Европско првенство во кошарка 2010 за жени до 20 години - Кавадарци, Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MacedonianSun
  • Време на започнување Време на започнување
Еј па кај живеам јас....:nesvest: абе овие денови приметив низ град девојчиња спортски облечени шетајки во група, и ете ти европско првенство во кошарка а јас немам поима...
 
Kонечно победа на Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20години.
Денеска беше совладана репрезентацијата на Австрија со 18 коша разлика во вториот нивни дуел за позицијата 9 на ЕП. Со оваа победа ги надминавме деветте коша негатива од првиот натпревар и на крај од првенството сме на деветото место, што е за една позиција подобро од минатиот европски шампион на кој бевме домаќини и го зазедовме последното место, а и издвојувавме прва победа во оваа конкуренција(до 20години), до сега немавме ни една.

Кај нас стандарт најдобра Антиќ со 25 коша, го задржа просекот.
 
Честито нека им е. Прва утакмица ја да не отидам и одма тепат. Туку не ми е јасно како два пати по ред се одржува ова првенство во Македонија ?
 
Конечно стигнавме до победа...Губевме по првото полувреме и си реков и оваа ќе ја паднеме, но добро е се вратиле во третата четвртина и го нулирале а и поведиле.
Колку толку 9-то место :) Ајде честита нека им е.
 
Од 10 репрезентации на домашен терен, вадиме 9 место, добро е напредуваме.
 
Велика Британија го освои првото место откако во финалето ја победи Словачка со 47-46. Двете репрезентации се враќаат во А дивизијата. Во средбата за третото место Чешка ја победи Португалија. За МВП на првенството е прогласена нашата Јелена Антиќ. :vozbud:
 
Море добро е што извлековме и 9 место
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom