Кога сме кај боите, не е се во тренди облеката, туку и во нејзината боја, така да.. обрнете внимание за следниот шопинг.
1.
Црна - класична, елегантна.. со оглед на тоа што се подготвуваме за постудени сезони, сосема е јасно зошто дизајнерите обрнале повеќе внимание на темни бои како црната, која е најпопуларна.
2.
Бела - симпатична, феминистичка.. оваа боја зрачи со позитивно расположение, а воедно е и контраст на црната. Премногу темно не е добро.
3.
Црвена - оваа боја е најсекси од сите. Жена во црвено е, секако, во центар на вниманието. А зарем не се стремиме сите кон тоа?
4.
Жолта - чудесна боја, одлична за експериментирање нови изгледи со различни нијанси.
5. Ноќни палети со пригушени бои и длабока црна, сива, виолетова и темно сина, халуциногена зелена, свенлива розова, ладна кафена и разгорен гранит. Бакар и злато. Кашмир, волна, синтетика.. симболи на софистицираност комбинирани во рок, панк дух.
6. Индустриски бои : сив и розовкаст цемент. Палета на есен каде акцентот е ставен на материјали кои асоцираат едноставност, компактност и префинетост. Индустриски легури: неутрална, темно сина, железно сива и кафена. Беж, темна бронзена.. природни бои.
7. Ретро англиски стил од прозрачни бои, зеленкста, сива и темно црвена. Розова, "мармелад" боја, анасон, боровинка, тула-црвена, окер, кадифена, избледена сина. Дезен на таписерија, скапоцени ткаенини (свила) и памук во барокниот стил на 18-иот век.
8. Месо-боја, месести тонови, контраст на графичко црно и бело, мед боја.. синтетика, сатен, ликра и мекост.
* Комбинации од топли и позитивни бои со чувство на блескавост, покрај сјајот е и металик бојата како есенцијал.
* Предивата и ткаенините подеднакво изразуваат развиен интерес за создавање површински ефекти од сите видови: текстура, сјај или мулти-бои.
* Акцентот на влакна е исто така важен, но не е изгубен во некоја комплицирана мешавина. Специфичноста на предива може да биде претставена токму преку влакната, било тоа да е мохер, раскошна свила или волна.
Со еден збор, must have за оваа сезона се овие бои
Земајќи го фактот дека чевлите не се ништо помалку важни од облеката, од суштинско значење е да се знае кои се тренди чевли за претстојната сезона.
Крзнени
Чевли со врвки
Чевли со каивчиња
Класичните салонки
Сите сакаме да изгледаме модерно, но тоа би било невозможно без да се знаат современите тенденции во модниот свет.
Ролки - иако се чини дека се едни од модните парчиња кои не можат да бидат секси, за оваа сезона ролките се "жежок" тренд. Но, зависи од тоа кој како ги носи. Пробајте со комбинации од бои и фанки модни додатоци, така што ролката ќе се претвори во стилско парче.
Високи јаки - не само што се модерни, туку и практични. Покрај тоа што ве прави да изгледате модерно, високите јаки ќе ве топлат од студените зимски ветрови.
Долги фустани (maxi dress) - женственоста секогаш ќе биде модерна. Значи, дами, ако имате потреба да се чувствувате така, нежен, долг фустан е добра опција. Има различни стилови, па сами ќе одлучите кој одговара на вашата фигура.
Војнички изглед - како огромна разлика од останатите е војничкиот стил кој станува се повеќе популарен кај жените во целиот свет. Дури и Жизел Бундшен беше облечена во војничко за фото сесијата на Вог.