Осаменоста како причина за пораст на виртуелните врски и состаноци

  • Креатор на темата Креатор на темата Koko Roko
  • Време на започнување Време на започнување
Осаменоста не е причина!

Недостигот на самодоверба и социјализација е!

па за тоа зборам бе недостиг на самодоверба е една од причините како комплекс од пониска вредност поради лошото искуство од детството или од минатото лошо друштво има други причини:wink:
 
Немав што да правам па чачкав по некои сајтови и особено обрнав внимание на ergeni.com.mk.
Мислев дека е зезанција, но таму има стварно озбилни луѓе што мислат дека ќе најдат врска и некои од нив се навистина очајни. Се прашувам колкави си шансите да стапат во врска едни со други?

едит:дополнување
Леандра


Осаменоста е тешко чувство,да немаш со кого да споделиш импресии,настани,дешавки.Но зарем тоа е причина да се посегне по виртуелноста?Зарем луѓето почнаа да се отуѓуваат еден од друг до тој степен што се продаваат на берза?
Треба да им се смееме?Ние сме дел од нив?Чаре? :)


Виртуелноста не е отуѓување еден од друг туку проширување на хоризонтот за запознавање на други луѓе, знам неколку примери што завршиле со брак и тоа барем сега за сега доста успешни бракови... и луѓето кои што се со обврски и повозрасни ја немаат таа привилегија да излезат во некој клуб да запознаат некого...
 
Токму така самодовербата , осаменоста, депресијата и понекогаш и изгледот се најголеми причини поради кој луѓето почнуваат да бараат виртуелни врски... Гледам спомнавте она со ергени но јас мислам дека девојките повеќе бараат виртуелни врски...Таков пример јас имам на фацебоок каде што често се случува некој муслимански девојчиња од екипет да ми пишуваат да се запознаеме... можеби и поради религиијата а можеби и поради семејствата....

Сум за запознавање на пријатели, но врски на нет НЕ!
 
Виртуелноста не е отуѓување еден од друг туку проширување на хоризонтот за запознавање на други луѓе, знам неколку примери што завршиле со брак и тоа барем сега за сега доста успешни бракови... и луѓето кои што се со обврски и повозрасни ја немаат таа привилегија да излезат во некој клуб да запознаат некого...
И јас знам случаи кои завршиле со брак на луѓе кои се сретнале на ваков начин.Со предрасуди нигде не се стигнува.
 
По мене османеоста не е причина да се бара спас во виртуелни врски

Осаменоста е само симптом на недостаток од емотивна исполнетост или било какво чуство кое ќе направи да се чуствуваш среќно/ убаво

Осамноста не се лекува - се лекува причината - која доведува до тоа

Не дај боже да си има човек работа со очајни луге - бидејќи - нивната несигурност - ќе исплива на површина кога - тогаш

Е, сега , за комбнацијата очаен - очајна - нема да коментирам бидејќи не сум била и не дај Боже да бидам во таква комбинација

Поздрав до сите кои се чуствуваат очајни и предлагам да го направат следново

1. да излегуваат што почесто со пријатели кои се сингл
2. да имаат хоби (џогинг, курс по јазици ..)
3. да помислат секогаш кога им е тешко - дека постои и потешко - не дај Боже - да немаме здравје

Ај чао и ве молам не губете надеж
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom