Уругвај-Гана 1/4 финале 2 јули

  • Креатор на темата Креатор на темата *phoenix*
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    44
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Како што сите знаете на 2 јули ќе се одигра четврт финалниот меч помеѓу Уругвај и Гана.Мене лично ме изненади селекцијата на Уругвај бидејќи не очекував да стигнат до овде.Гана и баш и не ме изненадиа бидејќи имаат добри и млади играчи но сепак искуството не е на нивна страна.Со сигурност ќе гледаме добар и отворен фудбал од двете страна со многу голови и шанси.
 
Гана ке ја брани честа на Африка. :icon_bigg

Шала на страна..Гана имаат добар тим,и верувам дека ке ги победат Уругвајците кои воопшто не се за потценување.
 
Многу тежок натпревар...е тука веќе стварно незнам што ќе се случи?!:raz:
 
Ќе гласам и навивам за Гана. Заслужуваат да одат понатаму.
 
Ќе гласам и навивам за Гана. Заслужуваат да одат понатаму.

Исто. Им посакувам едноставно да одат за Африка. После сите срања што ги имаат преживеано низ векови нека се порадуваат малку и тие!

Но реално Уругвај е топ тим во секој случај и сепак влегува како фаворит. Само 1/4 финале е и богами ама баш се е можно...
 
Уругвај.. Сеа се што сакам е шампионот да биде од оваа страна на ждребот, а да не биде Бразил :)
 
Тука иде Уругвај понатаму!!Гана некако ептен слабо ми игра..А Уругвај е доста појак,типувам Уругвај да пројде..Резултат 2-0 .. :)
 
Ако заслужат нека одат Гана, овие на времето се радувале, и тоа па на почетоците од СП.
 
Добар тим имаат Уругвајците....мислам дека тие ќе одат во 1/2 финале......
 
Доста интересен натпревар, по долка пауза Уругвај се враќа на старите патеки!!! Мој тип Уругвај ќе ја победи Гана!!!
 
1:0 или 2:0 за Уругвај.

типувам икс у кец
 
Uruguay idi ponatamu.
 
Баш би сакал да оди гана понатаму, но гледано реално уругвај има појќе шанси
 
Некако Уругвај ми стои поспремна екипа,а и “позвучна“ :)).Очекувам да победи и да игра у полу финале со Холандија:)):tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom