THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека веќе е сигурна изградбата на гасоводот во земјата и оти се добиени гаранции за изградба на хидроцентралата Бошков мост, а се работи и на изградбата на хидроцентралите Луково поле, Чебрен и Галиште.
- Овие инвестиции како пакет се веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката од нашата независност до денес. Сите се веќе високо извесни, значи сигурни, и од тој аспект сериозно ќе влијаат на порастот на економијата и на БДП додека се градат, оцени премиерот.
Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателопт на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку занчајни работи за изградба на гасоводот.
- Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.
- Добивме исто така гаранции од Европската банка и од Европската инвестициона банка за финансирање на проектот Бошков мост, кој многу брзо би требало да се подготви и да се почне со градба, се надевам следната година. Во длабока фаза се разговорите и со позитивен сигнал од Светската банка за изградба на хидроцентралата Луково поле. Трет значаен проект се хидроцентралите Чебрен и Галиште, кои се во фаза на процедура на барање концесионер. Се очекува до крајот на ова лето да го дознаеме концесионерот, најави премиерот.
Овие инвестиции, според него, сериозно ќе влијаат на економијата и на БДП. - Само Чебрен и Галиште додека се градат ќе има влијание за раст од два отсто на БДП, дополнително Бошков мост, Луково поле, изградбата на инфраструктура за гасификацијата...сите заедно ќе имаат сериозно влијание на растот на економијата и на отворање нови работни места, оцени Груевски.
Претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен-темелник на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека со ребалансот на Буџетот се прави кратење на многу позиции, но оти е внимавано да не запре ниту еден капитален проект.
- Можеби некои од нив само малку ќе забават, но сите остануваат во плановите за завршување. Сите проекти ќе бидат завршени, само малку ќе се раздолжи времетраењето на нивното завршување. Освен кај делот на капитални проекти, скратено е и во делот на материјални трошоци, и на други позиции. Извршивме и намалување на платите на министрите и на замениците министри и на некои други државни функционери за да покажаеме дека во овие тешки времиња ние сериозно и одговорно го разбираме скратувањето на средствата, изјави Груевски.
Премиерот демантираше дека Владата им должи на градежниците 600 милиони денари.
- Износот кој А1 телевизија го изнесе дека им должиме 600 милиони на градежниците е целосно неточен. Колку што разбрав тој износ е пласиран од поранешен министер, човек кој пред 17 години кратко време беше министер за финансии. Сумата е целосно неточна и е многу далеку од вистината. Ние се трудиме на сите навреме да им плаќаме, иако некогаш има мали задоцнувања, но за кратко време се средуваат тие работи. Тоа може директно да го проверите во фирмите со кои соработуваме, рече премиерот.