Не би рекол. Напротив.
Во Америка има агенции што се занимаваат баш со тоа, т.е. да им „стројничат“ на луѓето да се спојуваат едни со други. Луѓето ги оставаат своите генералии, потоа интереси и слично, а агенцииве употребуваат доста сложени алгоритми на спојување на интереси и, според рекламите, доста се успешни, т.е. луѓето си ги наоѓаат своите партнери од соништата. Е сега, колку е тоа трајно не е кажано, а и колку агенцијата од тоа прави пари исто не е кажано (веројатно секоја си има своја тарифа...)
Тоа е веројатно како човек да е спортист: ги има тие-и-тие карактеристики и ќе се пријави во тој-и-тој клуб, т.е. агенција, и ќе го постават на таа-и-таа позиција, т.е. да биде со тој-и-тој партнер. Потоа, ако добро се снајде на таа позиција, му се дава целосна слобода да прави што сака со партнерот (т.е. двајцата да прават што сакаат), а ако не се снајдат добро, агенцијата добива лоши критики, што ѝ го намалува угледот, па луѓето би побарале друга агенција. Чист капитализам. Со други зборови: ако агенцијата сака да опстане, од петни жили ќе се труди да им најде на луѓето кои се пријавиле во неа соодветни парнтери, т.е. да ги спои како што треба.
Едноставно, начинот на живот е таков: се цени само кој колку ќе постигне, а не кој со кого е и како живее. Бидејќи е така, сè повеќе вакви сајтови и агенции ќе се јавуваат. Тоа е нормално и не треба да нè чуди, ниту пак да им се смееме на луѓето кои таму се пријавуваат - едноставно немаат време (а можеби ни способности) сами да си најдат партнери, па бараат помош.
Оној, на кој не му треба таква агенција или сајт, е среќен човек. Оној, кој им се смее на таквите луѓе, има големи шанси да стане како нив. Затоа внимавајте како се поставувате во однос на тие сајтови, агенции и луѓе.
--- надополнето ---
Леандра
Осаменоста е тешко чувство,да немаш со кого да споделиш импресии,настани,дешавки.Но зарем тоа е причина да се посегне по виртуелноста?Зарем луѓето почнаа да се отуѓуваат еден од друг до тој степен што се продаваат на берза?
Треба да им се смееме?Ние сме дел од нив?Чаре?
Ние *сме* дел од нив, со самото тоа што на таквите луѓе, па и едни на други, си даваме поддршка и си возвраќаме на пораките. А не верувам дека некој од овде присутните има проблем да сподели импресии и настани - Драга Кајгана најдобро знае. :smir:
Луѓето посегнуваат по виртуелноста зашто, поради некоја причина, не посегнуваат по реалноста - дали се длабоко разочарани или уплашени или што и да е - виртуелноста им дава подобар начин да си ги споделат мислењата и да бидат она што се. Јасно, не можат целосно да се реализираат во виртуелноста и тоа го знаат, но се задоволни со толку, поради која и да е причина.
А сите „се продаваат на берза“, само различен е начинот: некој се облекува провокативно до тој степен што секое движење му/ѝ зрачи со зборовите „ајде да имаме секс вечерва“, други пишуваат на форум, трети држат јавни говори итн.
Чаре? Многу настани, многу често, масовно за цело село: фрлање домати едни на други, масовно пиење, групно одење на концерти, влегување на луѓе по дома и јадење и пиење на сè што имаат итн. Со други зборови: физички контакт, макар и разговор лице во лице. Потстрек на луѓето да почнат да комуницираат со други луѓе наместо со компјутерот, па макар другиот човек да бил сретнат преку Интернет. Поглед, допир, здив... чувство на друго човечко суштество, во непосредна близина, на секој можен начин... Кајгана собиранки, зошто да не...