Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.179
- Поени од реакции
- 2.859
- Возраст
- 40
Руските инвестиции во Македонија, освен во нафтената индустрија,продолжуваат успешно да се шират и во другите сегменти на енергетскиот сектор, како и во металургијата. Како резултат,пред се од глобалната економска криза, увозот од Русија лани беше намален за 46 отсто, но истивремено не се преќина трендот на пораст на руските инвестиции во Македонија.
Инаку, ние оттаму го убезуваме речиси севкупното гориво за потребите на земјава, поточно 97% од нафтата. Македонија само врз таа основа годишно издвојува околу една милијарда долари. Притоа порастот на годишно ниво изнесува 17 отсто.
Најголемата Руска инвестиција во Македонија е онаа на руската компанија Лукоил која во Македонската економија досега има инвестирано 32 милиони долари. Таа има изградено и пуштено во употреба 11 бензински пумпи, а до крајот на годинава планира нивниот број да го Зголеми на 15. Во моментов оваа руска компанија покрива осум посто од малопродажниот пазар на гориво. Покрај сопствените станици, со гориво се снабдуваат уште 40 бензински пумпи на територијата на Македонија. Во 2009 Лукоил во македонскиот буџет уфрли 1,5 милијарди денари или околи 35 милиони долари.
Оваа компанија е заслужна и за воведувањето на моторното гориво од типот ЕУРО 5, укинувањето на увозните давачки за дизел горивото еУРО 5 и либерализација на извозот на останатите моторни горива што ќе се реализира од почетокот на наредната година.
Компанијата Солвеј пак со Руски капитал успешно врши експлоатација на оловно-цинкова и бакарна руда. Рудникот Саса секоја година преработува 879 илјади тони оловно цинковна руда, а во него работат 900 луѓе.
Инвестициските програми и техничката опременост на рудникот и овозможија на компанијата во најкритичниот период на Глобалната криза да го зачува нивото на производство и да не отпушти ниту еден работник.
Оваа компанија секоја година во капитални објекти инвестира два до три милиони евра, а вкупниот обем на директни инвестиции на компанијата од 2005 година досега изнесува повеќе од 30 милиони евра.
Изградбата на енергетскиот објект - теплоелектростаница со парагасовен цикл ТЕ-ТО е инвестиција на компанијата Синтез. За две години инвестирани се повеќе од 100 милиони евра, а во изградбата на објектот вклучени се македонските градежни фирми Бетон, Факом и Гама.
Руската енергетска компанија Силовие машини на крајот на минатата година склучи договор со македонската компанија ЕЛЕМ за реконструкција и модернизација на трите блока РЕК Битола. Овој договор е во вредност од 56 милиони евра, а реализацијата на проектот треба да биде завршена за три години. Така со реализацијата на овој проект РЕК Битола во следните 20 години ќе може да ја снабдува Македонија со електрична енергија.
Статистичките податоци покажуваат дека во периодот од 2003 до 2008 година обемот на стоковна размена меѓу Македонија и Русија се зголеми за повеќе од петпати, така што во 2008 година изнесуваше речиси една милијарда долари.
Извор www.biznis24.com.mk
Мојот резон е следен:
Ако Русија ја запре испораката на нафта и гас кон Македонија дали ќе може Македонија тогаш да се снабди со нафта од Западот