Груевски: Се очекува најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
feruhoo33_19738.jpg

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека веќе е сигурна изградбата на гасоводот во земјата и оти се добиени гаранции за изградба на хидроцентралата Бошков мост, а се работи и на изградбата на хидроцентралите Луково поле, Чебрен и Галиште.

- Овие инвестиции како пакет се веројатно најкрупниот пакет на инвестиции во енергетиката од нашата независност до денес. Сите се веќе високо извесни, значи сигурни, и од тој аспект сериозно ќе влијаат на порастот на економијата и на БДП додека се градат, оцени премиерот.

Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателопт на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку занчајни работи за изградба на гасоводот.

- Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.

- Добивме исто така гаранции од Европската банка и од Европската инвестициона банка за финансирање на проектот Бошков мост, кој многу брзо би требало да се подготви и да се почне со градба, се надевам следната година. Во длабока фаза се разговорите и со позитивен сигнал од Светската банка за изградба на хидроцентралата Луково поле. Трет значаен проект се хидроцентралите Чебрен и Галиште, кои се во фаза на процедура на барање концесионер. Се очекува до крајот на ова лето да го дознаеме концесионерот, најави премиерот.

Овие инвестиции, според него, сериозно ќе влијаат на економијата и на БДП. - Само Чебрен и Галиште додека се градат ќе има влијание за раст од два отсто на БДП, дополнително Бошков мост, Луково поле, изградбата на инфраструктура за гасификацијата...сите заедно ќе имаат сериозно влијание на растот на економијата и на отворање нови работни места, оцени Груевски.

Претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен-темелник на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека со ребалансот на Буџетот се прави кратење на многу позиции, но оти е внимавано да не запре ниту еден капитален проект.

- Можеби некои од нив само малку ќе забават, но сите остануваат во плановите за завршување. Сите проекти ќе бидат завршени, само малку ќе се раздолжи времетраењето на нивното завршување. Освен кај делот на капитални проекти, скратено е и во делот на материјални трошоци, и на други позиции. Извршивме и намалување на платите на министрите и на замениците министри и на некои други државни функционери за да покажаеме дека во овие тешки времиња ние сериозно и одговорно го разбираме скратувањето на средствата, изјави Груевски.

Премиерот демантираше дека Владата им должи на градежниците 600 милиони денари.

- Износот кој А1 телевизија го изнесе дека им должиме 600 милиони на градежниците е целосно неточен. Колку што разбрав тој износ е пласиран од поранешен министер, човек кој пред 17 години кратко време беше министер за финансии. Сумата е целосно неточна и е многу далеку од вистината. Ние се трудиме на сите навреме да им плаќаме, иако некогаш има мали задоцнувања, но за кратко време се средуваат тие работи. Тоа може директно да го проверите во фирмите со кои соработуваме, рече премиерот.
 
Тоа Чебрен и Галишта 60 години се градело така викаат, на местото барем лопата некоја да фрлеа не ќе беше лошо.
 
Добро е што е вклучена и Македонија во Јужен поток..... иако мислам дека требаше да имаме поголем удел.
 
Добро е што е вклучена и Македонија во Јужен поток..... иако мислам дека требаше да имаме поголем удел.

Епа за тие пари што ни ги должи Русија од тој договорот ( му го заборавив името де ) ќе ги стави Русија како Македонија да ги инвестирала во Јужен поток, доста е и толку.
 
Епа за тие пари што ни ги должи Русија од тој договорот ( му го заборавив името де ) ќе ги стави Русија како Македонија да ги инвестирала во Јужен поток, доста е и толку.
Битно е ние да имаме корист, па можат да прават комбинации колку што сакаат. :)
 
Епа за тие пари што ни ги должи Русија од тој договорот ( му го заборавив името де ) ќе ги стави Русија како Македонија да ги инвестирала во Јужен поток, доста е и толку.

Клириншкиот долг е патем тоа. Иначе, конечно че се гасифицираме. Ајде аирлија, само сакам да видам дела, не само идеи и планови.
 
Aj да видиме и тоа чудо..тој Клириншки долг ни го обеќаат 20 години Русите
 
Сево ова звучи убаво и до некаде изводливо па се надевам дека ќе испадне нешто :)
 
Клириншкиот долг е патем тоа. Иначе, конечно че се гасифицираме. Ајде аирлија, само сакам да видам дела, не само идеи и планови.
Колку знам дела нема никаде ( само да се сликаат ) . А ако покажат нешто би било добро
 
Ќе има лопати пред избори :)

Нормално,потоа ќе се прекрстат во партија на лопатари.Цела земја ни ја прекопаа,им ја земаа работата на земјоделците,барем да ги научеше некој и да засадат нешто,ќе имавме аир :)
 
Нормално,потоа ќе се прекрстат во партија на лопатари.Цела земја ни ја прекопаа,им ја земаа работата на земјоделците,барем да ги научеше некој и да засадат нешто,ќе имавме аир :)

Абе нека средат таму кај што започнаа, стварно нема смисла ова...

http://www.vest.com.mk/?ItemID=98976F3727EF0B4FBE5CC8843950F1F2

СО РЕБАЛАНСОТ СЕ ШТЕДИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА ИМУНИЗАЦИЈА
Скратени парите за вакцини
Со ребалансот на Буџетот парите за бесплатната вакцинација од 375 милиони денари се скратени на 281 милион денари, што значи дека со 30 отсто помалку пари или ќе се купат помалку вакцини или ќе се набават поевтини
Министерството за здравство годинава ќе даде 100 милиони денари помалку за задолжителните вакцини. Со ребалансот на Буџетот, парите за редовна имунизација од 375 милиони денари се скратени на 281 милион денари. Тоа значи дека со 30 отсто помалку пари или ќе се купат помалку вакцини или ќе се набават поевтини. Тендерот за набавка на овогодинашните вакцини е закажан за 5 јули.
Ресорното Министерство призна дека парите се скусени, но нивното објаснување е дека тоа е поради изземањето на новововедената ХПВ вакцина од овој тендер.
"Единствено намалување има во делот за набавка на нова количина на ХПВ вакцината, бидејќи во моментов има доволен број ХПВ вакцини и до крајот на 2010 година нема потреба да се купуваат нови вакцини", објаснуваат од Министерството за здравство.
Извори од здравствените домови велат дека ХПВ вакцината ни годинава, ниту лани не влегла во Програмата за задолжителна имунизација, па сега да може тие пари да се скратат. Лани во мај Владата одлучи дека оваа вакцина ќе се стави на 15.000 девојчиња во три дози и за тоа плати 3,5 милиони евра. Истите вакцини останаа да се ставаат на девојчињата годинава.
Истите извори тврдат дека двете новововедени вакцини од лани, за рак на грло на матка и за грип, воопшто не се платени и дека Министерството за нив должи пари.
Ваквата состојба, коментираат по здравствените домови, може да доведе до пад на квалитетот на сите бесплатни вакцини, оти поради долговите фирмите нема да се нафатат да дистрибуираат нови залихи.
Со новиот тендер ќе се обезбедат околу 15-ина различни типови вакцини кои мора да се примат и се бесплатни за пациентите. Вакцинацијата почнува од септември. (А.Ст.)

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Абе еден куп пари фрлија за кампањата трето дете, сега децава ќе ги фрлат на улица. Или со вакцините неможе да се направи успешна кампања ???
 
Абе, или то или то, не е важно, важно е дека че не умрат кај да е и тоа од болести за кои е смешно денеска да умреш.
 
Паралелни светови

Што е патетично огранокот на владеачкава партија испечати распореди за светското првенство во Африка и ги делеше бесплатно значи не припремаат за Африка

http://www.computerworld.co.ke/articles/2008/12/16/rwanda-installs-internet-kiosks-nationwide

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AFDF2415BF75DC4FBADD20B9F517096E

Дека сме за Африка е повеќе од видливо, еве одат и во Мароко, па потоа ќе одат да го решат ...проблемот со...Палестина...?..
Инаку средства за инфраструктурални објекти има во Еевропа и најлесно се доаѓа до нив, но изгледа малку останува во нечии џепови - такаречи ништо.А за парите се работи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom