Прегледај го приврзокот 31595
Ајде уште 3 сати ...
Ситуацијата е максимално напалена, ќе биде тежок натпревар.
Самуел ако не игра ќе биде добро, оти многу слаба одбрана ќе имаат Аргентинците, па и Хајнце незнам како ќе се снајде против младиот Милер, Клосе ќе ги замара Демихелис и Бурдисо.
Најважно е Меси да се запре некако, Швајни и Кедира ќе се занимваат со тоа, и Ди Мариа и Макси да се изолираат само на страните.
Каква ќе биде тактиката на Јоги овој пат ќе видеме, дали ќе игра бавни напади и ќе ја чува топката, дали ќе нападнат или дали ќе се бранат и ќе чекаат на контри.
Маскерано исто така е клучен, ако не успее да го чува Оезил добро, мислам дека ќе има спектакл. Во одбрана ќе се трансформираме во 4-5-1, со Клосе кој ќе се враќа назад, а Оезил ќе притиска сам на противничка одбрана.