„Стандарт“: Македонија размислува за учество во „Белене“

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора да има извоз.
Тие 5 милијарди евра кои ќе се дадат за изградба на добра нуклеарка, ќе се вратат самите за 10 години.
Македонија треба да размислува како држава, не како некој пропалица и уличар, да се позајмува од ојле дојле.
 
Се е убаво,ама дали ке има извоз. Това е големото прашане. Сите држави на Балканот прават планови да не копуват струja. Да можат сами да задоволуват потрошувачката. Тогава каj ке продаваш таа струja,каj ке реализираш извоз?!

Тоа прашање постави си го сам на себе...кај вие ќе ја продавате струјата?
 
Тоа прашање постави си го сам на себе...кај вие ќе ја продавате струјата?

Имаме договор со Грциja и заштото барат нов пазар затова Србиja ке влезе со 4-6%.Преди години извезувавме и за Италиja и за Косово и за Албаниja,а и ние имаме да затвараме некои топлоцентрали.
Каj ке биде сега - ке видиме.
 
Еве што пише вестника Нова Македониja днес...


Најновата понуда од Софија за наше вклучување во изградбата на нуклеарната централа „Белене“ ги подели домашните експерти. За едни тоа е историска шанса, која не смее да се пропушти, додека други ја форсираат опцијата за сопствена нуклеарка. Кон втората варијанта понаклонета е и Владата, која веќе формира експертски тим, што треба да работи на развивање на нуклеарната опција.

За „Белене“ засега не се размислува, е краткиот одговор што го добивме од Министерството за економија. Од друга страна, идејата за изградба на нуклеарка во Мариово ги загрижува екологистите во државата.

- Во никој случај не треба да се размислува за нуклеарна опција. Ниту за наше вклучување во „Белене“, а уште помалку за изградба на нуклеарка во Мариово. Наместо тоа, Македонија треба повеќе да се сврти кон обновливите извори на енергија, добивање струја од сонцето, ветерот, водата, биомаса итн. - вели Тони Ристов, поборник на зелената опција. Според него, евентуалната изградба на нуклеарка во Мариово е штетна за биодиверзитетот во целиот регион. Температурата на водата на Црна Река ќе се покачи, што негативно ќе влијае на целокупниот жив свет во неа, додава тој.

Атанаско Туневски, професор на Машинскиот факултет, смета дека сега е идеална шанса за наше учество во проектот „Белене“. Според него, проектот за сопствена нуклеарка е чиста утопија.

- Прво таму нема вода за ладење, ниту пак Меѓународната агенција за атомска енергија ќе ни дозволи да градиме. Тоа е како да кажеме дека ќе бидеме светски прваци во рагби, а немаме ниту тим, ниту лига, ниту искуство за тоа. Македонија нема да има струја за пет години и треба на највисоко ниво да се оди и да се преговара за „Белене“ - вели Туневски.

Тој смета дека Македонија може да закупи 200-300 мегавати струја, за што ќе добие определен процент акции во „Белене“. Според процентот на купените акции, може да учествува и во управниот одбор со свој претставник.

- Ова е многу поевтино отколку да купуваме струја од увоз. Закупената струја ќе биде наша, исто како да сме купиле амбасада во Софија. Бугарија е дел од ЕУ и не треба да има никакви стравувања - појаснува Туневски.

Од дипломатски извори од Софија, пак, дознаваме дека сé уште не е одреден процентот на акции или удели што можат да ги купат другите држави.

Во моментов се подготвува финансиската рамка за целиот проект. Србија веќе изрази интерес за купување пет проценти од акциите во „Белене“, а дознаваме дека голем интерес има и кај другите држави. Од МАНУ, пак, сметаат дека сопствена нуклеарка е најдоброто решение за Македонија, што е сугерирано и во Енергетската стратегија на државата. Оттаму ги отфрлаат тврдења дека во Мариово нема да има вода за ладење на централата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71910101846&id=10&setIzdanie=22037
 
А што ќе направиме со 200-300 мегавати. Нема да го решат проблемот. Толку може да добиеме само од ХЕЦ Чебрен во Мариово. А инвестицијата би била околу 350 милиони. А треба да се земе предвид и цената на енергијата. Сигурно нема да е поевтина од таа произведена дома. Башка тоа Белане не се знае кога че се заврши. Ако се гради 20 години и не се до пола стигнати, уште колку че им треба за да го завршат?
 
А што ќе направиме со 200-300 мегавати. Нема да го решат проблемот. Толку може да добиеме само од ХЕЦ Чебрен во Мариово. А инвестицијата би била околу 350 милиони. А треба да се земе предвид и цената на енергијата. Сигурно нема да е поевтина од таа произведена дома. Башка тоа Белане не се знае кога че се заврши. Ако се гради 20 години и не се до пола стигнати, уште колку че им треба за да го завршат?
Реални градежни работи е имало само 1-2 години. Проблемот е таков,дека во краja на 80-те е проектирана со стара технологиja и е морало да биде 4 реактора по 1000 MW/h, а сега се преработва со друга технологиja на 2 реактора по 1000 MW/h.
15-16 години проекта е бил наполно заборавен и никоj не е мислил да гради...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom