Што вели Библијата за Мухаммед а.с

  • Креатор на темата Креатор на темата islam nur
  • Време на започнување Време на започнување
Исус не проповедал вера во исламскиот Алах, туку вера во библискиот Бог Јахве (Јехова). Тоа се различни концепти за бог.
А зарем Јехова е опишан како Бог кој има син и друг придружник како светиот дух ? Јехова бил опишан како Единствен Бог.
Едниот не може да се отелотвори во човечка форма, другиот може.
Живо ме занима каде стариот завет спомнува дека Бог ќе се отелотвори во човечка форма.
Едниот не го подржал својот пророк ниту со едно чудо, другиот ги подржувал своите пророци со чуда, знаци.
Многу себично од твоја страна да речеш дека Мухаммед с.а.в.с не направил никакво чудо. Хадисите зборуваат за многу чуда на нашиот најсакан пратеник.
Едниот вели не грешете, а другиот се симнува од небото и се справува лично со гревот.
Единствен Бог кој се симнува од небото за да се справи лично со гревот, е оној Бог кој го прикажува новиот завет. Значи спротивно на сликата на Бога, која ја дале другите пратеници.
 
А зарем Јехова е опишан како Бог кој има син и друг придружник како светиот дух ? Јехова бил опишан како Единствен Бог.

Да, Јехова е опишан токму така. Прочитај го стариот завет и ќе видиш.

Живо ме занима каде стариот завет спомнува дека Бог ќе се отелотвори во човечка форма.

Во псалмите, во Исаија. Прочитај ќе видиш.

Многу себично од твоја страна да речеш дека Мухаммед с.а.в.с не направил никакво чудо. Хадисите зборуваат за многу чуда на нашиот најсакан пратеник.

А што вели Куранот? Хадисите се подоцнежна традиција и самите вие велите дека не се веродостојни. т.е. кога ви одговара велите дека се веродостојни, а кога не ви одговара, тогаш не се.

Единствен Бог кој се симнува од небото за да се справи лично со гревот, е оној Бог кој го прикажува новиот завет. Значи спротивно на сликата на Бога, која ја дале другите пратеници.

Не бе, и Богот кој го прикажува стариот завет исто така Богот кој ветува дека ќе се симне од небото за да се справи лично со гревот. Прочитај го стариот завет и ќе видиш.
 
А што вели Куранот? Хадисите се подоцнежна традиција и самите вие велите дека не се веродостојни. т.е. кога ви одговара велите дека се веродостојни, а кога не ви одговара, тогаш не се.

И Куранот исто така зборува за расцепот на месечината. Чудо кое го извршил Мухаммед с.а.в.с !
Иначе си се запрашал некогаш кој освен Муслиманите верува во чудата на Исус а.с ?
Нормално и ја да не бев Муслиман сега ќе ти речев, кој бил сведок на чудата на Исус а.с ?
Кој, освен неговите другари ? И сето тоа преточено во Евангелија, кои поради преводот го изгубиле вистинското значење.
 
Не бе, и Богот кој го прикажува стариот завет исто така Богот кој ветува дека ќе се симне од небото за да се справи лично со гревот. Прочитај го стариот завет и ќе видиш.
може цитат за ова
 
:pos2: Сега сфаќам зошто има толку атеисти.
Па вие бе не сте чепнале Библија со рака.
Светите книги се пишувани од луѓе кои биле инспирирани од Бога !

Аха, инспирирани од Бога.
Во изливот на инспирација спомнат е некаде Мухамед во Библијата?

И да, не сум прочитал ни збор од Библијата и не планирам да го направам тоа. А камоли па со која било друга "света" книга. А камоли пак, камоли Куранот.

Добро е што Европа, а потоа и поголем дел од светот, своите верувања најчесто почнаа да ги базираат врз факти, докази...
Таква работа во Библијата, Куранот, ралигиите нема...
 
Не бе, и Богот кој го прикажува стариот завет исто така Богот кој ветува дека ќе се симне од небото за да се справи лично со гревот. Прочитај го стариот завет и ќе видиш.
Во контекст на ова сакам само кратко да се надоврзам.Целиот Стар завет буквално цело време го навестува отелотворувањето на Бог во човек.Сите Старозаветни пророци,метафорички (некогаш и не) укажуваат дека Бог ќе дојде на земјата за лично тој да се справи со гревот,односно да ги плати гревовите на целото човештво.
Е сега,Стариот Завет е малку пообемен и покомплициран од Новиот,па за да се разбере убаво навистина е потребен подолг период на систематско проучување на истиот така да ако само постира некој одреден стих не би било тоа-тоа.
Е сега конкретно за Мухамед...не сум баш сигурна дека во Библијата се спомнува тој.
 
Е сега конкретно за Мухамед...не сум баш сигурна дека во Библијата се спомнува тој.

Не си баш сигурна. А што те наведе да бидеш малку сигурна ? Ако може да посочиш, според кои цитати од Библијата.
Нормално ако сакаш.
 
Гледам ова е наведено како некој "јак аргумент" :“А ако му биде дадена на некој што не знае да чита,велејќи:”Читај го тоа”!–тој ќе одговори:”Не знам да читам”

Се прашувам колку луѓе знаеле да читаат пред 1400 години во 6 век?Кога само пред 100 години пола од светската популација биле неписмени.

http://users.erols.com/mwhite28/literacy.htm
 
Ај добро утро, очекувам да најдам Муслимани будни ова време, бидејќи се спремаат за утринската молитва, исто така за работа и тн.
Но слабо очекувам да сретнам христијани, отрезнети вака рано.
Цитатот од Библијата е упатен за пророкот кој бил најавен.
Знчи ќе му се даде книга на некој што не знае да чита.
 
Едноставно,вчера во дадениот момент не можев да се сетам на ниту една конкретна ситуација во Библијата во која се спомнува Мухамед.Затоа реков дека не сум баш сигурна.
АКо ти знаеш во кој дел од Библијата има такво нешто,слободно посочи ми на мене и на останатите.
 
Очекувам докази, т.е. цитати каде се спомнува Мухамед во Библијата. Или каде се навестува за него...
Инаку, ништо од насловот на темата.
 
Очекувам докази, т.е. цитати каде се спомнува Мухамед во Библијата. Или каде се навестува за него...
Инаку, ништо од насловот на темата.

И јас баш ова го чекам.Сакам некој да постира нешто такво.
 
“Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, како што си ти,Ќе ги положам своите зборови во неговата уста,за да им каже се што ќе му заповедам”

Во книгата на Изаија 29 стих 12,читаме:

“А ако му биде дадена на некој што не знае да чита,велејќи:”Читај го тоа”!–тој ќе одговори:”Не знам да читам”

И јас баш ова го чекам.Сакам некој да постира нешто такво.

..........
 
А името „Мухамед„, дека е? Вака, поимот „пророк„ били кој може да го чита на свој начин и под „пророк„ било кој може да се види дури себе си. Но, на форумов, повеќе пати е (пре)повторено кој е тој пророк, па кој сака, нека чита.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom