Сува коса

  • Креатор на темата Креатор на темата daydream
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2008
Мислења
104
Поени од реакции
3
ako znaete nekoj sampon kvaliteten koj moze da se spravi so suva kosa i oformuvanje na ubavi lokni ve molam pisete... ... moze i nekoja prirodna maska ili nesto sto go ima po aptekite. :smir:
 
Субрина не ти врши работа?
 
Gliss спрејот од швартскоп за сува коса, шаума шампонот за сува коса, хед ен шолдерс сите шампони ја прават косата сјајна, пантен регенераторот е закон. И има маска што се става на водена коса и после пола сат се мие. Незнам како се викаат ама ги има скоро во сите поголеми продавници.
 
Gliss спрејот од швартскоп за сува коса, шаума шампонот за сува коса, хед ен шолдерс сите шампони ја прават косата сјајна, пантен регенераторот е закон. И има маска што се става на водена коса и после пола сат се мие. Незнам како се викаат ама ги има скоро во сите поголеми продавници.

Не ми се впушта многу во дискусија поради природата на топикот, ама не гледај само реклами, пример хед енд шолдерс ептен ја суши кај повеќето, како изгорена ја прави, а и кај многу ствара прша. А за маски, имам користено од бадем една, незнам точно што марка, ама ептен ја омекнува косата. А ова црвеното од Субрина појма немам шо е, крадам од мајка ми и ептен ја омекнува. И фино мириса. Лалалала.. зборам за мирис и маски за коса. Убичусе. :)
 
Не ми се впушта многу во дискусија поради природата на топикот, ама не гледај само реклами, пример хед енд шолдерс ептен ја суши кај повеќето, како изгорена ја прави, а и кај многу ствара прша. А за маски, имам користено од бадем една, незнам точно што марка, ама ептен ја омекнува косата. А ова црвеното од Субрина појма немам шо е, крадам од мајка ми и ептен ја омекнува. И фино мириса. Лалалала.. зборам за мирис и маски за коса. Убичусе. :)

Јас да ствара "рпша" :D али ја прави сјајна со цена шо одма ја мрси.
 
ako znaete nekoj sampon kvaliteten koj moze da se spravi so suva kosa i oformuvanje na ubavi lokni ve molam pisete... ... moze i nekoja prirodna maska ili nesto sto go ima po aptekite. :smir:

Има посебни шампони за виткана коса, знам дека "Revlon“ имаа цела колекција за виткана коса, ама не знам каде би можела да најдеш. Во аптеки ја нема, и чисто информативно не е баш ефтина. Шампонот од 200 мл. мислам дека беше околу 400 денари.
Секако, квалитетот е одличен, само дали ќе решиш да дадеш толку пари за шампон.
 
Има посебни шампони за виткана коса, знам дека "Revlon“ имаа цела колекција за виткана коса, ама не знам каде би можела да најдеш. Во аптеки ја нема, и чисто информативно не е баш ефтина. Шампонот од 200 мл. мислам дека беше околу 400 денари.
Секако, квалитетот е одличен, само дали ќе решиш да дадеш толку пари за шампон.

Ова сигурно помага?
Јас имам премногу сува и оштетена коса од секојдневно пеглање веќе 6 години, а природно ми е многу виткана. Има шанси повторно да ми биде во локни со Ревлон, а не како сега, ни права ни виткана?
 
ako znaete nekoj sampon kvaliteten koj moze da se spravi so suva kosa i oformuvanje na ubavi lokni ve molam pisete... ... moze i nekoja prirodna maska ili nesto sto go ima po aptekite. :smir:

Фруктис шампон за првут.Се зачудив колку косата ми беше свилена и мазна.
 
А си пробала со шампон со екстракти од зејтин, „Зејтинан“ се вика !? :icon_lol:
 
За шампон не можеш да знаеш додека не испробаш сам, затоа што кај секој делува различно. Од оние што јас сум ги пробала.. било за виткана или права коса, Dove и Nivea имаат најдобри шампони.
А маска, оние кои јас ги користам и делуваат, за сјај, а и ја прават косата помека - Genera beauty.
Италијанска маска за коса од 500 ml. Не е многу скапа, ја има во поголемите маркети, како оној во Рамстор. Јас ја имав оваа портокаловава од кокос и зелена од билки и многу сум задоволна (:

Genera_Beauty_Crema_Rigenerante_Maschera_all_Olio_di_Cocco__1300035.jpg


А имаше и негде сам да си направиш маска од жолчка од јајце со маслиново масло, кое многу помага за регенерирање.. ама стварно не знам како се спремаше таа каша :icon_lol:
 
Пеглањето си го направило своето. И јас редовно ја пеглам ама затоа дома имам триста препарати за коса а и редовно практикувам природни маски за кои рецепти барам на интернет. Не очекувај дека по 6 години пеглање ке можеш на косата да и го вратиш стариот сјај, а камо ли кадриците зашто косата ти се навикнала на пеглање и не е толку лесно да ја одвикнеш,. И јас имав кадрава коса ама од редовно пеглање ми се исправи малку и сега ми е НИКАКВА хаха. Јас би ти препорачала да ја пробаш маската од Гарниер, кај мене таа најмногу делуваше, а како што видов во претходните коментари кај шо имаше за Глис спрејот и за Шаума немаат врска, од Пантен прочитав неодамна во весник дека на некое девојче му опаднала косата ради тоа што содржел некоја јака хемикалија незнам како се викаше. Најискрено шампонот од бреза и од коприва оние старите шампони што се продаваат по цело кило даваат најмногу ефект и ја зацврстуваат косата ама искрено, зашто за овие скапиве само ќе си ги испофрлаш парите а ефектот ќе биде краткотраен
 
Сувата коса е крута, без сјај, лесно се кине, врвовите на влакната брзо расцветуваат и често наликуваат на слама. Освен тоа сувата коса може да предизвика и првут.

ШТО ЈА ПРАВИ КОСАТА СУВА?

Сувата коса може да биде наследна или да биде резултат од надворешни фактори како силни хемикалии, бојадисување, често исправување или виткање на косата со преса, хлорот во базените, предолго изложување на сонце и сл. Затоа обидете се да ги елиминирате овие штетни влијанија.

СОВЕТИ ЗА НЕГА НА СУВАТА КОСА

Не претерувајте со шампонот. Честото миење на косата со шампон може да е причината за тоа што вашата коса е сува. Многу луѓе веруваат дека само премногу чистата коса е здрава и убава и поради тоа ја мијат еднаш или два пати дневно. Но, многу често шампоните содржат силни хемикалии кои што ги одземаат природните масла на косата и премногу го сушат влакното.
Бидете нежни. Сувата коса е најсклона кон кинење, па затоа треба да бидете внимателни. Додека ја миете со шампон бидете нежни и не ја тргајте силно за да ја расплетете. Не ги употребувајте ноктите додека го миете скалпот. Масирајте го скалпот само со помош на врвовите на прстите.
Чешлајте ја косата помалку, затоа што прекумерното чешлање ја прави послаба и полесно се кине.
Употребувајте регенератор. На сувата коса очајно и е потребен регенератор. Купувајте производи кои што содржат многу малку или воопшто не содржат алкохол. Алкохолот дополнително ја суши косата и поради тоа треба да се избегнува неговата употреба. Најчесто регенераторите со многу нежна арома или регенераторите без мирис, имаат најмалку алкохол во нивниот состав.
Чешлајте ја помалку. И покрај тоа што повеќето луѓе сметаат дека колку повеќе ја чешлаат косата таа ќе биде поубава, прекумерното чешлање ја прави косата по слаба и полесно се кине. Секогаш чешлајте ја косата внимателно и никогаш кога е влажна. Изберете си убава четка за коса.
Правете си масажа на скалпот. Еден од начините да ги стимулирате масните жлезди на скалпот е да го масирате додека ја миете косата со шампон. Масирајте внимателно со врвовите на прстите.
Избегнувајте го жешкото. Носете капа ако се изложувате подолго на сонце. Исправувањето и виткањето на косата со преса или фигаро дополнително ја суши косата. Избегнувајте ги колку што можете. Сушете ја косата со фен на најниска температура. Држете го фенот на растојание од 15cm од вашата коса. Никогаш не се задржувајте на еден прамен подолго од 15 секунди.

ДОМАШНА НЕГА НА СУВАТА КОСА

За да ја негувате вашата сува коса не треба да заминете подалеку од вашата кујна. Еве неколку совети како да ја искористите храната, за да заблеска вашата коса.

Оцет. Оцетот може да ѝ помогне на сувата коса на неколку начини. Тој е одличен како регенератор, затоа што ја прави косата посјајна. За целта искористете една супена лажица оцет додека ја миете косата.
Оцетот помага и во отстранувањето на првутот – масирајте го скалпот со оцет неколку пати неделно пред да ја миете косата. Можете да додадете 1/4 чаша оцет во леген со вода и да ја потопите косата во него.
Авокадо и банана. Смешајте испасирани авокадо и банана и нанесете ја смесата на косата. Оставете ја да дејствува 1 час и измијте ја косата со топла вода.
Пиво. Откако ќе ја измиете косата, навлажнете ја или испрскајте ја со пиво. Тоа ќе ѝ даде убав сјај.
Јајца. Јајцата се одлични за нега на сува коса. Смешајте 3 јајца со две супени лажици маслиново масло и рамномерно нанесете ја смесата на косата. Ставете си најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути. Потоа измијте ја косата со шампон.
Мајонез. Нанесете на косата една супена лажица мајонез и поставете ја косата во најлонска капа. Почекајте 30 минути и измијте ја темелно со шампон.
Маслиново или кокосово масло. Намачкајте го скалпот со маслиново или кокосово масло, ставете најлонска капа и оставете го да делува во текот на ноќта. Наутро измијте ја косата со шампон
 
ako znaete nekoj sampon kvaliteten koj moze da se spravi so suva kosa i oformuvanje na ubavi lokni ve molam pisete... ... moze i nekoja prirodna maska ili nesto sto go ima po aptekite. :smir:

Ќе пробам да ти помогнам иако сум машко, бидејќи имам долга коса на која посветувам доста внимание и нега.
Прво: Пегла исфрли од употреба во следните неколку месеци. Косата ти се претвора во слама и наликува на метла, што верувам дека не ти е баш по ќеф. Не менувај воопшто шампон затоа што промената води до честа појава на првут (совет од повеќе бербери).
Второ: Земи Wash and go, тој за сува коса што е. Користи го три месеци минимум, само тој. Косата миј ја два пати со шампон, а помеѓу шампонирањето добро измиј ја со сапун (да, сапун за миење раце). Тоа е пред се заради квалитетот на влакното и самата цврстина, ти кажувам од мои искуства.
Трето: Со фенот немој да претеруваш, не ја суши цела, нека останат и влажни делови кои ќе се исушат сами. Не ја гори косата без потреба, висока температура е нешто што најмногу и штети.

П.С. Затоа што е зима, ништо чудно и да се „митариш“, односно повеќе да ти опаѓа косата од обично и да има изгубено на квалитет (и квантитет во мојот случај). Сепак, придржувај се до погорните три правила, на пролет ќе имаш коса прва класа. :)
 
Elseve спреј. Не се мие, ставаш на сува коса, расчешлуваш и пичиш...Откако почнав да го користам мислам дека и со Бонукс да ја мијам косата, откако ќе ставам спреј, ќе се оправи.
 
Исто добар е спрејот од шварцког, стварно добра работа пошто има масло во него. Во принцип било кое масло (само да не е рафинирано) е добро за сува коса. И не се секирајте дека ќе остане после миењето мрсна, молекулите на природните масла се преголеми за да навлезат во порите (ова важи и за кожата на лицето), нема шанси маслото да ви наштети.
Јас користам бадемово масло, кога немам заменувам со маслиново. Само маслиновото смрди, а бадемовото мириса неверојатно убаво. Кокосово масло е многу тешко да се најде.

Ова што погоре го пишува за чешлањето не ми е баш логично. Чешлањето на косата го стимулира лачењето на природни масла на косата кои ја прават повитална и сјајна што е баш добро за сува коса. Само секогаш прво чешлајте ги врвовите после цела коса, така помалку се кинат влакната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom