Inception (Можни спојлери!)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Prestige беше одличен филм се додека не се појави Никола Тесла и целиот филм пребега во sci-fi.
А и да не зборувам за големите дупки во приказната.
--- надополнето: Nov 6, 2011 1:13 AM ---

Inception не е уништен, тој филм одлично го прави тоа за што е наменет, а тоа е да изгледа нешто што воопшто не е, комплициран и генијален.
Нолан и неговата јака маркетиншка кампања, зачинета со шарлатански филм и продавање слика дека филмот е премногу паметен за да биде сфатен успеаја да заработат скоро милијарда долари.

Среќа Кјубрик умре на време да не види во каква состојба е Холивуд денеска.

Исто и MATRIX го заебаа со Sci-Fi.
 
шо да објаснам? во врска со тотемот? тоа шо не догледуваш дали паѓа?
режисерот сака да те збуни, да те остави во недоумица, затоа го прекинува филмот пред да видиш дали ќе падне или не.
инаку тотемот се вртеше, но и почна да се клати.

Тотемот се вртел, паѓал, вртел кривини не е битно, битно е што Коб е среќен :pos::pos::pos:
 
Долго време ( мислам дека 2-3 години се во прашање) во компјутерот имав еден фолдер од 10 гига насловен Inception.

Е конечно и јас го излгедав овој толку коментиран филм, веројатно сум еден од последните на форумов. Филмот е одличен, интересен, но Нолан има и подобро филмови, тука нема збор. После гледањето ја прочитав темата и видов дека некој направи споредба со Mulholland Drive.

За мене нема дилема дека MD е многу подобар филм, целиот концепт на соништа и алтернативни реалности Линч многу подобро го има обработено и не само во MD, туку и во другите негови филмови. И најважно MD e тотално непредвидлив, Inception освен дилемата кој во чиј сон и како влегол е горе-долу предидлив и може да се насети како оптприлика би завршил филмот, дури и последната сцена со тотемот мене ми беше јасно како ќе биде изедена уште во моментот кога се разбудија во авионот.

Но се на се, пак кажам, одличен филм, ептен брзо ми помина времето гледајќи го филмот, а тоа е секогаш добар знак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom