни треба.. нека скапува таму во Арсенал.
Еден стопер по можност и одиме по 3те фронта и оваа сезона.:cuc:
 
Одлично одиграа, Тиаго е веќе ол-раунд играч. Синоќа играше десно крило, лево крило и плејмејкер по излегувањето на Чави.. и на сите позиции играше фантастично.

Делофеу>Афелај. Младичов влезе 15мин пред крај, му асистираше на Кеита за голот а имаше уште неколку добри влезови.
Интересно ми е што кога Меси ги имаше првите настапи во Барселона, носеше 30ка на грбот. Лани Тиаго дебитираше со 30ка, и вчера Делофеу погодете со кој број играше :)
 
Видете што направил Валдес :)

--- надополнето: Aug 7, 2011 5:44 PM ---
А ова :drk:

 
Иниеста на крајот ја згреши! :LOL:
 
Од денес веќе на тимот му се приклучуваат Санчез, Меси и Маскерано. :)
 
Од денес веќе на тимот му се приклучуваат Санчез, Меси и Маскерано. :)
Од денес веќе е забрането гледање на Барселона за лица помлади од 18 годинин (во некои држави и 21 година) поради голема доза на експлицитни сцени :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom