H
HITCH
Гостин
Во Отава првпат годинава македонскиот празник Илинден официјално ќе биде одбележан од владата на Канада.
Церемонија во организација на канадскиот протокол досега била приредена само за националните празници на САД, Франција и Швајцарија, соопшти Амбасадата на Република Македонија во Канада.
Македонија е петта земја за која ќе свири оркестарот на Кралската гарда во свечени униформи и со традиционалните шкотски гајди. Прославата ќе се одржува пред Канадскиот парламент, а оркестарот на Кралската гарда ќе свири македонски и канадски песни.
- Во оваа прилика пред стотици Македонци кои организирано доаѓаат од Торонто, Отава и од Монтреал, како и пред видни претставници на канадското општество ќе се одвива и протоколот на менување на знамињата. По овој настан, гостите со македонски и канадски знамиња ќе се упатат на свечен прием во организација на македонската амбасада во Отава, информира Амбасадата.
Претходниот ден, 1 август, ќе биде одржан и традиционалниот илинденски пикник во близина на Торонто, на кој се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади Македонци. Таму свечено ќе се обратат амбасадорот на Македонија во Канада Љубен Тевдовски и претседателот на организацијата „Обединети Македонци’ Мендо Бакаловски.
Извор
Потврда за добрите односи помеѓу Македонија и Канада е прославата на големиот Македонски празник Илинден. Уште повеќе ме радува веста дека сме само петта држава во светот на која Канада и оддава ваква почит на толку високо ниво. Кога во Квебек се гласаше на референдум за отцепување од Канада, Македонците кои живеат таму гласаа против таквата одлука и придонесоа Канада да остане во овие граници. Неколку години подоцна Канада својата благодарност ја искажа со признавање на Републука Македонија под нашето уставно име. Сега повторно Канада им се заблагодарува на Македонците почитувајќи го нивното потекло, но и допринесот кој го даваат во Канадското општество. Ова значи дека Македонците треба да ја продолжат позитивната афирмција во светот, бидејќи имаме поддршка, а не сме оставени сами како што сакаат да не прикажат.
После прославата на Илинден во Офчаране уште една прослава на големиот многу значаен празник за Македонија и Македонците, но овој пат на многу повисоко ниво.
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ, КАДЕ И ДА СТЕ!