A dali se znae kolku vreme ke trae taa bura?Procitav sest meseci...
ако е така (6 месеци) нека биде... ионака планетава е пренаселена... за тој временски период, сигурно ќе се намали бројката за барем една третина...
инаку, јас лично не верувам дека нешто екстра ќе се деси со таа сларна бура... не верувам дека баш ќе дојде момент кога мобилни, телевизори, телфони и сета електроника ќе изгори т.е. ќе прегори. сите тие електроники се составени од крти материјали кои имаат одредена функција на пренос на сигнали. значи почнувајки од отпорник, интегрално коло, транзистор, кондензатор, диода, разно разни полупроводници, диодни дисплеи и бла бла бла, се тоа се елементи кои без електрично напојување се обични пасивни елементи, на кои ниту магнетни бранови, ниту вода не им можат ништо ако нема проток на струја низ нив...
еве пробајте, земете некој постар телефон-мобилен што не ви треба... или безжичен телефон... извадете му ја батеријата за да нема напојување никакво. брцнете го во вода и нека стои слбодно и 1 недела под вода. може и 1 месец ако сакате... после тоа извадете го, расклопете го и исушете го... склопи го и стави му ја батеријата, он ке работи како ништо да не било, или наместо расклопи-склопи остави го на силно сонце 5 дена да стои... истото пробајте го до некој МНООООООГУ јак магнет... ставете го без напојување до каков сакате магнет. кога ќе го тргнете од местото, ставете му батеријата и он ќе си работи... е сега, незнам како ќе реагираат дисплеите на магнетните бранови, ама електрониката дефинитивно нема да има никаков квар...
немој сега вие да ги земете телефоните што ги користите и да пробувате... ова е само како практично знаење и сопствено мислење го пишав. секој што ќе си експериментира, нека го прави тоа на свој ризик...